Во двор во Австралија пронашле крокодил, оддалечен 2.500 километри од своето живеалиште (ВИДЕО) - Канал 5

Во двор во Австралија пронашле крокодил, оддалечен 2.500 километри од своето живеалиште (ВИДЕО)

Слатководен крокодил бил пронајден и отстранет од двор во австралиската држава Нов Јужен Велс, на приближно 2.500 километри од неговото најблиско природно живеалиште.

Во двор во Австралија пронашле крокодил, оддалечен 2.500 километри од своето живеалиште (ВИДЕО)

Женката крокодил била спасена од персоналот на австралискиот парк за рептили од двор во предградието на плажата Умина на централниот брег северно од Сиднеј, објави денеска паркот на Инстаграм. „Женката австралиски крокодил е долга еден метар, се проценува дека е на возраст меѓу 8 и 10 години и се чини дека е во добра здравствена состојба“, соопштија од паркот.

„Сепак, се верува дека крокодилот бил незаконски чуван како домашно милениче, бидејќи австралиските крокодили не се родени во провинцијата Централ Коуст“, додаваат тие. Слатководните крокодили се ендемични во Австралија и се наоѓаат само во внатрешните води на северот на земјата.

Според локалните медиуми, тие обично се наоѓаат на приближно 2.500 километри северно од местото каде што е пронајдена женката. „Стигнуваме до куќата на човекот, влегуваме во дворот и сигурно, тука е - австралиски слатководен крокодил до неговата куќа“, изјави менаџерот на паркот и чувар на крокодили Били Колет за весникот „Сиднеј морнинг хералд“.

YouTube video

„Искрено, морав да го видам со свои очи пред да можам да поверувам. Навистина е невообичаено да се најде крокодил во овој дел од светот, па затоа сме многу сомничави“, додаде тој. Австралискиот парк за рептили го повика сопственикот на крокодилот да се јави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.

Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Состојбата со пожари на отворен простор денеска е подобра во однос на вчера, но повторно досега има дваесетина пожари, од кои 8 се активни во овој момент, соопшти попладнево директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Како најкомплексен пожар за гаснење останува пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер. Цел ден дејствуваат етракторите, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е уште многу работа за истиот да биде изгаснат – вели Ангелов.

Пожар попладнево избил и во атарот на село Борино и село Житоше, во Крушево. Ангелов вели дека се работи за тешко пристапен терен и таму ќе биде упатен еден полициски хеликоптер кој набргу треба да започне со дејство, бидејќи во близина има непосреден извор за полнење на вода.

Сериозен пожар попладневo избил и во велешко – во селото Салм. Ангелов вели дека пожарникарите водат битка да го заштитат селото, но посочи дека верува во нив и очекува уште денеска да биде изгаснат.

YouTube video

Ангелов соопшти дека вчера имало и иницент во прилепско, каде што двајца пожарникари биле физички нападнати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 21 век - Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“.

СДСМ: 21 век -  Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе.

Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово.

И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност - циркус.

Наместо извинување - здравица. Наместо одговорност - ПР спектакл.

Во 21 век во европска држава политичари пијат вода пред камери за да докажат дека повеќе не е отруена. Тоа не е успех. Тоа е срам.

Гостивар не требаше да чека еден месец. Гостивар не требаше да добие три цистерни за цел град.

Гостивар не требаше да гледа како функционери се фалат со „вкусна вода“ откако илјадници луѓе завршија во болница.

Оваа Влада и Мицкоски го претворија здравствениот и хуманитарен скандал во театар.

Граѓаните не бараат здравица. Бараат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер