Во болници низ Израел се пренесени 287 повредени во иранските напади - Канал 5

Во болници низ Израел се пренесени 287 повредени во иранските напади

Најмалку 287 лица повредени во воздушните напади на Иран врз израелски цели во текот на ноќта се пренесени во болници, соопшти израелското Министерство за здравство.

Во болници низ Израел се пренесени 287 повредени во иранските напади

Едно лице е во сериозна состојба, а 14 имаат умерени повреди, вклучувајќи две лица хоспитализирани во детска болница во Петах Тиква.

Повеќето, како што пренесува „Тајмс оф Израел“, имаат полесни повреди или се во шок.

Министерството за здравство не ја соопшти состојбата на 15-те лица пренесени во болница во местото Бнеи Брак. Тој град, источно од Тел Авив, беше погоден од иранска ракета во текот на ноќта, при што загина едно лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Авион се урна на писта на аеродром во Доминиканската Република

Авион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во Доминиканската Република, при што загинаа пилотот и копилотот.

Видео: Авион се урна на писта на аеродром во Доминиканската Република

Две лица загинаа во недела кога приватен авион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во источна Доминиканска Република, соопшти националната служба за цивилно воздухопловство. Пилотот и копилотот загинаа во несреќата, а во авионот немаше патници, објави CNBCTV18.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа густ облак од чад како се издига над аеродромот додека пожарникарите се бореа со пожарот.

Доминиканскиот институт за цивилно воздухопловство соопшти дека екипажот прогласил вонредна состојба додека авионот се наоѓал на околу 16 наутички милји југозападно од Ла Романа. Авионот се урна додека се обидувал да се врати на аеродромот. Властите потврдија дека е започната истрага за да се утврди причината за падот на „Галфстрим Г200“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈПДП од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови

Почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови.

ЈПДП од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови.

Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (MTAG / MCARD) и готовинско плаќање (CASH).

Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, додека црвен икс (X) – означува затворена лента

Непочитувањето на означувањето и намената на лентите, посочуваат од ЈПДП, може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проектот продолжува – уште 50 нови домаќинства се приклучија кон селекцијата на пластичен отпад во Лисиче

Големиот интерес на жителите покажа дека грижата за животната средина станува секојдневна навика во Општина Аеродром. 

Проектот продолжува – уште 50 нови домаќинства се приклучија кон селекцијата на пластичен отпад во Лисиче

Затоа, потпишавме нови 50 договори со домаќинства од населба Лисиче кои активно ќе се вклучат во системската селекција на пластичен отпад, а на семејствата им беа поделени и специјални канти.

Проектот веќе дава одлични резултати, а собирањето на отпадот се одвива редовно и организирано. Целта е да бидат опфатени вкупно 600 домаќинства, кои преку своето активно учество ќе придонесат за почиста и поздрава животна средина.

Проектот го спроведува ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, а собраниот отпад се предава на овластени компании за понатамошна обработка и рециклирање. За негов транспорт е обезбедено и специјално електрично товарно возило, што дополнително придонесува за намалување на загадувањето.

Општина Аеродром е една од првите општини во државата која спроведува ваков системски проект за селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата, поставувајќи пример за современ и одговорен пристап кон управувањето со отпадот.

Благодарност до сите жители кои се приклучуваат и покажуваат дека вистинските промени започнуваат од сопствениот дом. Заедно градиме еколошки навики, подигнуваме свест и создаваме почиста иднина за генерациите што доаѓаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер