Во ЕУ струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија - Канал 5

Во ЕУ струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија

 Во првата половина на 2024 година, просечните цени на електричната енергија за домаќинствата во Европската Унија бележат мал пораст, од 28,3 евра за 100 киловат-часови (kWh) во втората половина на 2023 на 28,9 евра за 100 kWh. 

Во ЕУ струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија

И покрај намалувањето на цената на енергијата, снабдувањето и мрежните услуги, кои беа намалени за два отсто во споредба со втората половина на 2023 година, вкупните цени се зголемија за два отсто бидејќи владите ги намалија субвенциите, таксите и даночните намалувања за потрошувачите и, според податоците од европскиот Завод за статистика, Евростат, вкупните даноци се зголемени за 16 отсто, во однос на втората половина од 2023 година.

Споредено со првата половина од 2023 година, кога цената на струјата беше 29,4 евра за 100 kWh, цените во првата половина од 2024 година забележаа помал пад.

Просечната цена на гасот падна за седум отсто, во однос на истиот период во 2023 година, од 11,9 евра за 100 kWh на 11 евра за истото количество. Исто така, цените на бензинот се пониски за два отсто во однос на втората половина на 2023 година. Гледајќи ги истите цени без даноци, според Евростат, тие се намалиле за околу 12 отсто, пренесува Банкар.ме.

Во споредба со првата половина на 2023 година, учеството на даноците во сметките за електрична енергија е зголемено од 18,5 на 24,3 отсто, за 5,8 процентни поени, додека кај сметката за гас е зголемено од 22,8 на 27,4 отсто, што претставува раст од 4,6 процентни поени.

Највисоки цени на струјата вклучувајќи ги и даноците на домаќинствата во првата половина на 2024 година се забележани во Германија, каде што цената е 39,5 евра за 100 kWh, потоа Ирска со цена од 37,4 евра и Данска со цена од 37,1 евро за 100 kWh.

Најниска цена на струјата имаа унгарските домаќинства, со цена од 10,9 евра за 100 kWh, потоа Бугарија со 11,9 евра и Малта со цена од 12,6 евра. Хрватска има цена на струјата колку Малта, а заедно со Словачка е во петте земји од ЕУ со најниска цена на струјата, покажуваат податоците на Евростат./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Односите во таборот на француската фудбалска репрезентација наводно се сериозно разнишани, а во центарот на вниманието се новиот селектор Зинедин Зидан и капитенот Килијан Мбапе, пренесуваат локалните медиуми. 

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Иако официјалната причина поради која напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Италија е проблем со грбот, телевизискиот водител Сирил Ануна тврди дека повредата не е единствената причина за ваквиот развој на настаните.

Гостувајќи во емисијата „Tout beau, tout neuf“, Ануна истакна дека постојат несогласувања меѓу селекторот и првата ѕвезда на тимот, како и дека Зидан нема намера да го толерира неговото однесување.

Наводниот конфликт датира уште од првото собирање на националниот тим под водство на Зидан.

Новиот селектор тогаш одлучил да го премести Мбапе на левата страна од нападот, додека улогата на централен напаѓач му ја доделил на Усман Дембеле.

Оваа тактичка замисла наводно не наишла на одобрување кај капитенот на „триколорите“, со оглед на тоа што во дресот на Реал Мадрид, во последно време, тој главно игра како најистурен напаѓач. Покрај тоа, Хануна наведува дека Мбапе не бил задоволен ниту од својата физичка подготвеност, поради што не сакал да ризикува и да настапи против Италијанците.

„Зидан нема да биде толку попустлив кон него како што беше Дидие Дешамп. Мбапе се однесуваше како разгалена ѕвезда, велејќи дека има многу повреди и дека не знае дали ќе игра. Зидан му одговорил дека тогаш нема ни да игра“, изјави Хануна.

Според дополнителните тврдења на овој водител, ситуацијата во националниот тим е прилично напната, а односите меѓу Мбапе и одредени соиграчи, исто така, не се на најдобро ниво.

Хануна заклучува дека Зидан одлучил веднаш да воспостави јасен авторитет и му соопштил на капитенот дека тој нема да биде во составот за натпреварот против Италија, напоменувајќи дека би можел да се врати во тимот за следниот натпревар против Турција.

Пораз од Италија Во 5. коло од Лигата на нации, Франција беше поразена од Италија во Милано. Резултатот на натпреварот беше 3:1, а Италијанците победија по пресврт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер