СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
2СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
3Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
СветНајмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и детеВо израелските напади и пукањата во Појасот Газа загинаа најмалку пет лица, вклучувајќи и едно дете, објавија здравствените власти.Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра во градот Газа, еден стан беше уништен, а неколку други жители беа ранети, соопштија лекарите. Тие известија дека во друг инцидент, израелските сили застрелале и убиле жена во северниот град Беит Лахија. Израелската војска сè уште не коментирала за ниту еден од инцидентите. Постојано кршење на примирјето Октомврискиот прекин на огнот можеби успеа да ги запре големите судири меѓу Хамас и Израел, но не ги запре израелските напади. Министерството за здравство на Газа соопшти дека повеќе од 1.010 Палестинци се убиени од израелски оган од прекинот на огнот, додека милитантите во Газа убија четворица израелски војници во истиот период. Израел вели дека неговите напади имаат за цел да спречат непосредни напади од Хамас и други милитантни групи. Хамас ретко објавува информации за смртта на своите борци. Израел и Хамас се во конфликт околу следната фаза од мировниот план на Трамп за Газа, кој бара Хамас да го предаде оружјето и израелско повлекување.Тагови: Газа израелски напади Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Други спортовиМакедонската репрезентација во традиционално карате на Светското првенство во Копер, СловенијаМакедонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на Светското првенство, кое ќе се одржи од 22 до 25 октомври во Копер, Република Словенија.Македонија ќе ја претставуваат 14 натпреварувачи во различни возрасни категории: Сениори: Матеј Јарчевски Кадети: Камелија Недев Софија Јарчевска Деца од 11 до 13 години: Филип Недев Георги Кокорманов Драган Стојановски Миле Спанџев Деца од 8 до 10 години: Тадеј Недев Максим Поп Трпев Коста Стојановски Михаил Стојановски Лина Ранова Предраг Брезовски На ова големо меѓународно спортско натпреварување се очекува да учествуваат околу 1.500 натпреварувачи од 58 земји од светот. Настапот на македонските каратисти претставува можност за афирмација на традиционалното карате и на македонскиот спорт на меѓународната сцена. На последното светско првенство кое се одржа во 2024 во Буенос Аирес, Аргентина Дејан Недев го освои бронзениот медал во кати за сениори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЖивотОткриени 7,6 тони кокаин во пратка со шеќер: Дрогата од Колумбија била наменета за Европа Разликата во вредноста на пратката помеѓу двата пазара е огромна.Колумбиските власти спроведе голема операција против трговијата со наркотици во пристаништето Картахена, при што беа откриени повеќе од 7,6 тони кокаин. .Абелардо де ла Есприела изјави дека заплена од вакви размери немало во последните десет години. Откритието беше направено за време на инспекција на товар што содржел шеќер во прав, кој бил искористен за прикривање на дрогата. На снимката што полицијата ја објави во вторникот се гледаат службеници како ги проверуваат пакетите со помош на кучиња обучени за откривање дрога. По оваа акција, претседателот Де ла Еспријела го претстави резултатот од операцијата како значаен успех во борбата против организираниот криминал. Тој истакна дека националната полиција му задала историски удар на нарко-тероризмот. Според него, дрогата била наменета за купувачи во Холандија. Операцијата била спроведена во соработка со американската Агенција за сузбивање на наркотици (ДЕА). Разликата во вредноста на пратката на двата пазари е огромна. Во Колумбија, таа се проценува на 43 милијарди пезоси (13,5 милиони долари), додека во Холандија нејзината вредност би надминала 200 милиони долари. – Тргнавме 75 милиони дози кокаин од улиците – рече тој. Претседателот, исто така, изнесе податоци за резултатите од досегашните активности на надлежните органи, наведувајќи дека во текот на првите 75 дена од неговиот мандат биле запленети вкупно 132 тони кокаин. „Сите облици на насилство се поттикнати од трговијата со дрога“, изјави тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава 11. фестивал на чај со над 30 учесници и меѓународна програмаОд 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“, во знакот на „Ароматичната моќ на билките“.Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи и знаење, нудејќи им на посетителите ретка шанса да откриваат различни вкусови да дегустираат и да уживаат во аромите што ги слават природата и нејзината разновидност. Фестивалот и годинава ја поврзува традицијата со едукацијата, културата и современите практики. Посетителите ќе можат да проследат и работилници, панел-дискусии, презентации и уметнички перформанси, преку кои, чајот и билките ќе бидат претставени од различни перспективи – од македонското традиционално билкарство и планинските чаеви до размена на меѓународно знаење и искуства. Во фестивалската понуда ќе учествуваат: La Soy&LaCha, Билна Аптека „Матија“, Роза Канина Ресен, Ливан Херба, Ignea Cosmetics – билна козметика, ЛАВИТА АГРО, Happy пчелни производи, EKO восочни обвивки, Гостилица планински чај, Health Shop Macedonia, Мое сапунче, Елена Манчевска, Мирјана Ангелеска, ТРАНТАЛОВСКИ фарм, ПЗ Природен мед, АНТОВИ природна козметика и медови производи, АПИ козметика, ПетроскиВ, ЛЕ-НАтура, Тилиа органика, Моја фарма, Бороџун, Мојот сапун, Шарено ќоше, ТиноСки и Нате препорачува. Во програмата ќе се вклучат и Ботаничката градина и Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), како и Институтот „Конфуциј“ при УКИМ. Покрај фестивалската понуда во текот на трите денови на истата локација предвидени се и придружни настани - едукативни работилници, панел дискусии, перформанси и презентации. Па така, во петок на 30 октомври од 18 часот ќе се случи настанот „Македонска чајна софра: Допир до сите сетила“, кој нуди патување низ ароматичните молекули на македонските билки, преку знаењето и приказните што се пренесувале од генерација на генерација. „Моја фарма – Тумчевиште“ ќе го претстави македонскиот планински чај, од семиња од Националниот парк „Маврово“. Предвиден е и настап на Пламенка Трајковска со соло виолина, а посетителите ќе се запознаат и со традиционалниот македонски билков ритуал „Сучење врвки“, поврзан со празникот Водици и карактеристичен за гостиварскиот крај. Од 19 часот следува церемонијата на чај на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, посветена на традиционалната кинеска уметност на чајот. Програмата ќе биде дополнета со кинески инструментален перформанс и кинески танц, во изведба на професорите и студентите на Институтот. Во сабота, на 31 октомври, од 13 часот ќе се одржи „Чајанка“ со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. Предвидени се и панел-дискусии на теми „Шумите како бизнис екосистем“ и „Моќта на билките“. Во фокусот ќе бидат успешните стартап-иницијативи, женските претприемачки приказни и современиот рекап на традиционалното билкарство, со акцент на можностите што ги отвораат природните ресурси за развој на нови идеи и претприемачки пристапи. Ќе биде организирано и детско креативно катче од 13 часот, збогатено со пчеларска и уметничка работилница „Медена приказна“ во организација на ПЗ Природен мед со пчелар Христијан Аврамовски и уметницата Сања Јовановска. И во неделната програма, на 1 ноември, во 12 часот на пладне започнува медената работилница „Што јадат пчелите“, во организација на ПЗ Природен мед. Веднаш потоа од 13 часот следува кинеска дегустација на чај и културни перформанси, со калиграфија и хартиена техника. Со спојот на дегустации, традиционални практики, културни содржини и едукативни активности, единаесеттото издание на Фестивалот на чај ќе понуди три денови посветени на ароматичните билки, нивната употреба и културното наследство што го носат. Фестивалот го организираат Центарот за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook