Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст
1Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст
Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)
2Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)
КултураВо Битола почна фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“Со македонското оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“, вечерва во Битола почна 52 издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.Фестивалот за отворен го прогласи потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски кој во своето обраќање ја поздрави публиката и сите претставници на како што рече светската фолклорна ризница. -Музиката, фолклорот и игрите, иако универзална цивилизациска категорија и дел од светското културно наследство, во исто време претставуваат и значајни елементи кои го дефинираат, чуваат и развиваат националниот идентитет на секој народ. Со тоа, тие стануваат вистинските амбасадори на културното богатство на својот народ. А секој народ има нешто посебно со што се гордее и што му ја грее душата, нели? Секако и ние имаме вредности кои нашите предци векови наназад знаеле и успеале да ги сочуваат, развиваат и пренесат на помладите генерации како дел од нашиот национален и културен идентитет, истакна Мисовски. Илинденските денови се културното ехо на Манифестот од 1903-та и универзалниот повик за слобода и за човечки правдини. Ние, Македонците, одамна ја дигнавме главата, но не за да покориме некого туку за да живееме во разбирање со секого. Нашата вековна мудрост нė научи дека оној што ни задал низок удар веќе доволно се наведнал пред нас и се понижил и пред историјата и пред фактите, нагласи во својот говор министерката во Министерството за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. –Нашето срце, од колено на колено, бие во седум осмински такт зашто само така сме живи. Ние песна не украдовме, ние песна подаривме. Ние оро не позајмивме, ние на оро повикуваме. На овој бел свет, верувам, не постои човек кој барем не слушнал колку е и „проста и строга“ македонската песна, колку е длабока македонската музика, колку е страствен, а тежок чекорот во македонското оро . И оттаму велиме,ако има некој што не ја знае и не ја разбрал нашата историја, нека ја запее нашата песна, нека го изигра нашето оро – тие ќе му кажат сė. Затоа, рече министерката Костадиновска Стојчевска, сцените на овој Фестивал нека побудат во сите нас топла и силна емоција и благодарност што можеме да уживаме во неа. Пред аудиториумот во Битола, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ги покани гостите од државата и светот да ги следат сите фестивалски вечери. –Традиционалната музика и игра, староградските песни, лесниот чекор на Танец, магијата под прстите на Влатко Стефановски, сите песни и игри од три континенти – нека одекнат низ Битола, преку Широк сокак и Хераклеја да грмне низ коријата до славно Крушево. Ова е екот во чест на сите кои од дното на своето срце викнаа Ура, ја создадоа првата Република на Балканот и ни го подарија македонскиот празник над сите празници – Илинден. Зашто без него ни АСНОМ 44-та, ни 8-ми септември 91-ва. Ако на музиката и се радува Вселената и ако со нашиот танц ја веселиме Земјата, тогаш да запееме и да заиграме под ист бајрак, бајракот на уметноста, за да се наполни и душата, нагласи Костадиновска Стојчевска. Во името на градот домаќин, учесниците и гостите ги поздрави градоначалникот Тони Коњановски, а во име на организаторот на фестивалот се обрати Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот растЖан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско.Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека истиот е изготвен во услови на сложено и неизвесно меѓународно економско опкружување пропратено со бројни надворешни ризици, геополитички предизвици, нестабилност на енергетските пазари како и неизвесност во глобалните економски текови, додека целта на Владата, во вакви услови, е да обезбеди стабилност, да ги заштити интересите на граѓаните истовремено создавајќи услови и за економски развој на државата. „Суштинска работа за овој буџет е тоа што е проектиран во насока на одржување на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, зајакнување на фискалната одржливост со јасна определба за фискална консолидација и одговорно управување со јавните финансии“, рече Дрвошанов и додаде: „Фискалната политика за 2027 година е поставена во согласност со донесената фискална стратегија на Република Македонија за периодот од 2027 до 2031 година. Останува проектираниот буџетски дефицит од 3,5% од БДП и тоа се, во услови на неповолна надворешна клима и висока економска непредвидливост на глобално ниво. Планираниот буџетски дефицит претставува рамка во која ќе се реализираат планираните активности со истовремено водење сметка за динамиката на јавниот долг, одржлива стабилна економија која ќе создаде услови за одржлив релативно висок раст на БДП, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните“. Дрвошанов истакна дека ваквата проекција на буџетскиот дефицит упатува на негово постепено намалување со намера да се зајакне фискалната дисциплина и да се стабилизира динамиката на јавниот долг. „Буџетскиот дефицит е предвиден на 45 милијарди денари или 3,5% од БДП. Овие показатели испраќаат важна порака дека државата се движи кон постепено намалување на буџетскиот дефицит со намера да ја зајакне фискалната дисциплина, да ја стабилизира динамиката на јавниот долг. Особено е важно што фискалната консолидација не се спроведува преку запирање на развојните процеси и преку кратење на неопходните средства за граѓаните, туку преку поголема рационалност, подобро планирање и поефикасно користење на јавните ресурси“. Пратеникот Дрвошанов истакна дека една од побитните улоги на буџетот е обезбедувањето на социјалната сигурност и стабилност на граѓаните и посочи дека за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, за социјална заштита за најранливите категории 14,3 милијарди денари, додека за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, при што ваквиот начин на креирање на социјалната политика освен финансиска помош, како што вели Дрвошанов, треба да создаде и можности за вработување и економска независност на граѓаните во општеството. „Една од најважните улоги на буџетот е исто така да се обезбеди социјална сигурност и стабилност на граѓаните. Во оваа насока за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари што претставува зголемување за 4,1%. Од овие средства 123,8 милијарди денари се наменети за исплата на пензии или 4,8% повеќе од минатата година. Нашата обврска е да создадеме услови за достоинствен живот на повозрасните граѓани, но истовремено да обезбедиме и долгорочна одржливост на пензискиот систем“, кажа Дрвошанов и додаде: „За социјална заштита за најранливите категории се планирани 14,3 милијарди денари, за активните политики и мерки за вработување се предвидени 2,9 милијарди денари, додека за исплата на паричен надомест во случај на невработеност планирани се средства во износ од 1,5 милијарди денари. Ова се средства кои треба да обезбедат поддршка за семејствата со ниски приходи, лицата во социјален ризик и оние на кои им е потребна помош од институциите, но социјалната политика не треба да се сведува само на финансиска помош, таа треба да создаде можност за вработување и економска независност и активно учество на граѓаните во општеството“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКим Кардашијан се пофали со гардероберот од 743 квадрати- поголем од многу американски куќи (ВИДЕО)Ким Кардашијан предизвика бура од реакции на социјалните мрежи откако ги откри импресивните димензии на нејзиниот иден гардеробер. Риалити ѕвездата има простор од приближно 743 квадратни метри, наменет исклучиво за складирање облека и модни додатоци, а снимките од овој простор предизвикаа бројни критики, објави Јаху. Многу обожаватели ја обвинија дека целосно го изгубила контактот со реалноста на обичните луѓе, оценувајќи дека покажувањето на такво богатство е несоодветно во време кога многумина се соочуваат со финансиски тешкотии. Ким Кардашијан гради гардеробер од 743 квадратни метри Оваа тема повторно беше дискутирана во реалното шоу „Кардашијан“, кога Кајли Џенер и Кортни Кардашијан разговараа за реновирање на своите домови. Разговорот набрзо се сврте кон проектот на Ким Кардашијан, откако Кајли ги спомена неверојатните димензии на идната гардероба на нејзината сестра. „Кортни, ова е всушност најлудата работа што некогаш сум ја видел“, рече Кајли, зборувајќи за просторот наменет за облеката на Ким. Кога ја прашаа дали мисли дека проектот е претерување, Кајли призна дека го сметала за „малку навредлив“, објаснувајќи дека нејзината сестра има толку многу работи од кои не сака да се откаже. На снимката прикажана во шоуто на Ким Кардашијан, таа им ја покажа на гледачите работата во нејзината куќа и откри дека целата соба, со површина од приближно 743 квадратни метри, ќе стане нејзин гардеробер. „Целата оваа соба е мојот гардеробер“, објасни ѕвездата, додавајќи дека ќе има и дополнителен простор за складирање под земја. Дури и Ким призна дека можеби претерала со своите планови. „Реков на мајка ми дека мислев дека малку претерав“, призна таа. Обожавателите ја обвинуваат дека изгубила контакт со реалноста Откако беше објавена снимката, многу корисници на социјалните мрежи ја критикуваа големината на гардероберот, доведувајќи во прашање потребата од толку многу простор. Некои веруваат дека ова прикажување на луксуз е нечувствително кон луѓето што се соочуваат со финансиски тешкотии. „Луѓето низ целиот свет страдаат, особено во моментов. Јас го сметам ова за невкусно и одвратно“, напиша еден корисник на Reddit, додека друг додаде: „Таа е целосно без контакт со реалноста“. Друг корисник го истакна растечкиот јаз помеѓу екстремно богатите и оние кои работат напорно за да сврзат крај со крај. Тој го критикуваше она што го опиша како раскошно прикажување на богатство и недостаток на социјална свест. Некои признаа дека ваквите сцени ги натерале да престанат да го гледаат реалното шоу на семејството Кардашијан. Тие рекоа дека шоуто станало постојан приказ на луксуз, а не на забава. View this post on Instagram A post shared by The US Sun (@thesunus) Ким Кардашијан има колекција од околу 30.000 предмети Гардероберот од 743 квадратни метри на ријалити ѕвездата не е единствениот импресивен простор посветен на нејзината облека. Во 2022 година, Ким Кардашијан покажа огромен магацин каде што ја чува својата модна архива, која вклучува приближно 30.000 предмети облека и додатоци собрани низ годините. Другите сестри не ги избегнаа коментарите од корисниците на интернет. Некои се потсетија на теретаната на Клое Кардашијан, за која се тврдеше дека има околу 929 квадратни метри, како и обемната работа во куќата на Кортни, која вклучува бројни камини.Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
СветТрагедија во туристички рај: Десетина мртви и повредени во пожар во Пукет (ВИДЕО)Единаесет лица загинаа, а 16 други се повредени во пожар што зафати бензинска пумпа на тајландскиот остров Пукет, познат како туристички рај, соопштија официјални лица.Пожарот на патот Фангмуанг Саи Кор избувна околу 3:15 часот наутро кога трансформатор експлодираше покрај патот, зафаќајќи бензинска пумпа на монети пред продавница за изнајмување мотоцикли, објави „Бангкок пост“. Пожарот прво зафати една продавница, а потоа се прошири на четири соседни продавници во четирикатна зграда. На пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го стават пожарот под контрола. Канцеларијата за односи со јавноста во Пукет соопшти дека бензин и мазива се складирани и во продавницата за мотоцикли и дека работниците живеат на горните катови од зградата. Осум жени и тројца мажи загинаа во пожарот, додека четири мажи и 12 жени беа повредени. ফুকেতে আগুন #FireIncident #phuket https://t.co/YWM7UsaZ9R — anandabazar.com (@MyAnandaBazar) November 16, 2026 Командантот на полицијата во Пукет, генерал-мајор Сурачаи Суксаи, рече дека полицијата има снимки од надзор и сведоци и веќе ја исклучила можноста за палење. Гувернерот на Пукет, Чотенарин Кердсом, рече дека првичната истрага утврдила дека веројатно се случил краток спој на столб на трафостаница пред продавница за мотоцикли за време на бурата.Тагови: Пукет туристички рај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook