БалканВо Белград почна петтиот протест „Србија против насилство“ по точно еден месец од масакрот Во Белград, точно еден месец по масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, се одржува петтиот протест „Србија против насилството“ на кој повикаа претставници на некои опозициски партии.Собирот е закажан околу 18 часот пред зградата на Народното собрание. Оттаму се планира пешачење преку булеварот Краља Александар до Правниот факултет, па по улица Београдска до Славија, од таму по улицата Краља Милана за на крај да се направи обрач околу зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Србија, јавува Еуроњуз. Претходно во текот на денот, на конгресот на Европската зелена партија, кој се одржува во Виена, европратеникот и копретседател на Европската зелена партија Томас Вајс и поранешниот член на Европскиот парламент и член на Советот на Европската зелена партија Расмус Нордквист го поддржаа „ Србија против насилството“, соопшти денеска партијата Заједно. Вајс оцени дека „насилството никогаш не е решение, особено не е политичко решение“. Опозициските парламентарни групи Обединети, Народна партија, Демократска партија, Заједно Морамо, Клубот на зелените леви повикаа на протест „Србија против насилството“, но нагласуваат дека протестот не е политички. Протестот првично беше закажан за петок, 2 јуни, но беше поместен за сабота, меѓу другото, бидејќи одредени десничарски организации најавија истовремено собир во центарот на Белград поради ситуацијата на Косово. И тие организации, во меѓувреме, протестот го преместија за сабота и требаше да започне во 17 часот кај споменикот на рускиот цар Николај, а најавуваат дека потоа ќе се приклучат на протестот „Србија против насилството“. Шефот на пратеничката група на Народната партија, Мирослав Алексиќ ги повика граѓаните да донесат цвеќе на протестот, кое ќе го остават во зградата на Претседателството. Минатата недела граѓаните оставија цвет пред Собранието. Тој најави дека од големата сцена што ќе биде поставена пред парламентот ќе зборуваат „жртви на режимот“ и јавни личности, меѓу кои и актерката Светлана Бојковиќ. Секој од граѓаните ќе може да напише порака до претседателот на картон, а на пет-шест точки околу Претседателството ќе бидат поставени книшки за впечатоци каде што граѓаните ќе можат да ги оставаат тие пораки, објавија Независне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter