3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
СветВо Газа загина камерман на Ал Џезира- неодамна беше убиен и неговиот брат, новинарСнимателот на Ал Џезира, Ахмед Вишах, беше убиен во израелски воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Буреиџ во централна Газа.Најмалку десет лица беа убиени во денешните израелски напади низ Појасот Газа. Неговата медиумска компанија Ал Џезира во соопштение изјави дека остро го осудува убиството на својот дописник кој работеше за каналот Ал Џезира Мубашер. „Ова претставува ново и флагрантно кршење на сите меѓународни закони и норми и одразува континуирана систематска политика на таргетирање на новинарите и замолчување на гласот на вистината“, се додава во соопштението. Брат му беше убиен пред два месеци Смртта на Ахмед се случи само два месеци откако неговиот брат Мохамед Вишах беше убиен во израелски напад врз истиот бегалски камп. Според Палестинската цивилна заштита, Мохамед беше убиен на 8 април во својот автомобил додека се враќал дома. Израелската војска еден ден подоцна, без да даде никакви докази, соопшти дека убила „клучен терорист во одделот за производство на ракети и оружје на Хамас“. Ахмед Вишах, роден во 1986 година во истиот бегалски камп, се приклучи на мрежата Мубашер на Ал Џезира на арапски јазик во 2018 година. По смртта на Мохамед, колегите на камерманот Ахмед во Газа организираа бдение во негова чест. Повеќе од 260 новинари се убиени од почетокот на војната Според Комитетот за заштита на новинарите, повеќе од 260 палестински новинари се убиени од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година. Најмалку дванаесет од убиените работеле за мрежата Ал Џезира.Тагови: Газа камерман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Инфлацијата е под европскиот просек, можен е уште еден ребаланс до крајот на годинатаНамалените приходи од акцизите и данокот на додадена вредност може да бидат причина за уште еден ребаланс на буџетот до крајот на годинава, најави премиерот Мицкоски.Според владините пресметки во буџетот може да недостигаат меѓу 6 и 7 милијарди денари, пред се поради намалените акцизи и ДДВ-то за горивата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕко – акција за чистење на Скопје – илјадници скопјани ги чистеа јавните површини во градот Со поддршка од сите скопски градоначалници, амбасадите, меѓународните организации, како и основните и средните училишта, денеска се спроведе големата еколошка акција за почисто Скопје. Покрај чистењето и уредувањето на јавните површини, акцијата има и едукативен карактер – токму затоа во неа се вклучени и ученици, со цел уште од најмала возраст да се гради одговорен однос кон животната средина. Но, еднодневното расчистување само по себе не е доволно доколку не се променат и секојдневните навики кон јавниот простор. На 50 локации денеска се чисти низ земјава, а во акцијата се вклучија јавни личности, средношколци и скопски градоначалници. Заеднички собираат отпад и испраќаат порака дека чистата околина е одговорност на сите. И граѓаните сметаат дека секој поединечно треба да биде пример за одговорното однесување кон животната средина... Отсега акциите за чистење на градот ќе се организираат двапати во месецот , по правило во среда, но терминот ќе зависи од временските услови. Паралелно со нив од следната недела Комунална хигиена ќе биде засилена со новите камиони за собирање на ѓубре и кабаст отпад, изјави градоначалникот. „Дополнително, завршена е постапката и потпишан е договорот., веќе во петок ја очекуваме првата тура од 1.100 контејнери за Град Скопје. Тоа е голема набавка од вкупно 3.300 контејнери, а во наредните две недели ќе стигне и испораката на останатите. Мислам дека сме на добар пат оние сцени од минатото да останат зад нас.“ – Орце Ѓорѓиевски. Инаку, во изминатиот период заради прекршоци поврзани со хигиената во градот, пред се заради оставање на кабаст отпад, биле изречени казни во вредност од над 80 илјади евра.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје?Има можност Македонија да издејствува патоказ како дел од групата најуспешни земји кандидатки по посетата на шефицата на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, оценуваат европските експерти. Сепак, според дел од нив, уставните измени и за тоа би останале клучни, иако според досега објавените неофицијални детали од новата стратегија за проширување на Унијата, таа содржи елементи кои одат во корист на Македонија. Македонскиот предлог европски посредници да се вклучат во дијалогот со Бугарија може да се покаже како опасна авантура, предупредува Стојковски, додека пак според Кржаловски, таков формат може да биде пресликан и во Историската комисија. Новата стратегија за проширување се очекува да биде објавена следната недела, додека пак патоказите би биле усвоени до крајот на оваа година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter