Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
2Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
МакедонијаВо Градски парк настан Еуромеланома за превенција и заштита на детската кожаВо Градски парк на Школка денеска со почеток во 15 часот ќе се одржи настан Еуромеланома, на кој граѓаните ќе имаат можност за бесплатен преглед на бемки, лезии или дамки сомнителни за рак на кожа со дермоскоп од страна на искусни дерматолози.Како што соопштија организаторите, дерматолозите ќе советуваат, едуцираат и информираат за соодветната заштита и превенција. Оваа година, фокусот на Европската кампања е на превенција и заштита на детската кожа, при што ќе има програма за најмалите посетители, музика, посета од маскоти Маша и Медо, цртање на лице со аниматор и подароци.Тагови: Еуромеланома Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајлоски: 4% од БДП за одбраната е потврда дека нашата армија е кредибилен сојузникНАТО ги препознава и инвестициите во стратешките Коридори 8 и 10 како дел од одбранбеното трошење на Македонија,оваа година државава ќе издвои 2,18% од својот бруто домашен производ за одбраната, но реалната бројка веќе се приближува кон издвоени 4%.НАТО ги препознава и инвестициите во стратешките Коридори 8 и 10 како дел од одбранбеното трошење на Македонија, што значи дека иако официјално оваа година државава ќе издвои 2,18% од својот бруто домашен производ за одбраната, реалната бројка веќе се приближува кон издвоени 4%, вели ресорниот министер Владо Мисајловски. Тој најави дека идната година, буџетот на Министерството би се зголемил доколку Македонија наскоро договори нов пакет за воена помош на Украина. -Како ќе расте буџетот следната година, односно да стигнеме до 3,5%, во делот на 1,5% ќе бидеме со нашиот буџет за следната година можеби и 4,30% меѓутоа се зависи од динамиката како се движи изградбата на терен и сите оние проекти. // Доколку го завршиме овој процес за Украина и пакетот што заедно го договараме тогаш буџетот на министерството уште повеќе би пораснал. На тој начин, директно да ви кажам, би можеле да добиеме и опрема но и дополнителни финансиски средства кои што ќе влезат директно во буџетот. Секое вложување и давање опрема во Украина, се смета во делот на буџетот,- -Владо Мисајловски, министер за одбрана. Што се однесува на платите на армиските припадници, Мисајловски посочи дека со започнатите преговори за нов колективен договор очекува платата да се зголеми, но и најави решение за војниците над 45 години, преку кое ќе можат да останат да работат во армијата или министерството. За условите во касарните, пак, министерот вели дека се издвоени 12 милиони евра меѓу другото и за реновирање на дотраените објекти. -Министерството и армијата сега земаат средства кои што ги надминуваат сите тие институции. Дел е платата, дел се додатоците согласно колективен договор.// Добро е што седнавме со синдикатите и разговаравме, на 15ти договоривме нова средба, потоа и јас ќе разговарам со министерката за финансии и со премиерот за да се качи бодот,- -Владо Мисајловски, министер за одбрана. Министерот најави и нови договори за воена опрема со САД како дополнување на досегашните со износ од 339 милиони евра, но и нов пакет опрема од Европската унија за македонската армија преку Европскиот мировен фонд. Тагови: АРМ НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
ЕкономијаММФ ќе прави анализа на пензискиот систем во Македонија, најави КочоскаМеѓународниот монетарен фонд ќе прави анализа на пензискиот систем во државава и до владата ќе треба да достави препораки.Меѓународниот монетарен фонд ќе прави анализа на пензискиот систем во државава и до владата ќе треба да достави препораки, анализата ќе утврдува што се случува со пензиските столбови и како државата да се справи со идните предизвици, најави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарски прашања на оттчетната предконференција. Вели не сака да прејудицира кои би биле можните препораки, анализата допрва треба да почне да се прави, но лично нејзино мислење во однос на старосната граница за пензионирање вели е да се остави право на избор. „Еднаш засекогаш да видиме што се случува и како се случува и што би не очекувало во идинина. Најголем проблем со пензискиот фонд ќе биде демографијата. И ова е сериозен проблем не само за МАкедонија туку за цела Европа....Лично сметам дека треба да се остави право на избор, да си останат годините да се даде можност оние кои сакаат да си продолжат да си продолжат... “- Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии. Инвестициите остануваат главен приоритет на Владата, јавниот долг во првиот квартал годинава изнесува 58,9%, што Кочоска вели е пониско од прокециите при превземање на мандатот. Задоволна е од реализацијата на Буцетот особено во дело на приливите од даноците и царинските давачки, кои и според директорите на УЈП и Царинска се повисоки од планираното... „Месец јуни заклучно со вцера 12,8 милијарди денари со што имаме нова рекордна наплата на вкупни царински давачки на еден месец....“ - Бобан Николовски – Директор на Царинска управа. „Растот во 2026 година во однос на 2025 година е неколку кратно поголем...Особено кај растот на добивка што е за 17 пати поголем во однос на растот минатата година, а кај данокот на личен доход е речиси двојно поголем. “- Елена Петрова – Директорка на УЈП. Во отчетот за сработеното Кочоска се осврна и на предизвиците со кои се соочила Владата поради војната на Блискиот исток за што рече дека и покрај предизивиците успеале да ги амортизираат глобалните економски шокови, но за тоа колку мерките за намалено ДДв и акциза кај нафтените деривати ја чинеа државата, вели тешко да се направи анализа. Димитриеска-Кочоска кажа и дека за две години од страна на МФ се остварени 8 чекори од реформската агенда... Тагови: Гордана Димитриоска Кочовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
МакедонијаАбази негира дека обвинителството не постапувало против актуелни или поранешни фукнционери на ДУИШефот на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази негира дека не се постапувало против актуелни или поранешни фукнционери на ДУИ. По бројните критики од власта во изминатиот период и сомнежите за партиски конекции со интегративците поради потеклото од Зајас, родното место на Али Ахмети, Абази уверува дека никој не заштитувал. Прашан за предистрата за случајот со контроверзната промена на сопственичката структура на ТЦ Соравија каде беше вклучена компанијата на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, отворена во 2024та, тој вели дека се уште нема јавнообвинителска одлука. -Kоја е таа кривична пријава против вие како што викате ДУИ што е стигната во обвинителството и конкретно не е процесуирана, и кој е тој што јас сум го заштитил? Јавниот обвинител постапува, тоа значи како сериозна држава сме испратиле барање за меѓународна правна помош, чекаме одговор. Ние како обвинителство не коментираме политички изјави. По однос на нашето постапување и работење, надзор ни врши ЈОРМ. Тие два пати годишно доаѓаат и вршат надзор на нашата работа, тука е Советот каде одговоараме. Во секое време можат да извршат увид во нашите одлуки и во нашите предмети.- изјави – Ислам Абази – Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК. Откако беше избран на челната позиција на ОЈО ГОКК и наследник на Вилма Русковска во 2022 година, Абази единствено тогаш одржа прес конференција. Во следните четири години со јавноста комуницираше преку писмени одговори и присуствуша на брифинзи за што често му беше забележувано од страна на медиумите. На четири месеци пред истекот на мандатот денеска се појави пред камерите откако пред Советот на јавните обвинители го презентираше извештајот за работата во изминатата година. Околу сомнежите за шпионажа во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, вели дека се чека одговор од МВР. -Од страна на МВР се изготви извештај, откако го проучи јавниот обвинител се појави потреба да се дополни и да се даде други насоки да се постапува по тоа. Чекаме одговор од МВР и после тоа ќе видиме дали постојат услови за донесување јавнообвинителска одлука или ќе има потреба да се преземе уште некое друго дејствие.- изјави – Ислам Абази – Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК. Освен за Соравија, се уште во предистрага е и случајот за Бехтел и Енка за кој Абази рече дека МВР интензивно постапува по наредбите издадени од јавниот обвинител. Околу истрагата за проневери во ФФМ, на барање на обвинителството судот донесе одлуки за замрзнување на десетици сметки на физички и правни лица. Инаку годишниот извештај за работа на ОЈО ГОКК нотира зголемен обем на работа кој бил совладан но и недостиг на кадар. Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter