Во Делчево по осми пат ќе се одржи фестивалот на електронска музика „До Зора" - Канал 5

Во Делчево по осми пат ќе се одржи фестивалот на електронска музика „До Зора"

Фестивалот „До Зора" кој во делчевското село Истевник за првпат се одржа во 2012 година, годинава го доживува своето осмо издание.

Во Делчево по осми пат ќе се одржи фестивалот на електронска музика „До Зора"

Како што информираа организаторите, фестивалот годинава ќе се одржи на 3 август на добро познатата локација во село Истевник каде впрочем, како што вели еден од организаторите Димитар Димитровски, започнала и приказната за овој транс фестивал.

-Се работи за фестивал кој по осми пат се одржува по примерот на познатиот фестивал на електронска музика „Озора". Фестивалот низ годините имаше неколку трансформации, две години се одржуваше кај локалитетот „Кула" во село Чифлик, па имавме минатата година фестивал кој се одржа на градскиот базен во Делчево. Оваа година решивме повторно да го вратиме на старата локација во Стар Истевник, вели Димитровски.

Во рамките на овогодишниот фестивал „До Зора" ќе има посебен кампинг-простор, штандови за храна, пијалоци, тушеви и слично за што како што додава Димитровски заинтересираните ќе можат да се информираат повеќе на социјалните мрежи.

-За гостите кои ќе дојдат од страна имаме организирано автобуски превоз, оние кои ќе кампуваат се најавени неколку вечери претходно, така што и годинава очекуваме уште една атрактивна журка, додава Димитровски.

Меѓу главните музички имиња кои ќе настапат на фестивалот се Селестиал Интелиџенс, Кецман, Ониро, Морфера и многу други кои им се познати на љубителите на електронската музика.

Фестивалот на електронска музика „До Зора" кој ќе се одржи на 3 август оваа година, започнува во 18 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

Претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. 

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!

Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен.

Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.

На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Веднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер