Во Глобалниот индекс на конкурентност сме на 82 место, назадување кај работната сила

Македонија е рангирана на 82-то место од 140 држави во светот според најновиот извештај за Глобалниот индекс на конкурентноста на Светскиот економски форум.

– Генерално имаме подобрување за две места, но ако се гледаат поените по одредени области во поголемиот дел тапкаме во место односно остануваме на исто, рече на презентацијата на извештајот Дриљон Исени од Комората на Северозападна Македонија, партнерска организација од државава во глобалната анализа во која се оценува економијата на државата преку 12 столбови со 103 параметри.

Според Исени, државата останува слаба во параметрите за институциите, полошо стои и кај работната сила од аспект на стручното образование, но и кај квалитетот на патиштата, а нема значителни посметувања кај ИКТ индустријата.

-Кај квалитетот на работната сила многу лошо котираме во делот на стручното образование, каде сме на 131-то место, како и во способностите на дипломираните лица. Ова е факт што се гледа при вработување на новиот кадар, кој не ги исполнува потребите на бизнисот. Во наоѓање квалитена работна сила остануваме на 125-то место на светско ниво што е многу ниско рангирање, рече Исени.

Тој дополни дека секој ден бизнисот има се помалку и квалификуван и неквалификуван работен кадар поради што треба да се гледа и на можноста за увоз на работници од странство, каде пак нотираат проблеми поради постапките за дозволи за престој и за работа.

-Со многу држави оваа работа е решена со реципроцитет и ова е и пречка што Европската унија ни ја спомнува во неколку наврати. На светско ниво Албанија е на прво место во оваа област и таму странците може многу лесно да се вработат. Бизнис заедницата сега се соочува со недостиг на работна сила и државата треба многу бргу да реагира со цел да се помогне на бизнисот, рече Исени.

Во делот на институциите, како што наведе, независноста на правосудството останува на ниско ниво и е на 127 место, за едно место подобро од лани, а исто е рангирањето и на способноста на инситуциите да се справат со сложената правна регулатива.

-Кај заштитата на правата од интелектуална сопственост остануваме на 119-то место, кај инфраструктурата имаме уназадување во делот на квалитетот на патиштата во државата, а исто така и кај поврзаноста на аердромите. Во ИКТ индустријата нотирано е назадување во користењето мобилен интерен, вај фај и оптички интернет, каде сме на 102, 82 односно 92 место, рече Исени.

Кај параметрите за макроекономската стабилност, дополни, годинава имаме уназадувања особено за динамиката на задолжувањето, а добро стоиме кај инфлацијата каде го делиме првото место со 88 други држави. Кај финансирањето на микро, малите и средните претпрјатија сме на 115-то место, а во банкарскиот сектор има уназадување споредено со лани, како и кај трошоците и кај времето за отворање бизнис. На 97 место остануваме во рангирањето кај капацитетите за иновативност. – Државата се обидува да инвестира многу особено во делот на иновациите преку Фондот за иновации и технолошки развој, но резултатите се уште не се видливи, наведе Исени. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер