1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
КултураВо Битола премиера на театарската претстава „Пинокио“ во режија на Деан ДамјановскиВо битолскиот театар по 30 години повторно ќе биде изведена претставата „Пинокио“ од Карло Голоди во режија на Деан Дамјановски.Прв режисер на претставата пред 30 години беше Љупчо Ѓоргиевски, ликот на Пинокио го толкуваше актерката Валентина Грамосли која повторно ќе настапи во улогата на штурецот, а во новата премиера, ликот на Пинокио го игра актерот Никола Стефанов. -Овој е народен театар и овој театар треба да создава што повеќе и квалитетни спектакуларни претстави, а Пинокио е пример за тоа како и останатите театари во државата треба да вложуваат и да создаваат театар посветен на децата, истакна Васко Мавровски, директор на НУ Народен театар Битола. Театарската претстава „Пинокио“ во најголем дел е музички оформена, а композитор е Марјан Нечак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Андреј Георгиевски, а режисер е Деан Дамјановски. - Со битолскиот театар соработував пред пет години кога ја подготвувавме претставата „Сомнително лице“ и која се уште е на репертоарот затоа што има интерес кај публиката. А новиот проект „Пинокио“ кој е поддржан од целиот ансамбл, претставува синтеза и со млади луѓе, деца кои се вклучија во процесот на работа кој што беше многу интересен, но напорен. Приказната за Пинокио носи многу важна порака и поврзана со изборите што ги правиме во животот, некогаш правиме погрешен избор, но никогаш не е доцна човек да се врати на вистинскиот пат, посочи режисерот Дамјановски. Во претставата освен актерот Никола Стефанов и актерката Валентина Грамосли, ќе настапат Марјан Георгиевски, Јулија Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска и Александар Димитровски, но и членови на театарската школа „Бабец“. Автор на театарскиот плакат е Михајло Димитриевски познат како „Тхе Мичо“, еден од најдобрите македонски илустратори и тој во текот на цела 2026 година ќе биде посветен на дизајнот на рекламниот материјал на НУ Народен театар Битола, информираа од таа национална установа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаОпштина Карпош: Евергрин вечер со „ Дац и Александар“Петтата вечер од Карошовото културно лето, помина во знакот на музичката изведба на добропознатото дуо „Дац и Александар“. На платото на „Млечен“, во прекрасен амбиент , голем број на карпошани се забавуваа, како со авторските хитови така и со преработка на познати музички песни , како „Љуби ме“, „Уште те барам“, „Чија си“, „Пушти Коси“, „Како Вардар ќе дотечам“, „Корона Чао“ „ Милена Генерацијо“ и многу, многу други песни. На вваа вечер, присуствуваше и првиот човек на Општината, Сотир Лукровски, кој истакна дека карпошовото културно лето е одлична можност за другарување и спој на различни генерации карпошани: Оваа традиционална културно – уметничка манифестација ја искористивме повторно да се сретнеме со соседите и пријателите, да се забавуваме и споделуваме позитивна енергија. Ви посакувам убава пријатна вечер, и ве поканувам да присуствувате , на сите преостанати вечери до крајот на карпошовото културно лето, кои ќе бидат исполнети со музика за сечиј вкус и сите генерации на карпошани, нагласи Лукровски. Вибрантната атмосфера, добрата енергија и „проверената“ забава, беше надополнета со изненадувањето на вечерта – нашите музички звезди од деведесеттите години, сестрите „Маријана и Росана“. Ова наше легендарно музичко дуо, кое освен што ги испеа нивните најголеми и најпознати хитови, и ги вратија карпошани во едни убави, не толку далечни времиња, на оваа сцена заедно со „домаќините“ Дац и Александар ја изведоа нивната заедничка песна „Засекогаш млади“. Во рамки на 47-мото издание по ред, на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал „Фестивал на солидарноста“, во организација на АКУД „Мирче Ацев-Скопје“, почитувачите на фолклорот, на денешниот ден од карпошовото културно лето можеа да уживаат во изведбата на интернационални фолклорни групи и ансамбли. На фестивалот, ќе учествуваат и домашни фолклорни групи, а танцовите формации доаѓаат од Мексико, Унгарија, Романија, Полска и Турција. Оваа година, истиот ќе трае од 23-27ми август , со три целовечерни концерти на отворено во Општина Карпош , како и семинари за фолклор –презентација на народни носии, инструменти и танци , како и практично изучување на традиционални ора и игри. На тој начин, карпошани, ќе може да уживаат и да се насладуваат во богатата и разновидна фолклорна културно-уметничка програма за време на карпошовото културно лето. Од 20:00 часот, во училишниот двор во ООУ „Петар Поп Арсов“, беше прикажан филмот „Медена земја“, а заклучно со 27-ми овој месец, љубителите на добриот македонски филм, заедно со своите маалски соседи, роднини и пријатели, на истата локација, од истиот термин ќе може да ги проследат филмовите кои се на репертоарот во рамките на „отвореното кино“. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГерманија бележи силен градежен бум: Нарачките, приходите и вработеноста растатГерманскиот градежен сектор силно порасна во јуни, со зголемување на нарачките, приходите и вработеноста, објави Федералниот завод за статистика.Нарачките во главниот градежен сектор, прилагодени за ценовните и календарските фактори, се зголемија за 11,3 проценти во јуни во споредба со истиот месец минатата година, додека приходите, по прилагодување на цените, се зголемија за 6,6 проценти, делумно благодарение на големите договори. Посилна активност беше забележана и во градежништвото, кое во голема мера зависи од станбената изградба, како и во нискоградбата, која вклучува изградба на патишта и мостови. Позитивни движења беа видливи и во тримесечниот период од април до јуни, што дава поцелосна слика за состојбата во секторот. Бројот на вработени се зголемува Во исто време, бројот на вработени во јуни се зголеми за 1,5 проценти на годишно ниво, на околу 545 илјади. „Јуни беше добар месец за градежната индустрија“, рече Феликс Паклепа, извршен директор на Германското здружение на градежната индустрија (ZDB). Тој го истакна силниот раст во изградбата на патишта и јавни згради, но предупреди дека по нестабилната прва половина од годината е прерано да се зборува за пресврт во градежништвото. Градежниот сектор има корист од милијардите евра што федералната влада ги инвестира во патишта и железници. Сепак, изградбата на станови останува слаба, делумно поради високите каматни стапки кои останаа на покачено ниво и ја направија изградбата поскапа за граѓаните и инвеститорите. Станбената изградба покажува први знаци на закрепнување Сепак, станбената изградба покажува први знаци на закрепнување. Бројот на градежни дозволи во првата половина од годината се зголеми за нешто повеќе од 15 проценти, што е најсилниот раст во првите шест месеци од годината од 2016 година. Силниот раст на нарачките дава причина за оптимизам, објави Здружението на градежната индустрија „HDB“. Сепак, здружението ја намали својата прогноза за приходите на секторот оваа година од 2,5 проценти на еден процент во реални услови поради зголемувањето на трошоците за изградба. Дали растот во јуни претставува пресвртница или се покажува како само краткотраен пад, останува да се види, рече извршниот директор на „HDB“, Тим-Оливер Милер. Здружението сè уште очекува вработеноста во главниот градежен сектор да се зголеми за еден процент оваа година, или за околу 10.000 луѓе, на 933.000. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаГерасимовски: Реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“ е во завршна фазаОпштина Центар е во завршна фаза со реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“, која до почетокот на новата учебна година ќе биде целосно обновена и подготвена за учениците.Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инвертер клима-уреди. Во тек се работите на електричната инсталација во гардеробите, стругањето и лакирањето на паркетот, замената на подот и вратите во гардеробите, како и молерско-фарбарските работи во целата сала и гардеробите. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека се користат последните денови пред почетокот на учебната година за да се завршат сите предвидени активности. „Имаме уште една недела до почетокот на новата учебна година и работиме за сè да биде завршено навреме. Салата во „Коле Неделковски“ е во завршна фаза и до 1 септември учениците ќе добијат целосно обновен и функционален простор за спорт. Во изминатиот период ги реконструиравме и спортските сали во ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „11 Октомври“. Продолжуваме да вложуваме во нашите училишта и да создаваме подобри услови за секое дете“, изјави Герасимовски. Со реконструкцијата на спортските сали, Општина Центар продолжува со подобрување на условите во основните училишта и создавање побезбедна и поквалитетна средина за учење, спорт и развој на учениците. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter