Во едно италијанско село нема заразени, селаните велат дека спасот им доаѓа од бунарот!? - Канал 5

Во едно италијанско село нема заразени, селаните велат дека спасот им доаѓа од бунарот!?

Италија е најпогодената држава во Европа од епидемијата на коронавирусот, но во едно мало село нема ниту еден заразен случај.

Во едно италијанско село нема заразени, селаните велат дека спасот им доаѓа од бунарот!?

Жителите на Монталдо Торинезеа, село во северниот регион Пијемонт, до сега се „зачувани и поштедени“ од коронавирусот. Поголем дел од селаните причината за тоа ја гледаат во „чудотворната вода“, која според легендата ги излекувала и војниците на Наполеон Бонапарта од воспаление на белите дробови.

Монталдо е село кое се наоѓа на само 19 километри од Торино, престолнинана на регионот во кој до викендот беа регистрирани 3658 заразени лица со корона вирусот. Регионот Пијемонт е четвртиот најпогоден регион во Италија од Ковид -19, во неделата вкупната бројка на заразени била 8206 лица.

Жителите на Монталдо веруваат дека бунарот во селото со 720 луѓе им помогнал на војниците на Наполеон, кои имале свој камп во јуни во 1800 година во село во битката со воспалението на белите дробови.

„Според приказната генералите на Наполеон се разболеле од воспаление на белите дробови. Благодарејќи им на чистиот воздух, недопрената природа, но и овој селски бунар, тие биле излекувани. Во тој период водата од истиот сигурно им помогнала. Но, денес, бунарот е затворен и водата од него се користи само за наводнување на полето. Водата од бунарот сега не смее да се пие водата од овој бунар, раскажал за „Гардијан“ Серџо Гајоти, градоначалникот на Монталдо Торинезе.

Во Монталдо главно живеат повозрасни луѓе, но има и млади семејства чии членови патуваат секојдневно на работа во Торино. Градоначалникот гајоти вели дека чистиот воздух и здравиот живот најверојатно се причините поради кои во неговото село нема коронавирус, како и неговите напори да ги предупредува луѓето за ризикот од вирусот и поделбана на заштитни маски за сите жители.

„Во селото нема индустрија. Од почетокот на епидемијата секојдневно селаните во поштенските сандачиња добиваат предупредувања и препораки што треба да прават за својата заштита, како миење на рацете и избегнување на директен контакт. Ние бевме првото место во регионот во кое беа поделени маски на сите семејства, а и понатаму ги делиме, истакнал Гајоти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајката на судијата Ристов: Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко

-Не ни ги даде Ѓоко, парите се наши,  ги чувавме за стари години, мајката на судијата Ристов на денешното рочеште сведочеше дека созиданите 350 илјади евра биле нивни заработени на пазари од земјоделие а не на нивниот син.

Мајката на судијата Ристов:  Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко

.Се што ќе останело од паричињата во фолиичка ги ставала зад плочките.. Обвинителката смета дека сведоштвата на родителите немаат некое поголемо значење, а одбраната пак уверува дека имаат аргументи против Обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот

 Три лица се повредени во уште еден напад со нож во училиште во Полска.

Напад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот

Петнаесетгодишник вооружен со нож наводно упаднал во училиште во близина на Вишково и со нож нападнал три лица, меѓу кои директорот на училиштето и домарот.

Министерот за внатрешни работи Марчин Кирвински изјави дека осомничениот е уапсен и додаде дека врз домарот се врши реанимација.

Според полицијата, директорот бил повреден додека се обидувал да го совлада ученикот пред пристигнувањето на полицијата на местото на настанот.

Напаѓачот наводно бил ученик во завршната година од средното училиште, соопшти полицијата. Тинејџерот е задржан во притвор додека трае истрагата.

Во соопштение, полицијата наведе дека осомничениот влегол во училиштето и „повредил тројца вработени со остар предмет“. „Полицијата пристигна на местото на настанот само неколку минути по пријавата.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9 октомври, во организација на Министерството за правда на Република Турција.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Самитот ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството.

Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер