Во Црна Гора е уапсен садист,кој претепува момче во несвест (ВИДЕО) - Канал 5

Во Црна Гора е уапсен садист,кој претепува момче во несвест (ВИДЕО)

Црногорскиот државјанин Иван Контиќ е уапсен во Црна Гора, заради тоа што садистички ги му ги скршил рацете на онесвестено момче во Нови Сад.

Во Црна Гора е уапсен садист,кој претепува момче во несвест (ВИДЕО)

Како што пренесува Телеграф, Контиќ и група дивјаци претепале еден млад човек кон крајот на август. Садистот го удирал младиот човек толку силно што тој загубил свест, а потоа продолжил да го тепа. На снимката се гледа како тој прво заминува, а потоа се враќа и буквално му ги крши обете раце на несвесниот човек кој лежи неподвижен на улица.

Црногорската полиција денеска соопшти дека црногорскиот државјанин е уапсен попладнето во Подгорица.

За него била распишана меѓународна потерница за кривично дело убиство во обид, што го сторил на територијата на Србија. Црногорското Министерство за внатрешни работи објави и фотографија од апсењето.

Како што претходно објави српски Блиц, Контиќ е дипломиран правник и некогаш бил член на репрезентацијата на Црна Гора во џудо.

Завршил право на Универзитетот Унион во Белград, а последната година работел во адвокатска канцеларија во Нови Сад. Тој исто така бил запишан во Адвокатската комора на Војводина како приправник.

Неколку месеци работел и како чувар во казино пред кое претепал еден млад човек. Тој наводно претходно ја познавал својата жртва и тие биле во добри односи, па не е јасно зошто го претепал толку брутално.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Знаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднаш

Стениците се многу здодевни штетници кои предизвикуваат чешање доколку ве каснат, предизвикувајќи алергиски реакции и секундарни инфекции на кожата.

Знаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднаш

Според стручните лица од Bed kingdom, ова се знаци на кои треба да обратите внимание, пренесува Мирор.

Чудна миризба: Стениците испуштаат необичен мирис, а експертите објаснуваат: „Еден од раните знаци на наезда од стеници е чуден мирис на застоено во спалната, дури и кога нема очигледна причина за тоа – како на пример, куп валкана облека. Кога стениците се загрозени, испуштаат таканаречени феромони за тревога, кои имаат слаб мирис на малини, коријандер или нешто слично. При сериозни наезди, овој мирис може да се измеша со мирисот на мртви стеници и отфрлени чаури, создавајќи мирис што потсетува на 'рѓа.“

Каснувања: Ако се разбудите со „црвени каснувања што чешаат“, тоа може да биде знак за присуство на стеници. Тие обично се хранат со крв во текот на ноќта, често каснувањата се во групи или поединечни. Според стручните лица, тие генерално не се опасни, но некои луѓе може да бидат алергични – доколку забележите отоци, побарајте лекарска помош.

Јајца: Јајцата на стениците тешко се забележуваат бидејќи се ситни – долги се само 1 мм – но можете да барате сè што наликува на мали зрна ориз во вашиот кревет. Тие можат да се залепат на различни површини, најчесто по должина на рабовите и споевите на душекот или зад наслонот на креветот.

Обвивки: „Стениците се „преслекуваат“ неколку пати во текот на својот животен циклус, што значи дека отфрлената кожа може да варира по големина“, објаснуваат експертите. „Можете да ги препознаете по нивниот жолтеникав, проѕирен изглед на рабовите, наборите и процепите на душекот, па дури и на други места, како што се пукнатини во ѕидовите или во мебелот.“

Дамки од крв: Откако ќе завршат со хранењето, од телото на стеницата може да истече крв доколку ја згмечите додека спиете – на пример, при ненадејно движење или превртување во креветот. Ако забележите вакви траги, а нема друга очигледна причина за нив, најверојатно тие се знак за наезда.

Темнокафеави траги: Мали, темни дамки од изметот на стениците со големина на врв од молив може да се појават на душеците, чаршафите, наслоните за глава, па дури и на ѕидовите. Бидејќи се многу помали од дамките од крв, тие се потешки за забележување. Исто така, тие испуштаат слаб мирис на 'рѓа, што придонесува за непријатна, застоена миризба.

Живи стеници: Возрасните единки се долги околу 5 мм и имаат тенденција да се кријат на најразлични места, почнувајќи од самиот кревет па сè до неговата околина. Со малку труд, тие можат да се забележат, што е прв чекор кон нивно отстранување.

Ако забележите некои од овие значи, постелнината, навлаките и облеката за кои се сомневате дека биле изложени на стеници, исперете ги на висока температура согласно упатствата за одржување. Темелно извакуумирајте ги достапните процепи и рабови на душекот, а содржината безбедно одложете ја во затворена кеса.

Избегнувајте прскање на креветот со случајно избрани хемикалии или преместување на потенцијално заразените работи од една во друга просторија. Ако најдете живи стеници или јасни знаци за нивно присуство, најдобро е да повикате служба за дезинсекција.

Стениците може да се појават и во уредни домови, најважно е што порано да се препознаат зашто проблемот полесно се решава пред да се прошират низ целиот дом.

Извор: vecernji.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријави

Тврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.

Српски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријави

Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан.

Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал.

Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред.

Што содржеше објавата

На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат.

Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена.

Обвинителството нареди истрага

Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространет

Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.

Мерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространет

Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс.

Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“.

„Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој.

Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц.

Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно.

Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Срам за нашата земја“

Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија.

„Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер