3Огромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)
КултураВо Долнени почна Семинарот за изучување на изворните инструменти и песниДенеска во спомен куќата на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Долнени почнува петдневниот семинар за изучување на изворните инструменти и песни. Семинарот е во рамките на Фестивалот кој по 44-ти пат ќе се одржи в петок и в сабота, на 29 и на 30 јуни во Прилеп и на Рудина кај Долнени. На Семинарот 10-ина ученици од основното училиште во Долнени ќе работат со етномузикологот Горан Василески кој ќе им ги открива тајните на изворните песни и инструменти. Според Василески, семинарот стана традиционален и ја нагласува една од главните цели на Фестивалот. - Една од најбитните цели е зачувување и пренесување на богатото вековно изворно творештво на новите генерации. Семинарот тоа го прави упатувајќи ги младите во начинот на изворното пеење и музицирање. Задоволство е да се работи и да се пренесува народното творештво, а интересот постои, вели Василески. Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ ќе се одржи в петок и в сабота во Прилеп и на Рудина кај Долнени. Околу 250 изведувачи на народните инструменти, на гајда, тапан, кавал и исполнители на изворни песни ќе учествуваат во двете фестивалски вечери. Селекторот и уметнички директор професор Родна Величковска вели дека селекцијата е направена од околу 700 заинтересирани. - Можностите и условите не овозможуваат сите да учествуваат, а тоа сите би го сакале. Мора да се ограничи бројот. Во секој случај ќе уживаме во изворното творештво кое се одржува со векови, а секако овој фестивал, единствен од ваков вид во земјава, се грижи да се зачува богатиот изворен фолклор во чистиот облик каков што е создаван одамна од народот, вели Величковска. Фестивалот ќе биде отворен в петок од 20 часот на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп кога ќе настапат дел од учесниците. Главната натпреварувачка вечер е в сабота од 18 часот на Рудина кај Долнени, лулката на Фестивалот. Жири комисија ќе ги оцени и ќе ги прогласи најдобрите изведувачи на народни инструменти и песни. Ќе бидат доделени Гран при наградата за најдобри изведувачи и гајдата на Пеце Атанасовски за најуспешниот гајдаџија што традиционално ја доделува општина Долнени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваХајли Бибер се соблече по хулахопки и ги запали мрежите (ФОТО)Хајли Бибер повторно привлече внимание со модно издание во кое одлучи да ги прескокне панталоните. Таа објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира во проѕирни светкави хулахопки, црна танга и црн топ со отворени рамена. Фотографиите се дел од новата кампања за брендот Calzedonia. Манекенката ги сподели фотографиите на 28 октомври, а во описот на објавата ја означи Calzedonia и додаде емотикон во форма на црно срце. Со ова издание, таа покажа малку посмела страна од својот стил, само десет дена откако се појави на црвениот тепих во сосема поинаква комбинација. Имено, на гала вечерата на Музејот на Филмската академија на 17 октомври, таа носеше нежно розов фустан од Шанел, кој го надополни со бисерни обетки и темен лак за нокти. Ја остави косата пуштена, со разделба во центарот, а целото издание беше значително поромантично од нејзината најнова кампања. „Сакам мојот стил да го одразува тоа како се чувствувам“ Во интервју за Vogue Australia во февруари оваа година, Хајли зборуваше за својот пристап кон модата и откри што ја води при изборот на облека. „Се водам од тоа како се чувствувам и од мојот сопствен инстинкт. Секогаш сакам мојот стил да ме одразува мене и моето расположение“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber) Таа исто така објасни дека наоѓа инспирација во секојдневните работи, од патувања и фотографии до филмови и телевизиски серии. Таа е особено блиска до модата од деведесеттите. „Се чувствувам многу поврзана со стилот на деведесеттите затоа што изгледаше толку неоптоварен, и тоа навистина ми се допаѓа. Мислам дека дури и најобичните фармерки и маица можат да бидат многу секси“, истакна таа. Таа е свесна за своето влијание врз модата Во априлското интервју за списанието Interview, таа размислуваше и за своето влијание врз уличната мода, односно за фактот дека многу девојки наоѓаат инспирација за облекување токму во своите комбинации. „Гледам дека имам влијание во одредени кругови, но никогаш не би погледнала девојка и не би помислила: „Знам дека ја инспирирав“, рече таа. Сепак, таа призна дека е среќна кога гледа девојки како се обидуваат да ги рекреираат нејзините модни комбинации на социјалните мрежи. „Гледам девојки како пишуваат: „Еј, се обидувам да го рекреирам овој изглед на Хајли Бибер“. Тоа навистина многу ми ласка, а во исто време ме прави скромна“, заклучи таа.Тагови: Хајли Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
БалканПродолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) донесе одлука за продолжување на мандатот на воената мисија на Европската Унија (ЕУФОР) „Алтеа“ во Босна и Херцеговина за уште една година.Ова им овозможува на меѓународните сили да продолжат да дејствуваат во БиХ, со задача да одржуваат безбедна средина и стабилност во земјата, објавува RTRS. Мандатот на мисијата ЕУФОР „Алтеа“ е продолжен за дополнителни 12 месеци, а одлуката е донесена со гласање на членовите на Советот за безбедност на ООН. Ве потсетуваме дека во несреќата на италијанскиот воен хеликоптер во близина на Брчко, што се случи за време на ангажманот во рамките на мисијата ЕУФОР „Алтеа“, загинаа четири припадници на италијанските сили, додека 11 други лица беа повредени. Мисијата ЕУФОР „Алтеа“ беше воспоставена во БиХ во 2004 година, по завршувањето на мисијата на НАТО, со задача да одржува безбедна средина и да го спроведува воениот дел од Дејтонскиот мировен договор. Ова е меѓународна воена мисија на Европската Унија што дејствува низ цела Босна и Херцеговина. Според податоците од 2026 година, мисијата има околу 1.500 војници од 25 земји, а нејзиното седиште е во кампот Бутмир во близина на Сараево. Од првичните приближно 7.000 членови, колку што имаше по нејзиното основање, бројот на војници се намалуваше со текот на годините.Тагови: ЕУФОР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамТојота подготвува големи измени за своите хибриди- новиот мотор ветува голема заштеда на гориво Тојота подготвува нова генерација хибридни погонски склопови што би можеле значително да ги намалат трошоците за возење.Јапонскиот производител развива целосно нов 1,5-литарски четирицилиндричен бензински мотор, со кој идните хибриди би требало да постигнат повеќе од 15 проценти подобра потрошувачка на гориво. За разлика од претходниот пристап, Тојота овој пат не го адаптираше постоечкиот бензински мотор на хибридниот систем. Новиот мотор, електричниот мотор и електрониката беа развиени како една единица од самиот почеток, што треба да донесе помала тежина, покомпактни димензии и поголема ефикасност. Моторот ќе биде достапен во атмосферска и турбо верзија, а атмосферската варијанта треба да ги замени постоечките 1,8-литарски четирицилиндрични и 1,5-литарски трицилиндрични мотори во хибридите на Тојота. Големи промени доаѓаат и во електричниот дел од погонот. Новите електрични мотори, инвертори и контролна електроника ќе бидат помали и полесни, со употреба на компоненти базирани на силициум карбид, кои ги намалуваат електричните загуби. Со помалку механичко триење, подобро термичко управување и подобрена аеродинамика, Тојота има за цел да ја подобри потрошувачката на гориво за повеќе од 15 проценти. Интересно е што новата генерација хибриди ќе користи платформа што ја делат електричните и plug-in хибридните автомобили. Покомпактниот погонски склоп ќе овозможи пониска хауба на моторот, подобра аеродинамика и поголема слобода во дизајнот на ентериерот. Таквиот пристап би требало да го поедностави и производството, бидејќи Тојота ќе може полесно да го прилагоди бројот на електрични и хибридни автомобили според побарувачката на различните пазари. Сè уште не е потврдено кој модел прв ќе го добие новиот погонски склоп, но следната генерација на Corolla се споменува како еден од главните кандидати. Неофицијално се очекува дека новата технологија би можела да почне да се користи во 2027 година.Тагови: тојота хибриди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06