Во дел од струшките училишта ќе се реорганизираат смените

Целта на реорганизирањето на смените, како што имформира денеска градоначалникот, е заштеда на електрична енергија, а со тоа и заштеда на училишниот буџет. 

Реорганизирање на наставните смени во основните училишта во струшките села и настава во етнички мешани смени во основното училиште „Браќа Миладиновци" во Струга било договорено на средбата на градоначалникот Рамиз Мерко со директорите на училиштата.

Целта на реорганизирањето на смените, како што имформира денеска градоначалникот, е заштеда на електрична енергија, а со тоа и заштеда на училишниот буџет. Досега, појасни, во училиштата во руралните средини, учениците од прво до петто одделение оделе само прва смена и по завршувањето на часовите имало поголема пауза до почетокот на втората смена, односно повисоките одделенија, кои имаат поголем фонд часови и завршуваат подоцна. Со измените, според Мерко, учениците од шесто до деветто оделение настава ќе поседуваат само прва смена, часовите ќе им завршуваат нешто пред 13 часот, за од 13 часот да продолжат пониските одделенија, чија настава ќе заврши околу 16 часот.

– Досегашната пракса докажа дека наставата со учениците од прво до петто одделение одржана од сабајле, трае многу пократко од наставата на учениците од шесто до деветто одделение, кои имаат повеќе часови. Со планираната ротација сметаме дека настава на двете смени ќе заврши порано. Реорганизирањето на наставниот распоред ќе заштеди електрична енергија, а со тоа и заштеда на училишниот буџет, истакна Мерко.

Тој иницирал и правење мешани етнички смени во ОУ „Браќа Миладиновци" во Струга, каде наставата се изучува на македонски, албански и турски јазик.

– После 15 години во ОУ „Браќа Миладиновци" од второто полугодие наставата ќе се одвива во мешани етнички смени. Досега учениците Македонци, Албанци и Турци учеа во различни смени, а од второто полугодие ќе продолжат да учат во мешан состав, со цел да им дадеме можност да се запознаат и да се дружат повеќе. Ќе продолжиме да работиме на обединување и подобрување на етничката атмосфера во градот, а посебно во училиштата, кои не треба да се етнички поделени, поларизирани и сегрегирани, рече Мерко.

На состанокот со директорите била донесена одлука јавните набавки, кои се објавуваат за секое училиште посебно, да бидат во еден заедничка набавка, што се очекува да резултира со подобро и полесно менаџирање.

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер