Во Движењето ЗНАМ се приклучува интелектуалниот потенцијал на Скопје - Канал 5

Во Движењето ЗНАМ се приклучува интелектуалниот потенцијал на Скопје

Конституирање на Градската организација на Движење ЗНАМ – Скопје.

Во Движењето ЗНАМ се приклучува интелектуалниот потенцијал на Скопје

Со особена чест Ве известуваме дека и официјално се конституира

Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Скопје.

Овој чекор не е само формалност. Ова е почеток на една сериозна, силна и

решителна политичка борба. Ова е гласна порака, од срцето на државата,

од главниот град Скопје, дека промената што ја бараат луѓето насекаде

низ Македонија, веќе добива своја форма, своја структура и своја сила!

За претседател едногласно е избран Мирослав Лабудовиќ, Магистер по

електротрехника и информациски технологии дипломиран електро инженер,

актуелен заменик министер во Министерството за енергетика, рударство и

минерални суровини, со претходно долгогодишно искуство на разни

менаџерски позиции во автомобилската индустрија и електро енергетиката.

Денес со нас се луѓе со огромен интегритет и професионален авторитет.

Професори, архитекти, лекари, уметници, спортисти, претприемачи,

активисти, визионери кои со својата работа и со својот личен пример го

обликуваат духот и иднината на Скопје.

Во оваа прилика истакнуваме дел од нив:

1. Проф. Д-р ГОРАН АЈДИНСКИ

Редовен професор на филозофски факултет

2. СИЛВАНА КРЖОВСКА

Дипломиран Професор по географија и актуелен Директор на СУГС Гимназија

Јосип Броз Тито – Скопје.

3.Генерал ГОРАНЧО КОТЕСКИ

Генерал во пензија, поранешен Началник на Генералштабот на Армијата на

Република Македонија.

4.Проф. Д-р БИЛЈАНА АНДРЕСКА БОГДАНОСКА

Доктор на економски науки, актуелен Ректор на Европски универзитет –

Скопје.

5.ЈОРДАНЧО ДАВИТКОВ

Легенда на македонската кошарка, репрезентативец и поранешен кошаркарски

тренер и селектор на Македонската репрезентација

6.МИРЕ ЈАНЕВ,

Сопственик и управител на култното Скопско кафуле Play café – Скопје,

или со еден збор урбана легенда

7.М-р КРУМИСЛАВ МИШКО БАРЗОВ

Магистер по Спортски Менаџмент, член на европскотo жири за автомобил на

годината и еден од најистакнатите автомобилски ентузијасти во државата

8.Проф. Д-р ЃОКО БУНЕВСКИ

Дипломиран земјоделски инженер од областа на сточарството и редовен

Професор на Факултет за земјоделски науки и храна при УКИМ

.

9.М-р АЛЕКСАНДРА ЦВЕТАНОВСКА

Магистер по право од областа на деловно право и долгогодишен истакнат

активист во невладиниот сектор

10.Проф. Д-р РАДМИЛА ЧРЧЕВА НИКОЛОВА

Вонреден професор на Факултет за ветеринарна медицина

11.ЉУПЧО МАРКОВСКИ КАЛЦ

Поранешен фудбалер, капитен на фудбалскиот клуб Вардар и на фудбалската

репрезентација на Македонија.

Долгогодишен фудбалски тренер и уште една спортска легенда во нашите

редови.

Совеста, знаењето и духот на Скопје – овие граѓани на нашиот град – ја

избраа вистинската промена со Движењето ЗНАМ.

Овие храбри и одважни луѓе не се партиски послушници ниту политички

марионети. Тие не се функционери по задача, ниту сенки на некои центри

на моќ.

Ова се личности со непобитен кредибилитет, со изграден авторитет и

биографии кои вредат многу повеќе од празните изборни ветувања.

Тие се оние што долго време беа разочарани, отуѓени и тивки.

Но денес, конечно, го најдоа својот политички глас – глас што ќе ги

брани и претставува.

Затоа што ЗНАМ е, и останува движење на слободни луѓе!

На принципи!

На вредности!

На визија!

Скопје отсекогаш било симбол на отпор, хуманост, солидарност, култура и

визија.

Но денес, градот е уморен – задушен од бирократија, бетон и корупција.

Потиснат од алчност, поделби и тивка диктатура.

Скопје го изгуби сјајот, но не и силата.

Го изгуби правецот, но не и срцето.

Доста беше од власт без совест!

Доста беше од молчење додека младите ни заминуваат!

Скопје не смее да биде ничија колатарелна штета ниту пак заложник на

тајни коалиции во политичкиот театар на елитите.

Движењето ЗНАМ е тука да стави крај на сето тоа.

Ние сме дом на храбрите.

Движење на граѓани што не се плашат и не молчат.

Ќе се бориме да го вратиме Скопје на неговите граѓани.

Ќе го вратиме гласот на народот.

Ќе ја ослободиме енергијата и потенцијалот на овој град.

Ние не ветуваме празни зборови, туку нудиме компас.

Не нудиме тајни политички договори, туку јавен договор со граѓаните.

Од денес, Градската организација на ЗНАМ – Скопје станува бастион на

слободата, креативноста и урбаната визија.

Ќе бидеме платформа за секој кој има идеја, решение и љубов кон својот

град.

Ќе проодолжиме да бидеме чувари на јавниот интерес.

Ќе им го вратиме градот на неговите жители – без елитизам, без поделби и

без скриени агенди.

Скопје заслужува подобро.

Скопје заслужува чесност, визија, дух и иднина.

Заедно, ќе изградиме иднина со која сите ќе се гордееме!

Време е за вистински промени. Време е за нас.

Ние сме тука. И нема да отстапиме!

За Скопје, за граѓаните, за Македонија – ЗНАМ!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

По повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло.

Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација

Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката.

Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум.

Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече:

„Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“

Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain.

Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил:

„Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“

Потоа додаде:

„Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“

Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече:

„Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“

Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува:

„Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“

Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете.

Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината.

„Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“.

„Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос.

Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“.

„Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос.

Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер