Во Бигорскиот манастир пристигна икона на свети Архангел Михаил

Во пресрет на празникот на Божественото Просвештение и на светлото Богојавление над реката Јордан, Бигорската Обител беше удостоена со голем ангелски благослов. 

Имено, во Манастирот пристигна прекрасна икона од војсководецот на светите ангелски сили, светиот Архангел Михаил.

– Иконата на небесниот Архистратиг, изработена во сребрен опков со позлата, украсен со бисери и полудраги камења, ја донесе лично нејзиниот творец, нашиот драг пријател, добропознатиот зограф Димчо Димчовски од Република Бугарија, во придружба на двајца свои сопатници. Тој ѝ ја подари на нашата Обител оваа преубава икона со благоволение и благослов на Епископот Велички, неговото Преосвештенство г. Сиониј, од Бугарската православна црква, кој воедно е игумен на двата мошне значајни бугарски манастири – Тројанскиот и Бачковскиот, вели отец Кирил од Бигорскиот манастир.

Архмандрит Партениј, срдечно и најтопло се заблагодари за, како што рече, оваа голема чест и радост во пресрет на празникот Богојавление.

-Тие ни доаѓаат од нашиот братски сосед Република Бугарија. Во овој момент го молиме великиот Архистратиг, свети Архангел Михаил, да го умножува братољубието меѓу православните браќа насекаде, бидејќи токму од нас, поклониците на Троичниот Бог, се очекува да покажуваме меѓусебна љубов во Христа, како што и тој, нашиот спасител, им рекол на своите ученици „По тоа ќе ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе", рече Архимандрит Партениј.

Тој се задржа и на нашата црква, Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската православна црква, која повеќе од пет десетлетија се бори за својата автокефалност, за своето место под небесното Сонце „кое Сонцето на правдата – Христос Бог, го испраќа подеднакво за сите".

– И ете, благодарение на таа макотрпна борба, како и на вишното просветление на нашиот богомудар Вселенски Патријарх, г. г. Вартоломеј, се наоѓа, се надеваме, пред прагот на нејзиното признавање. Православните браќа, пак, во Бугарија веќе долго време имаат призната автокефална Црква. На тие простори, додека овде дејствувала Охридската Архиепископија, таму пастирствувала Трновската Патријаршија. И ете, денес, за слава на Бога, Бугарската Црква има своја автокефалија и свој самостоен претстојател. Сега, полезно е, во духот на Христијанството и братољубието, високиот клир на Бугарската Црква да се израдува заедно со своите браќа и христијанската паства од оваа земја-маченица и да ја поддржи Великата Христова Црква – Вселенската Патријаршија во нејзината иницијатива да ја исправи долгогодишната неправда, та древната Охридска столица рамноправно да биде прифатена од сите други помесни православни Цркви во светот, порача Архимандрит Партениј.

Донаторот Дамчовски рече дека иконата прстигнала тука по нарачка на Епископот Сиониј.

– Кога пристигна кај нас веста за Вселенскиот Патријарх, кој донесол едно такво, исклучително светло решение да посредува за востановување на канонското општење на вашата Црква, дедо Сиониј не замоли да ја донесеме оваа икона како знак за братољубието меѓу браќата во Христа од Бугарија и Македонија, рече Дамчевски.

Тој му се заблагодари на Старец Партениј, што и претходно, ги примил од нив и другите икони, што како дар му ги донеле по благословот на дедо Сиониј, кој го препознал отец Партениј како Партениј градителот, кој за толку кратко време успеа, не само да го востанови Манастирот, туку и да го обнови општежителното монаштво во земјава, заедно со други светогорски отци...

– Вие сте едно прекрасно, големо и сплотено братство. Ви благодариме што сте пример за сите нас! Во лицето на отец Партениј и на ова братство, ние препознаваме вистински духовни водачи на православниот народ во овие тешки времиња. Ви благодариме што ве има. Овој скромен дар е најмалото што можеме да го направиме за вас, рече Дамчовски.

Ова е третпат како со благослов на владиката Сиониј, зографот Димчовски му подарува икона на игуменот на манастирот Архимандрит Партениј. Првпат, пред три години тоа беше иконата на светите Кирил и Методиј, а потоа на свети Великомаченик Георгиј за манастирот во Рајчица. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер