Во Дојран се снимаат завршните сцени од македонско-грчко-германскиот филм „Зад стоговите сено"

Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски и продуцентот Владимир Анастасов денеска беа во посета на отворен сет за филмот „Зад стоговите сено" кој во моментов се снима на локации низ Дојран, соопшти Владата.

Лазаревски изјави дека „Зад стоговите сено" е филм кој е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Македонија, ЗДФ Арте од Германија и Грчкиот филмски центар, Грчката национална телевизија ЕРТ, но е препознаен и од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела - Еуримаж.

„Оваа значајна соработка стана реалност, благодарение на Преспанскиот договор, и истата претставува размена на искуства помеѓу две филмски екипи, на две територии, отсликувајќи ги двата народа во создавањето на најголемото достигнување - филмско дело. Се надевам дека оваа соработка помеѓу соседите ќе се продлабочи и развива и во иднина, вклучувајќи ги сите останати сегменти од културното творење", кажа Лазаревски.

Продуцентот Владимир Анастасов изјави дека ова е завршниот дел од снимањето на филмот и дека ова е една од првите ко-продукции со Република Грција, и рече дека се надева дека филмот ќе има успешен живот на фестивалите и во кино-салите.

Почесниот Конзул на Република Грција во Македонија Ахилес Ракинас се заблагодари за поканата да присуствува на снимањето на филмот „Зад стоговите сено", проект кој е од големо значење за двете земји.

„Љубител сум на филмот, ја следам продукцијата од целиот регион, се чувствуваат успесите, затоа верувам дека и овој филм ќе остави белег. Се надевам на идни соработки во секоја област не само во филмот", рече Ахилес Ракинас.

Режисерката на филмот Асемина Проедроу од Република Грција за филмот рече дека станува збор за рибар кој живее во село на границата помеѓу Република Грција и Македонија.

„Тој се плаши дека ќе оди во затвор заради измама и долгови. За да собере пари почнува да пренесува мигранти со неговиот брод. Главната дилема во филмот е дали да се признае и да се каже вистината или да се сокрие", го образложи накусо сижето на филмот режисерката Асемина Проедроу.

Снимањето на филмот се одвивa на територија на Грција уште од 13 јануари, а потоа продолжи на локации во Дојран и Гевгелија.

Поради настанатата ситуација со КОВИД-19 и воведувањето на карантин, се промени стратегијата за снимањето на овој филм, којшто сепак успеа да биде комплетиран на сетовите на македонската страна од Дојранско Езеро.

Муцински: Да му честитам на македонскиот народ за големата излезност

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на прес конференција рече дека најпрвин ќе му честита на македонскиот народ на масовната излезност.

Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ, не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател на Стево Пендаровски денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори 2024 година.

Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека очекува мирен изборен процес, не само денеска, туку и на 8 мај кога ќе се одржат вториот круг на претседателските и парламентарните избори.

„Тоа е исклучително важно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите кои сме на овие претседателски избори, тоа е исклучително важно за целата држава, за Македонија, бидејќи држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес. Имаме долго искуство во таа смисла, повеќе од 30 години сме независна држава, имаме поминато многу изборни циклуси и јас се надевам дека како и минатиот пат, така и сега тоа ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди“, рече Пендаровски.

Ковачевски: Граѓаните заслужуваат европска иднина, очекувам и да ја поддржат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска го оствари своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори. 

Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека денеска е првиот чекор кон определување на правецот кон кој ќе се движи државата.

„Денес е голем ден, прв круг претседателски избори. Очекувам граѓаните да го искористат, во голем дел, своето гласачко право. Ние во изминатите 7 години ја вративме заедно со граѓаните демократијата во државата, затоа верувам дека граѓаните имаат доверба во изборниот процес и тоа ќе го докажат со бројноста на своето гласање. Денес е првиот чекор кон големата одлука, првиот чекор на првиот круг претседателски избори на кои што ќе определиме во кој правец ќе се движи државата", рече Ковачевски.

Во изјавата, Ковачевски посочи дека граѓаните сакаат да живеат во држава со европски стандарди и дека вториот голем чекор кон исполнување на оваа цел е на 8-ми мај, кога ќе биде вториот круг на претседателските избори и парламентарните избори.

"Дали ќе избереме да се враќаме кон минатото, кое што сакаме да го заборавиме, и кон стагнација или ќе одбереме кон прогрес и кон посветла иднина? Ние многу пати досега сме имале можност да се откажеме меѓутоа не сме се откажале. Затоа велам дека наредните две недели и особено на гласањето на 8- ми мај, треба да покажеме дека сакаме држава, која што држава ќе има европски стандард, квалитетно здравство, подобро образование, едноставно подобар систем. Постои проверен рецепт за тоа, а тоа е полноправно членство во ЕУ за кое што ние се залагаме и верувам дека граѓаните, и денес и на 8-ми мај, ќе поддржат таква иднина за Македонија, иднина во која што Македонија е дел од европското семејство, и ќе биде 28-ма земја членка на ЕУ", рече Ковачевски.

При тоа, Ковачевски посочи нема да дозволиме враќање во минатото кога бевме заробена држава, кога бевме раскарани со соседите, кога немавме ниту еден чекор направено кон евроатлантските интеграции, туку напротив, и денес и на 8-ми мај граѓаните ќе покажат дека сме за европска иднина на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

притисни ентер