Во грчкиот Парламент доставени три договор со Македонија, Ципрас очекува 158 „извини" од пратениците на НД - Канал 5

Во грчкиот Парламент доставени три договор со Македонија, Ципрас очекува 158 „извини" од пратениците на НД

Станува збор за три меѓународни договори.

Во грчкиот Парламент доставени три договор со Македонија, Ципрас очекува 158 „извини" од пратениците на НД

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, се трите потпишани меморандуми меѓу Македонија и Грција што произлегуваат од Договорот од Преспа, а веќе се доставени во грчкиот Парламент и откако ќе ги поминат предвидените процедури, ќе треба да бидат ратификувани, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за три меѓународни договори, два од Министерството за надворешни работи на Грција, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна, а сега, во грчкиот Парламент се донесени како предлог закони од надлежните грчки министри.

Предлог законите имаат два члена, во првиот се Меморандумите во целина, а вториот се однесува на стапувањето во сила, односно по неговото објавување во Службен весник на Грција, откако претходно ќе биде ратификуван од Парламентот.

Откако беа доставени (на 14 и 15 септември), следниот чекор е да бидат разгледани на Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања, а откако пратениците членови на комисијата ќе дадат зелено светло, ратификацијата ќе се најде на седница на Парламентот.

Согласно седмичната програма на грчкиот Парламент, трите предлог закони, оваа седмица не се на дневен ред на надлежната комисија.

Со оглед на тоа дека се први што доаѓаат по промената на власта во Грција, од опозициската СИРИЗА, кога ратификацијата ќе биде на дневен ред во Парламентот, ќе побараат јавно гласање, со прозивање на сите пратеници, нешто што вчера го потврди и лидерот на партијата Алексис Ципрас, велејќи дека очекува гласањето на пратениците од Нова демократија, да биде и извинување за нивната опозициска реторика за Договорот од Преспа.

– Секој еден глас од 158 што ги има владејачката партија, секој од 158-те пратеници со својот глас, ќе дава и едно извинување. Очекуваме 158 извинувања. Извинување за поделбата, извинување за лагите, извинување за измамата, извинување за хистеријата, извинување за нападите, извинување за куршумите до министрите и пратениците од СИРИЗА, извинување за подметнувањето пожари пред нивните домови, извинување за мизеријата што се случи пред две години. И, пред сè, извинување за измамата на обичните граѓани, на кои им рекоа дека СИРИЗА ја предава Македонија, рече Ципрас.

ЕУ перспективата на Македонија, македонско – грчката економска соработка и надгледувањето на воздушниот простор пред Парламентот

Трите предлог закони, непосредно пред работната дводневна посета на премиерот на Македонија на Грција и средбите со грчкиот државен врв, беа доставени до Парламентот, а дописничката на МИА од Атина, ја пренесува нивната содржина.

Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија", меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања Бујар Османи.

Меморандумот за соработка, како што пишува во извештајот доставен до грчкиот Парламент, „ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи, како и за гарантирање на грчките интереси во Република Македонија и целосно во регионот, во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан".

Самиот меморандум, содржи пет члена што се однесуваат на поттикнување на билатералната соработка; соработката во политичките, економските, технолошките и културните аспекти на процесот на интеграција на Македонија во Европската унија; формирање Заеднички комитет за размена на идеи и предлози и изготвување акциони планови во вториот семестар од секоја година; разгледување на можностите за финансирање на програми за соработка и акциони планови, а последниот член се однесува на постапките за стапување во сила и раскинување на Меморандумот за соработка

Предлог законот за ЕУ перспективата на Македонија е потпишан од министрите за финансии, надворешни и внатрешни работи на Грција, како и од алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

Вториот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Грција и Владата на Република Македонија за формирање Координативен комитет за економска соработка".

Според извештајот за предлог законот, меморандумот, „ќе придонесе за унапредување на билатералните економски односи".

Конкретниот меморандум е потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашниот вицепремиер и министер за финансии на Грција Јанис Драгасакис и тогашниот вицепремиер надлежен за економски прашања Кочо Анѓушев, а има осум члена што се однесуваат на начинот на функционирање на конкретниот комитет.

Согласно потпишаниот меморандум, Комитетот за економска соработка ќе брои 18 членови, по девет од секоја страна, кои треба да бидат соопштени во рок од 30 дена по стапувањето во сила.

Ќе има за цел да ја координира билатералната економска соработка и да поттикне поблиска соработка меѓу економските комори на двете земји, а првиот состанок ќе треба да биде свикан од заменик-претседателот на Владата на Македонија, во рок од 30 дена од стапувањето на сила на меморандумот.

Предлог законот за економската соработка е потпишан од министрите за финансии, развој и инвестиции и надворешни работи на Грција.

Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Република Грција и Министерството за одбрана на Република Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)", се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони и беше потпишан на 30 септември 2019 година во Скопје.

Надзорот ќе го вршат авиони Ф-16 и М-2000 од грчкото Воено воздухопловство.

Согласно доставените документи во грчкиот Парламент, процените се дека надзорот на нашиот воздушен простор од грчките воени авиони, Грција ќе ја чини 35.255 евра годишно за одржување, гориво, и слично, од кои 12.950 евра се за Ф-16, а 22.305 евра за М-2000.

Предлог законот за надзор на воздушниот простор е потпишан од министрите за финансии, за надворешни работи, за безбедност и за правда на Грција.

Трите предлог закони се и првите што доаѓаат во грчкиот Парламент по промената на власта во Грција.

Кусо пред европските и локалните избори во Грција во 2019 година, грчките пратеници гласаа за договорите што произлегоа по потпишувањето на Договорот од Преспа, а се однесуваа на отворање на нови гранични премини меѓу двете земји, како и за подигнувањето на Канцеларијата за врски во Скопје на ниво на амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.

Законите беа ратификувани, но не и со гласови од пратениците од Нова демократија, со оглед на тоа што, како опозиција беа против Договорот од Преспа и воопшто не ги поддржуваапак спогодбите што произлегуваат од него.

Токму затоа, сега, од СИРИЗА ќе бараат гласањето за трите меморандуми да биде јавно, со прозивање на секој пратеник. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развоj - 10 Ноември оваа година го одбележуваме со видливи резултати во научно-истражувачката дејност. Ова го нотира и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата за 2026 со оценката дека е направен добар прогрес во остварување на целите од Акцискиот план на Стратегијата за паметна специјализација, со основањето и ставањето во функција на Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво ИНОВА, но и со продолжувањето на учеството во европски програми за наука и иновации.

Резултатите ја покажуваат посветеноста на Владата и на Министерството за образование и наука кон поттикнување на научните истражувања и иновациите.

Имаме јасна цел: да ги зајакнеме капацитетите за научно-истражувачка дејност и да го зголемиме влијанието на научно-истражувачките резултати врз општеството и економијата. Ова го поддржуваме преку континуиран раст на буџетот за наука, за да осигуриме дека научната заедница има ресурси и поддршка што ѝ се неопходни.

Овогодинешниот буџет изнесува рекордни 773 милиони денари, што е скок во споредба со 680-те милиони денари минатата година и повеќе од двојно зголемување во однос на 380-те милиони денари издвоени пред две години. И резултатите се опипливи. Минатата година поддржавме околу 50-тина двогодишни научни проекти, што се сега во завршна фаза.

Презедовме конкретни активности поврзани со потребата за зголемена научна продукција. Обезбедивме бесплатен пристап до главните глобални научни бази на податоци „Web of Science“ и „Scopus“ за нашите научници и академски професори. Ги покриваме трошоците за објава на научни трудови во списанија со импакт фактор, за организација на домашни и за учество на меѓународни научни конференции, ги покриваме трошоците за објава на зборници.

Системски инвестираме во наука и ги отстрануваме бариерите за да можат нашите научни работници да се натпреваруваат и да соработуваат глобално, а нивните резултати да можат да донесат вистинска вредност дома.

Наш стратешки приоритет останува забрзан развој на науката и подобро позиционирање македонските универзитети на глобалните ранг-листи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп застана во одбрана на Хегсет од обидот за импичмент

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на министерот за одбрана Пит Хегсет, против кого конгресмени од Претставничкиот дом иницираа импичмент.

Трамп застана во одбрана на Хегсет од обидот за импичмент

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на министерот за одбрана Пит Хегсет, против кого конгресмени од Претставничкиот дом иницираа импичмент поради неговите постапки во врска со војната во Иран и американските воени операции во други земји

„Добро, тој доби две војни. Не знам како може да покренете постапка за импичмент против него. Што ќе кажете за импичмент на одговорните за војните во Виетнам, Авганистан, Ирак и сите останати, кога војувавме бескрајно, а ништо не постигнавме “, изјави Трамп, додавајќи дека ќе го поддржи Хегсет доколку Конгресот одлучи да го отстрани од функцијата.

Претходно вчера, конгресменот Томас Маси предложи гласање за импичмент на министерот за одбрана.

Предлогот на републиканскиот конгресмен беше поднесен веднаш по отворањето на првата седница на Претставничкиот дом по меѓуизборите. Тој главно се однесува на постапките на Хегсет во врска со војната во Иран, но ги опфаќа и неговите постапки во рамките на американските воени операции во Јемен и Венецуела.

Маси оцени дека дејствијата на министерот претставуваат „тешки престапи и прекршоци“ и дека начинот на кој тој раководи со Пентагон ги исполнува условите за покренување постапка за импичмент.

Гласањето во Претставничкиот дом би можело да се одржи во средината на неделата, со што дополнително ќе се зголеми притисокот врз републиканците, од кои многумина го посочија конфликтот во Иран како една од причините за изборниот неуспех. Сепак, натамошниот тек на постапката останува неизвесен.

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, се обиде да го спречи гласањето, предупредувајќи ги пратениците дека не треба да покренуваат постапка за импичмент против министерот за одбрана додека траат американските воени операции на Блискиот Исток.

„Покренувањето постапка за импичмент против член на администрацијата токму сега, особено против министерот за одбрана додека се водат воени операции во странство, би испратило ужасна порака. Тоа би било нешто што нашите сојузници и противници би го виделе“, изјави Џонсон на почетокот на седницата.

Се очекува повеќето демократи во Претставничкиот дом да ја поддржат постапката за импичмент на Хегсет. Лидерот на демократското малцинство, Хаким Џефрис, во текот на викендот изјави дека е време министерот за одбрана да ја напушти функцијата.

Доколку предлогот добие поддршка во Претставничкиот дом, постапката ќе продолжи во Сенатот.

Републиканците сè уште имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, сè до јануари, кога новоизбраните членови ќе положат заклетва, а демократите ќе ја преземат контролата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички состави

Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective) го најавува второто издание на музичкиот фестивал „Нарвал рок фест 2“, кој ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во „Биртија паб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.

„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички состави

На второто издание на фестивалот ќе настапат три домашни музички состави и изведувачи: „Ширшаја „Тантрум“ и „Флукс“, кои претставуваат различни музички жанрови, вклучувајќи готик-рок, панк-рок и современ рок.

„Нарвал рок фест“ е музички настан посветен на промоцијата и поддршката на домашната независна музичка сцена, со посебен акцент на алтернативната и рок-музиката. Фестивалот има цел да обезбеди дополнителен простор за концертни настапи на домашните автори и изведувачи, да ја поттикне нивната видливост и да придонесе кон развојот на независната музичка продукција во Македонија.

По одржувањето на првото издание, организаторите го продолжуваат фестивалскиот концепт со програмска содржина која обединува изведувачи од различни музички правци. Со ваквиот пристап, фестивалот настојува да ја претстави жанровската разновидност на домашната алтернативна сцена и да овозможи непосредна комуникација меѓу музичарите и публиката.

Во рамките на фестивалската програма, групата „Ширшаја“ ќе настапи со својот препознатлив готик-рок звук, кој се карактеризира со меланхолична атмосфера и специфичен музички израз.

Групата „Тантрум“ ќе настапи со современ рок-репертоар и сопствени авторски материјали, додека „Флукс“ ќе го претстави панк-рок правецот, со динамичен и енергичен музички израз.

Организатор на фестивалот е Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective), чија активност е насочена кон поддршка, промоција и афирмација на домашната независна музичка сцена. Преку организирање концертни настани и поврзување на изведувачи од различни музички жанрови, здружението настојува да придонесе кон создавање континуирани можности за јавна презентација на домашното авторско музичко творештво.

Второто издание на „Нарвал рок фест“ ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот, во „Биртија паб“ во ГТЦ во Скопје. Цената на влезниците изнесува 400 денари во претпродажба, додека на денот на настанот, на влезот, ќе изнесува 500 денари. Влезинците во предпродажба може да се купат во Олд Скул рок кафе.

Организаторите ги покануваат љубителите на рок и алтернативната музика да присуствуваат на фестивалот и да ја поддржат домашната независна музичка сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер