Во Еритреја починал 127 – годишен човек - Канал 5

Во Еритреја починал 127 – годишен човек

Човек од Еритреја починал на 127 -годишна возраст, а неговото семејство се надева дека Натабај Тинсевју ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност што некогаш живеела.

Во Еритреја починал 127 – годишен човек

„Трпение, великодушност и радосен живот, тоа беше неговата тајна за толку долг живот“, изјави неговиот внук Зере Натабај за Би -Би -Си.

Натабај починал во понеделникот во своето село Азефа, сместено во клисура опкружена со планини и дом на околу 300 жители.

Неговиот внук рече дека црковните записи, вклучително и неговиот извод од матичната книга на родените, покажуваат дека е роден во 1894 година; кога се крстил и според кој имал 127 години во времето на неговата смрт. Но, неговото семејство верува дека тој всушност е роден во 1884 година, но се крстил 10 години подоцна кога дошол свештеник во селото.

Селскиот свештеник Ментај потврдил дека записите покажуваат дека Натабај е роден во 1894 година. Тој додаде дека бил присутен кога селаните го прославиле неговиот 120 -ти роденден во 2014 година.

Според Гинисовата книга на рекорди, најстарата личност во светот што некогаш живеела била Французинката Жана Калмент, која починала во 1997 година на возраст од 122 години.

Натабај се оженил во 1934 година, а неговата сопруга починала во 2019 година на 99 -годишна возраст. Се занимавал со сточарство; имал многу говеда, кози и пчели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Двојните аршини на Филипче и СДС повторно на виделина.

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

СДС и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени.

Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев.

Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра.

Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат.

Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме.

YouTube video

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.

Клековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест

Невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за длабоката мозочна стимулација (DBS) кај Паркинсоновата болест и за антиамилоидните терапии со леканемаб и донанемаб во раната фаза на Алцхајмеровата болест. Се разговараше и за предусловите за нивно воведување во Македонија.

„Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест не се само дијагнози. Тоа се години живот, на пациентот и на семејството што се грижи за него. Ниту една од овие терапии не е за секого. И двете бараат внимателно избрани пациенти, обучени тимови, дијагностика и долгорочно следење. Затоа прашањето не е само дали, туку како: безбедно, стручно и одржливо“, изјави министерот Клековски.

Во националниот здравствен систем се регистрирани околу 24.000 лица со деменција, а проценките се дека до 2050 година бројот може речиси трипати да се зголеми. Со Паркинсонова болест живеат околу 8.000 граѓани, најголемиот дел од нив се згрижени дома, од своите семејства.

Министерот истакна дека Министерството е подготвено да ја слушне струката и очекува од дискусијата конкретни препораки: што недостига, по кој редослед и за колку време.

Клековски им се заблагодари на гостите од Љубљана за двегодишната соработка меѓу клиниките од Љубљана и Скопје, која се реализира преку програмата „Mentor–Mentee“ на Меѓународното друштво за Паркинсонова болест и нарушувања на движењето (MDS).

На панелот учествуваа, проф. д-р Звездан Пиртошек, независен експерт на ОН за остварување на сите човекови права на постарите лица, проф. д-р Дејан Георгиев, асист. д-р Јован Божиновски, директор на Универзитетската клиника за неврологија, и д-р Љуљзим Агани, директор на Универзитетската клиника за неврохирургија. Модератор беше проф. д-р Габриела Новотни, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина

Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.

Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина

Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.

Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот.

Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер