Во близина на центарот на нашата галаксија е откриен таинствен објект што трепери - Канал 5

Во близина на центарот на нашата галаксија е откриен таинствен објект што трепери

Се чини дека мала мистерија се одвива во близина на центарот на нашата галаксија.

Во близина на центарот на нашата галаксија е откриен таинствен објект што трепери

Имено, астрономите пронашле чудна sвезда оддалечена околу 25.000 светлосни години од Земјата, која започнала да трепери пред неколку месеци, а потоа скоро исчезнала и сега повторно се појави.

Научниците веруваат дека sвездата VVV-WIT-08 може да припаѓа на нова класа sвезди - џиновски ѕверови 100 пати поголеми од Сонцето, кои се затемнуваат на секои неколку децении (го прикрива погледот во наша насока) од друго мистериозно тело во нејзината орбита.

Иако, релативно гледано, универзумот е претежно празен, секогаш е можно некои sвезди и објекти во одреден момент да бидат распоредени на таков начин што од Земјата се чини дека ѕвездите сјаат. Но, не е секогаш лесно да се открие што точно го блокира нашиот поглед кон ова далечно сонце. Некоја џиновска планета? Вселенска прашина?

Случајот со sвездата VVV-WIT-08 е доста невообичаен. Иако научниците забележале пад на светлината кај другите sвезди, ниту една не била толку изразена. Астрономите веруваат дека виновник за ова затемнување може да биде друга sвезда или планета, опкружена со густ непроѕирен диск од прашина, кој орбитира околу VVV-WIT-08 и целосно ја покрива кога ќе помине пред нашите очи, пишува Science Alert.

„Неверојатно е што гледавме како темен, голем и издолжен предмет поминува меѓу нас и некоја далечна sвезда и сега можеме да размислиме од каде потекнува“, рече астрономот Сергеј Копосов од Универзитетот во Единбург.

Ова не е прв пат научниците да пронајдат систем со орбитален придружник кој има џиновски диск. Еден добро познат пример е џиновската sвезда Алмааз (Epsilon Aurigae) со објект во 27-годишна орбита што ја намалува светлината на sвездата за околу 50% во текот на 730 дена.

Студија наречена VVV-WIT-08: the giant star that blinked е објавена во Monthly Notices of the Royal Astronomical Society..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

Во Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. 

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

-На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“.

Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар.

Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим.

„Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно.

Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер