Во денешниот земјотрес во Тајван најмалку девет мртви и над 880 повредени

 Најмалку девет лица загинаа, а 882 се повредени во силниот земјотрес што рано утринава го погоди Тајван.

Во денешниот земјотрес во Тајван најмалку девет мртви и над 880 повредени

По земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала кој утрово го погоди источниот брег на Тајван, во урнатините останаа заробени над 120 луѓе, за кои се верува дека се живи.

Епицентарот беше на 18 километри јужно од градот Хуалиен, а досега се регистрирани најмалку 100 последователни потреси.

Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето, при што 26 згради се урнаа или значително се оштетени, патишта се разорени, а некои делови од Тајван останаа без струја. Од некои згради паѓале делови од конструкцијата, како и скелиња на недовршени згради.

Противпожарната служба наведува дека најмалку 127 лица се заглавени под урнатините. Повеќе од 75 луѓе се заробени во тунелите Јинван и Кингсуи во подножјето на планините околу Хуалиен. Во спасувачката операција е вклучена и армијата.

Исто така, најмалку 50 луѓе се заробени во четири минибуси кои патуваа од Хуалиен до блискиот национален парк Тароко.

Земјотресот во Тајван е најсилниот во последните 25 години, а почувствуван е и на југот на Јапонија, на истокот на Кина и на Филипините.

Делот од островот кој беше зафатен од земјотресот е нерамна област со високи планини. Експертите предвидуваат дека во наредните денови ќе има опасност од активирање на нови одрони.

Веќе се урнати неколку мостови во планинските населби.

Спасувачките служби соопштија дека тројца планинари загинале по свлечиште предизвикано од земјотресот на планинската патека Декалун, додека едно лице загинало во автомобил пред тунелот Хуиде, кога дел од карпа се откинал и паднал врз возилото.

Предупредување за цунами беше издадено за Тајван, Јапонија и Филипините, но оттогаш предупредувањата се повлечени во некои области.

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година. 

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешката Република со специјален лет вечерва испраќа медицински тим од Централната воена болница кон Македонија за да помогне на барање на македонските власти по трагичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

„Владата одобри испраќање медицински тим од Министерството за одбрана, поточно тим од Централната воена болница, 10 воени лекари и медицински персонал. Веста за ноќниот пожар во Кочани длабоко ме потресе. Сојузниците мора да стојат еден до друг во тешки моменти. Затоа веднаш го исполнивме северномакедонското барање", изјави вечерва чешкиот премиер Петр Фијала.

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.

Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:

• Клинички центар – 20 пациенти

• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти

• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент

• Клиничка болница Штип – 20 пациенти

• Општа болница Кочани – 7 пациенти

• Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.

• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.

• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.

• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.

• Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.

• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.

Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

 Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. 

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.

- Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица, информираа вечерва од Државното јавно обвинителство.

Предлогот за краткотраен притвор е поднесен до Основниот суд во Кочани.

Во пожарот во Кочани, според последните официјални податоци, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

притисни ентер