Во длабочината на вселената е пронајден моќен мистериозен објект: Ова не личи на ништо досега познато - Канал 5

Во длабочината на вселената е пронајден моќен мистериозен објект: Ова не личи на ништо досега познато

Мистериозен и исклучително моќен објект, откриен во блиска галаксија и досега видлив само во милиметарски радио бранови, би можел да биде сосема нов астрофизички феномен, различен од сè што астрономите виделе досега.

Во длабочината на вселената е пронајден моќен мистериозен објект: Ова не личи на ништо досега познато

Објектот е именуван „Пунктум“ (од латинскиот pūnctum - „точка“) од страна на тим астрономи предводен од Елена Шабловинска од Институтот за астрофизички студии на Универзитетот Диего Порталес во Чиле. Таа го открила користејќи го телескопот ALMA (Atacama Large Millimeter/submillimeter Array), пишува Space.com.

„Надвор од царството на супермасивните црни дупки, Пунктум е навистина моќен“, изјави Шабловинска за Space.com.

Астрономите сè уште не знаат што всушност е - сè што е јасно е дека е компактен, има изненадувачки подреден магнетен спектар и зрачи огромни количини на енергија во својот центар.

„Кога ќе го ставите во контекст, Пунктум е неверојатно светол - 10.000 до 100.000 пати посветол од типичните магнетари, околу 100 пати посветол од микроквазарите и 10 до 100 пати посветол од речиси секоја позната супернова, при што само маглината Рак го надминува меѓу ѕвездените извори во нашата галаксија“, вели Шабловинскаја.

Пунктум се наоѓа во активната галаксија NGC 4945, релативно блиску до Млечниот Пат, на 11 милиони светлосни години од нас - веднаш надвор од границите на Локалното јато галаксии. Сепак, и покрај неговата близина, не може да се види во оптичка или рендгенска светлина, туку само во милиметарски радио бранови, што дополнително ја продлабочува мистеријата. Вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) сè уште не го набљудувал во блиската и средната инфрацрвена област.

Што би можело да биде Пунктум?

Неговата светлина останала константна во текот на неколку набљудувања во 2023 година, што укажува дека не станува збор за блесок или минлив феномен. Милиметарското зрачење обично потекнува од ладни објекти како што се млади протопланетарни дискови и меѓуѕвездени молекуларни облаци. Сепак, многу енергетски феномени како што се квазарите и пулсарите можат да произведат радио бранови преку синхротронско зрачење, каде што наелектризираните честички, движејќи се со брзина речиси на светлината, спирално се вртат околу линиите на магнетното поле и во тој процес емитуваат радио бранови.

Врз основа на силната поларизација на милиметарската светлина на Пунктумот, јасно е дека тој мора да има високо подредено магнетно поле. Затоа, Шабловинскаја верува дека зрачењето од Пунктумот е од синхротронска природа. Објектите со силна поларизација обично се компактни, бидејќи поголемите објекти имаат „неуредени“ магнетни полиња кои ја поништуваат поларизацијата.

Можно е синхротронското зрачење да потекнува од магнетар - високо магнетизиран пулсар. Сепак, и магнетарите и обичните пулсари се многу послаби во милиметарскиот спектар од Пунктумот. Остатоците од супернова, како што е маглината Рак (остаток од ѕвезда што експлодирала во 1054 година), се исто така светли во милиметарски бранови, но тие се многу големи - маглината Рак, на пример, се протега на околу 11 светлосни години - додека Пунктум е очигледно мал, компактен објект.

„Во моментов, Пунктум навистина се издвојува - не се вклопува удобно во ниту една позната категорија“, рече Шабловинскаја. „Искрено, ништо слично на ова не се појавило во ниту едно претходно истражување на милиметарски бранови, главно затоа што до неодамна немавме ништо толку чувствително и со висока резолуција како ALMA.“

Можно е Пунктум да е само екстремен пример за познат објект - можеби магнетар во необична средина или остаток од супернова што комуницира со густа материја. Засега, ова се само претпоставки без докази. Исто така е можно Пунктум да е првиот пример за сосема нов вид астрофизички објект што го видовме само благодарение на ALMA.

Што носат понатамошните набљудувања?

Пунктум е 100 пати побледо од активното јадро на NGC 4945, кое се напојува од супермасивна црна дупка што вшмукува материја. Веројатно воопшто немаше да биде откриено во податоците од ALMA доколку немаше исклучително силна поларизација.

Понатамошните набљудувања со телескопот ALMA ќе помогнат да се разјасни природата на овој објект. Првите набљудувања на Пунктум всушност беа насочени кон светлото активно јадро на NGC 4945, а неговото откривање беше случајно. Идните насочени набљудувања на Пунктум би можеле да обезбедат податоци со многу помалку шум, без ризик од преекспонирање на галактичкото јадро и да опфатат поширок опсег на фреквенции.

Најголемата помош би можела да дојде од телескопот JWST. Ако може да го забележи инфрацрвениот еквивалент, неговата висока резолуција би можела да помогне во откривањето на природата на Пунктум.

„Острата резолуција и широкиот опсег на бранови должини на JWST би можеле да откријат дали емисијата од Пунктум е чисто синхротрон или вклучува прашина или линии на емисија“, вели Шабловинска.

Засега, сè е на ниво на шпекулации, а единственото нешто што е сигурно е дека астрономите имаат вистинска мистерија пред себе која, барем засега, ги остави збунети.

„Во секој случај“, заклучува Шабловинска, „Пунктум ни покажува дека сè уште има многу да се открие на милиметарското небо.“

Научниот труд за откривањето на Пунктум е прифатен за објавување во списанието Astronomy & Astrophysics, а верзијата за претходен пристап е достапна на astro.ph.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.

Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот.

„Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски.

Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува.

„Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер