Во Битола конституиран Совет за женско претприемништво - Канал 5

Во Битола конституиран Совет за женско претприемништво

Во Битола е конституиран Совет за женско претприемништво, а за прва претседателка избрана е Ана Ристевска.

Во Битола конституиран Совет за женско претприемништво

Советот за женско претприемништво има цел да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијални жени претприемачки во општина Битола.

Советот во наредниот период ќе дава мислења и препораки за прашања од интерес на женското претприемништво и еднаквите можности, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените претприемачки и економско зајакнување на жените. На конститутивната седница, за значењето на женското претприемништво, говореа координаторката за Пелагонискиот регион на националната платформа за претприемништво, Даниела Цветановска и правниот советник Талија Петреска. Присутните членки на Советот, ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски

-Сигурен сум дека, сите вие кои се пријавивте на јавниот повик на општината за членки на овој совет, имате силна визија и верувате во успешната поддршка која може да ја даде ова тело за економското јакнење на жената, затоа што познавајќи ве и самите сте добар пример за големите достигнувања на женската ангажираност во областите во кои работите или дејностите кои ги менаџирате. Преку споделување на вашите знаења, искуства, идеи и иницијативи, очекувам општината да даде поттик и поддршка во застапувањето на интересите на актуелните и потенцијалните жени претприемачки во Битола, а преку програмите и плановите кои ќе ги донесете, заедно да овозможиме економско зајакнување на жените, рече градоначалникот Коњановски.

Членовите на Советот за женско претприемништво, освен претседателка, избраа две заменички, и таа функција ќе ја вршат, Оливера Пандаревиќ и Моника Марковска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума

Полисата за осигурување на „Титаник“ ќе биде понудена на аукција во Велика Британија кон крајот на ноември и се очекува да достигне цена до 50.000 фунти (околу 60.000 евра).

Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума

Единствениот познат примерок од полисата за осигурување на трупот на бродот, која датира од нејзиниот пробен период, ќе биде понудена на аукција од „Хенри Алдриџ и син“ во Девизес, Вилтшир, на 21 ноември, објави денес Би-Би-Си.

Полисата, издадена од „Атлантик Мјучуал Иншуренс“, еден од главните осигурители на „Титаник“, обезбедувала покритие за челичниот труп на бродот во вредност од 100.000 долари.

Документот бил потпишан на 27 март 1912 година, само 19 дена пред бродот да потоне на своето прво патување кон Њујорк.

Потонувањето на „Титаник“ одзело 1.500 животи.

Полисата била исплатена во рок од 30 дена од потонувањето на бродот.

Се проценува дека документот би можел да достигне цена помеѓу 30.000 и 50.000 фунти на аукција.

Полисата, која денес би вредела околу 3,5 милиони долари, обезбедуваше осигурување во период од една година, почнувајќи од 30 март 1912 година.

„Атлантик Мјучуал Иншуренс“, која ја издаде полисата, исто така одигра значајна улога во решавањето на побарувањата што произлегоа од загубите што произлегоа од терористичките напади во Њујорк на 11 септември, потсети Би-Би-Си.

На компанијата на крајот ѝ беа одземени лиценците за осигурување и влезе во ликвидација во 2011 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелскиот министер за одбрана предупредува: Иран се обидува да направи нуклеарно оружје

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека Иран не се откажал од своите амбиции за нуклеарно оружје и дека Израел мора да остане обединет во лицето на оваа закана.

Израелскиот министер за одбрана предупредува: Иран се обидува да направи нуклеарно оружје

„Иран се стреми да ги обнови своите напори за добивање нуклеарно оружје, заедно со други сериозни напори што претставуваат реална опасност за државата Израел. Не можеме да ги прифатиме овие закани“, рече Кац на комеморацијата за војниците што ги загубија своите животи за време на Суецката војна во 1956 година, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој рече дека должност на војската е да биде подготвена за секаков сценарио и да „дејствува по потреба за да ги заштити израелските граѓани“.

„Во лицето на големите мисии што претстојат, мора да бидеме обединети“, рече Кац.

Кац нагласи дека непријателите на Израел мора да знаат дека Израел, дури и кога има внатрешни несогласувања, ќе остане обединет против оние што го загрозуваат неговиот опстанок.

„Ова е време за единство, одговорност и меѓусебна солидарност“, додаде Кац.

Кац е член на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која загуби на предвремените парламентарни избори во Израел на 27 октомври.

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека официјално ќе му го даде мандатот за формирање нова влада на лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, на церемонија што ќе се одржи подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!

Славески призна дека Мицкоски вршел притисок за дозволата на Aлта банка. Сега има уште многу малку време да го пријави.

СДСМ: Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!

Обвинителот Савески работи на повик. По наредби од собраниската говорница, по барања упатени од телевизија. Не работи самостојно. Чека повик од Мицкоски.

Ако сега Славески не го направито тоа, потоа ќе биде касно.

Во Европа имаше санкции и суспензии за Алта банка. Во Црна Гора регулаторот ја одби Алта Банка и ги потврди притисоците. Во Србија сега е отворен стечај, извршено е апсење на Мацура и отворена е истрага за 380 милиони евра. Формален сопственик е човек со менувачница. Сомнежите се однесуваат на потеклото на капиталот.

Sky преписки со „Оскар“. Врски со Шариќ и Беливук. 5 тони дрога од Македонија кај сестринската партија СНС. Состаноци со Вулин и Гашиќ.

Мицкоски ја внесе Вучиќевата пералница на пари од криминал и корупција во Македонија. Го внесе и осигурувањето. Ги внесе парите на јавните претпријатија и на граѓаните во Алта Банка.

Ова е веќе видено сценарио од Србија. Апсењата се секојдневни. Наскоро ќе излезе целата вистина на виделина. Вучиќ рече дека тој ништо не потпишувал. Од тогаш, долг е редот на сведоци и соработници на правдата.

Славески, имаш уште малку време. Пријави го Мицкоски. Инаку во пријавата ќе бидеш ти обвинетиот. И ќе одговараш заедно со бандата.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја штитите бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

Славески, часовникот отчукува!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер