Во ЕУ лани починале најмногу луѓе во последните 60 години, причината е коронавирусот

Европската унија во 2020 година забележала најголем број смртни случаи во последните 60 години поради пандемијата на коронавирус, откако биле достапни првите статистички податоци, објави Евростат.

Во земјите членки на ЕУ починале 534.000 луѓе повеќе отколку во 2019 година (+11 проценти). Бројот на починати се зголемил од 4,7 на 5,2 милиони. Таа бројка ги одразува ефектите на пандемијата, според Евростат. Портпаролката прецизирала дека ова е најголем број на смртни случаи во една година од 1961 година, првата година откако статистиката е достапна за сите тие земји.

Бројот на починати се зголемил во сите земји-членки на ЕУ за време на тој период, особено во Италија (+111.700, +18 проценти), Шпанија (+75.500, +18 проценти) и Полска (+67.600, +17 проценти), според Евростат. Ова зголемување на смртноста придонело за благ пад на бројот на населението во ЕУ во 2020 година, од 447,3 на 447 милиони (-312 000).

Бројот на раѓањата продолжува да опаѓа. Природниот прираст, разликата помеѓу бројот на раѓања и смртни случаи, е негативен од 2012 година (освен 2014 година, кога бил нула).

Од 2001 година до крајот на 2019 година, населението се зголемило за 4 проценти, што се должи пред се на имиграција на мигрантите. Во 2020 година, бројот на мигранти опаднал, исто така, поради пандемија. Главниот елемент што го објаснува падот на популацијата е влијанието на пандемијата врз морталитетот, рече експертот на Евростат, Џампаоло Ланзиери, на Интернет презентацијата на податоците.

Населението најмногу опаднало во Италија (-384.000, -0,6 отсто од населението), следена од Романија (-143.000, -0,7 отсто) и Полска (-118.000, -0,3 отсто). Вкупно девет од 27 земји-членки забележале пад на популацијата во 2020 година, а во 18 се зголемика, како што е Франција (+119.000, +0,2 проценти), каде што бројот на раѓања бил поголем од бројот на смртни случаи.

Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме

Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина.

Санела Шкријељ, кандидат за пратеник во ИЕ2

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ по повод 27 април, годишнината од крвавиот четврток во Собранието, во својата изјава пред Собранието изјави:

Собранието е претставнички дом на граѓаните и место каде треба да се натпреваруваме со идеите за подобар квалитет на животот на сите граѓани, а не со насилство. Можеме да имаме различни ставови по секое едно прашање и да ги спротивставуваме своите аргументи за тоа, но никогаш повеќе не смееме да дозволиме пратениците, собраниските служби, новинарите и медиуските работници на најбрутален и насилнички начин да бидат нападнати и да им биде загрозен животот токму тука, во она што треба да биде храмот на демократијата.

Како пратеници, треба да покажеме дека државата ја сакаме со ум, а не со насилство. Да се спротивставиме на политиките на делби и ширење омраза, да не дозволиме повторно газење врз слободата, врз демократијата, пресметување со неистомисленици, напади врз новинари. Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина!

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Левица со антикорупциска платформа ќе се бори против неказнивоста на функционерите

Денес, носителот на листа од Левица - Јована Мојсоска ја презентираше предизборната програма меѓу жителите во Ресен.

Левица, како партија на нова генерација политичари без криминален багаж, на овие избори настапува со своја антикорупциска Платформа, како единствен механизам против корупцијата која го разјадува македонското општество.

Народот доволно беше сведок како политичките елити три децении се амнестираат, како што беше случајот со последните измени на Кривичниот Законик, каде беа амнестирани над 80 функционери од поранешната и актуелната власт!

Антикорупциската платформа на Левица се темели на неколку клучни точки:

- Итно носење на Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции, од осамостојувањето до денес (1991–2024) – како lex specialis;

- Незастарување на кривичните дела поврзани со т.н. економски криминалитет и корупција извршени од страна на јавните функционери;

- Трикратно зголемување на рокот на застареност во Кривичниот законик за делата сторени од носителите на јавни функции, поврзани со т.н. службенички криминалитет.

-Проширена конфискација (кривична или граѓанска) на нелегално стекнатиот имот на досегашните владејачки структури и олигарси – не само од нив лично, туку и од нивни блиски роднини, пријатели/партнери или трети лица.

- Разрешување на судија по сила на закон на кој му застареле три предмета во кариерата и поради кои Република Македонија ќе изгуби спор пред Судот во Стразбур со цел ставање крај на партизацијата на судството.

На криминалното и анти-македонско владеење на СДС и ДУИ ќе им пресуди народот на 8 Мај, а потоа мора да има ригорозна одговорност за економскиот, социјален и национален пустош кој го оставија во нивното катастрофално владеење!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

Лопетеги го менува Пиоли во Милан

Шпанскиот фудбалски стратег Јулен Лопетеги би можел да го предводи Милан од следната сезона.

Како што денеска објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, раководството на миланскиот клуб ја разгледува кандидатурата на 57-годишниот Шпанец како замена за Стефано Пиоли.

Самиот Лопетеги, исто така, е во преговори со Вест Хем, но го претпочита италијанскиот тим.

Лопетеги е без ангажман од август лани кога ја напушти клупата на Вулверхемптон.

притисни ентер