Во Бигорскиот манастир синоќа наречение за Партениј - Канал 5

Во Бигорскиот манастир синоќа наречение за Партениј

По четврт век како монах и игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител", синоќа беше извршено наречение за отец Партениј кој денеска ќе биде хиротонисан во катедралната црква „Света Софија" во Охрид.

Во Бигорскиот манастир синоќа наречение за Партениј

По наречението во Бигорскиот манастир, се одржа вечерна богослужба на која присуствуваше погаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, сите архијереи на МПЦ-ОА и верници.

Архијереите на Свештениот синод на МПЦ-ОА, на 20 мај годинава, едногласно донесоа одлука отец Партениј да биде прогласен за епископ антаниски според македонскиот античкиот град Антанија, кој бил епископско седиште. Истовремено, Партениј ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот Манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

Со своето 25-годишно монашко и игуменско искуство, отец Партениј влегува во архиерејски чин со досега најголем монашки стаж во поновата историја на црквата. Во црковните кругови тој важи за искусен духовник, кој ужива голема почит не само од верниците, туку и од пошироката јавност.

Архмандрит Партениј како Зоран Фидановски е роден на 29 октомври 1970 година во Битола. Уште во детството е задоен со силна љубов кон Бога. Духовниот пат го започнува во средното богословско училиште „Свети Климент Охридски" во Драчево, потоа дипломира на Православниот богословски факултет во Скопје. По духовен и монашки пат заминува на Света Гора, во манастирот „Григоријат", каде што останува извесно време.

Надлежниот архијереј на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ, митрополит г. Тимотеј, го замонашува на 24-годишна возраст и му го дава монашкото име Партениј. Замонашен е на 5 август 1995 година, а по четири дена го добива монашкиот чин јеромонах во охридскиот храм на Пресвета Богородица Перивлепта. По една година од замонашувањето, на 7 јули 1996, на Рождеството на Свети Јован Крстител е ракоположен за игумен на Бигорскиот манастир. Во 1998 година е одликуван со граден крст – архимандритско достоен.

Монашкото братство на Бигорскиот манастир предводено од игуменот Партениј, за четврт век од возобновувањето, изврши целосна преродба на духовното живеење во Долна Река и Мијачијата, а големи успеси бележат и во изградбата на нови црковни објекти и на монашката економија. Меѓу другото во овој период е возобновен манастирот во дебарското село Рајчица и обновено е сестринството, реконструирани се и изградени се цркви во Долна Река и Мијачијата. Изградена е „Куќа на Мијаците" – етноресторан што ги афирмира традициите, обичаите и готварството на Мијачијата.

Видео преносот во Бигорски преку социјалните мрежи го следеа над 100 илјади лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?

ВМРО-ОКГ повторно: квислинзи, распродажба, а тие „боксувале достоинствен пат“. Нема документ. Нема подобари услови. Има само етикета.

СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?

Таа влада ја воведе земјата во НАТО. Вие бевте против. Сега Тимчо вели: тоа е најдобра работа за земјата и за инвестициите.

Инвеститорите ги растеравте. Останаа оние за антимон рудници и дата-центри за туѓа дигитализација и туѓи профити.

Таа влада ги отвори преговорите со ЕУ. Вие ги кочите. Намерно ја изолирате земјата.

Задолжително стана одењето пред Лаура Ковеши, европското обвинителство, пред влез. Тогаш некој ќе мора да одговара. Тоа не го сака арамијата Мицкоски.

Таа влада беше првата демократска по десет години мрак.

Мрак поради истата оваа банда што денеска е на власт. Само тогашните чираци станаа мајстори на арамискиот занает.

Таа влада донесе слобода на медиумите и на говорот. Таа влада на 27 април сакавте да ја запрете.

Таа влада имаше 250 милиони евра инвестиции во еден квартал. Оваа банда само 18 милиони.

Таа влада правеше прослава за НАТО со денови по градовите, за 280.000 евра. Вие - славевте со Гета за 5,53 милиони евра.

Таа влада помина една од најголемите кризи во светот: ковид кризата, потоа енергетска криза и почеток на војната во Украина. Им помагаше на граѓаните со пакети мерки. Ги зголеми платите и пензиите.

Во таа влада доаѓаа странски државници. Не мораше трговец со оружје да им плаќа лобирање за средба по ходници.

За таа влада Фон дер Лајен рече дека имала храброст за важни политички одлуки.

За истата Преспа што Мицкоски денес ја нарекува ремек-дело на дипломатијата, а Силјановска вели дека идентитетот, јазикот и културата се заштитени благодарение на неа.

А вие што направивте, освен криминални тендери? Што направи Мицкоски, освен што ја изолира земјата, ги задолжи децата и внуците за 4 милијарди евра за две години - половина од долгот напрсвен од независноста до денес, земјоделците ги доведе до работ на егзистенција, граѓаните ги осиромаши! Економска катаклизма. Армагедон за Македонија.

Што направивте вие, големи патриоти со бугарски државјанства и фирми? Освен што како скакулци изедовте сè.

Имате ли барем нешто со што да се пофалите? Немате.

Имате квислинг и сателит за партнер, и банда на своја сметка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер