Во четири средни училишта в понеделник ќе има квалификациско тестирање

Во три средни училишта во Скопје, Струмица и Прилеп, како и во скопската гимназија „Орце Николов"  в понеделник ќе се организира квалификациско тестирање од 10 часот.

Во три средни училишта во Скопје, Струмица и Прилеп со здравствена струка за насоката медицинска сестра, како и во скопската гимназија „Орце Николов" за билингвалните паралелки по англиски јазик се пријавиле повеќе ученици со максималниот број (75) бодови отколку што се предвидени слободни места во Конкурсот за прва година во 2020/2021 година, соопштија од Министерството за образование и наука за МИА. Поради тоа, во четирите училишта в понеделник ќе се организира квалификациско тестирање од 10 часот.

Се работи за СУГС „Д-р Панче Караѓозов" во Скопје за медицинска сестра на настава на албански јазик, каде што се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број бодови се пријавени 166 ученици.

Во СОУ „Димитар Влахов" во Струмица, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, слободни се 34 места односно една паралелка, а со исти бодови се пријавени 39 ученици, како и во СОУ „Ѓорче Петров" во Прилеп, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максинални (75) бодови.

На 22 јуни на квалификациското тестирање за учениците што се пријавиле за оваа насока во трите училишта ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија на јазикот на кој тие ја следеле наставата во основното училиште.

Во скопската гимназија „Орце Николов" квалификациско ќе има во билингвалните паралелки по англиски јазик. Тестирање ќе има по предметот англиски јазик на 145 ученици пријавени со 75 бода затоа што според Конкурсот треба да се примат 136 во четири паралелки. И ова тестирање ќе биде в понеделник, 22 јуни, од 10 часот во училиштето.

Тестовите ги изработува Бирото за развој на образованието, а комисијата за организирање на квалификациското тестирање е формирана од членови на МОН, БРО и наставници од самите училишта.

Средните училишта во земјава попладнево по 15 часот ги објавија ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок за средно образование за учебната 2020/2021 година, кое беше спроведено на 16, 17 и 18 јуни, а во некои училишта пријавување имаше и денеска до 13 часот.

Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни.

За изборите утре акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

Пет години по последните претседателски и четири години од последното гласање на парламентарни избори, Македонија избира нов шеф на државата и пратеници за следниот собраниски состав. 

Државната изборна комисија е целосно подготвена за двојниот процес, велат оттаму, но потсетуваат дека за разлика од вообичаените изборни циклуси, сега важат поразлични правила на самите избирачки места. Овојпат за да биде разграничена излезноста, преку која ќе се знае дали е исполнет неоходниот цензус од 40 отсто за претседателски избори, гласачот ќе добие прашање - дали сакате да гласате за претседателските, за парламентарните или за двата процеса?

-Државната изборна комисија е подготвена да го спроведе изборниот процес. Веќе после 19 часот ќе имаме некои првични неофицијални информации коишто ќе се соопштуваат на пресконференција. Граѓаните кога ќе пристигнат на избирачкото место ќе треба да се одлучат за кои вид избори сакаат да гласаат, за парламентарни, претседателски или за двата вида на избори и соодветно на тоа ќе добијат гласачко ливче според изборот којшто го направиле,-Радица Тодоровска Алексовска – портпарол на ДИК.

На вториот круг од претседателските избори, исто како и за првиот круг на 24 април, право на глас имаат 1 814 317 избирачи кои овојпат избираат меѓу двајца кандидати. За изборите да бидат прогласени за успешни, на гласање треба да излезат најмалку 725 илјади избирачи.

За парламентарните пак, избирачкиот список е подолг за 1033 гласачи, а ќе може да бираат меѓу 17 пратенички листи. Од Државната изборна комисија појаснуваат дека причината за поголемата бројка на гласачи е поради лицата кои наполниле 18 години помеѓу двата претседателски круга и согласно актот за распишување на изборите, тие немаат право да гласаат за претседател, туку само за нов пратенички состав.

За овие двојни избори се акредитирани 2000 набљудувачи, како и бројни новинари од кои 66 се од странски медиуми.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

право на глас 1.814.317 ГРАЃАНИ / цензус 40%

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

право на глас 1.815.350 ГРАЃАНИ

Денеска гласаат осудениците, болните и лицата во старските домови

Двојните изборите започнаа за дел од граѓаните, затворениците во КПД Идризово, утринава од 7 часот веќе ги спуштија првите ливчиња во гласачките кутии.

Од затворските ќелии, во групи со полициска придружба и во комбиња ги носеа во кантината каде си ја исполнија граѓанската должност.

Во групи од по 10 лица, затворениците еден по еден застанаа пред избирачкиот одбор да си го земат своето ливче и да си го остварат правото на глас на еден ден пред изборите.

Во овој затвор правото на глас денеска го остваруваат 887 гласачи од 80 општини, а до 11 часот демократското право го оствариле 250 лица. Од одборот велат гласачкото место почнало со работа во 7 часот, а се затвора во 19 часот, а објаснија и како се одвива процесот.

-Дојдовме вчера, дистрибуиран е со асистенција од полиција, во посебна просторија беше заклучен материјалот, како го оставивме, така го затекнавме, ги наместивме материјалите и почнавме. Ние ги прашуваме дали сакаат и за едните и за другите избори, тие си ги земаат двете ливчиња, кој сака гласа, кој сака го остава празно или ко пречрктува,- изјави Зоран Петровиќ – Член на избирачки одбор - КПД Идризово.

Во останатите затвори во земјата, гласаа над 1200 затвореници, а според информациите, секаде гласањето се одвива без никакви проблеми.

-Го отворивме точно на време, во 7 часот имаме 206 гласачи и по двата избирачки списока, за претседателски и парламентарни избори и досега има излезеност,- Адријана Хаџи Николова – член на избирачки одбор – КПД Штип.

Својот глас денеска го даваат и болните и немоќни лица во домашни услови, поради не можноста да се појават на гласачките места. Ширум земјава од нив 11.095 се пријавиле дека ќе гласаат на претседателските, додека пак 11.197 ќе гласаат на парламентарните избори.

Митра Арсова од Штипско за прв пат во своите 81 година нема да гласа на избирачко место, но вели, демократскиот процес мора да се испочитува, па дури и во домашни услови..

Треба да се излезе на гласање, се знае гласање е, треба да се излезе.

Денес ја спроведуваме постапката за гласање на болни и изнемоштени лица на избирачко место 228 на железничка станица, по избирачки список имаме тројца болни и изнемоштени лица и веќе за голем дел од нив е извршено гласањето,- Избирачки одбор – Штип.

Денека се гласа и во домовите за возрасни, каде 534 лица пријавиле дека ќе гласаат на двојните избори. Во тек е и гласањето на дијаспората, таму гласот ќе го дадат 2569 лица кои имаат право да гласаат само на претседателските избори... За парлемнатраните нема да гласаат бидејќи немаше доволно пријавени за да се исполни условот од изборниот закон.

На Реал ќе му биде доделен шампионскиот пехар во базата на клубот зад затворени врати

Новиот првак во Шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид ќе го прими шампионскиот трофеј зад затворени врати.

Клубот од Мадрид предвреме си ја обезбеди титулата освојувајќи 87 бода по 34 кола во Ла Лига.

Претходно се дозна дека Реал Мадрид побарал доделувањето на наградата да не се одржува на стадионот на Гранада против која ќе игра на 11 мај во дуел од 35. коло.

Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) одлучи да му го додели трофејот на Реал во базата на клубот в недела. Ќе го достави претседателот на организацијата, Педро Роча.

Реал се согласи на ваков чин, а потоа планира да организира свечени настани. /МИА

притисни ентер