Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови
Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
1Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови
2Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
1Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
СветВо Белгија уапсени четири лица осомничени за планирање терористички нападБелгиската полиција утрово изврши претреси на локации во четири градови во Белгија и уапси четири лица, од кои тројца малолетници, осомничени за поврзаност со исламистички екстремистички организации .Белгиската полиција утрово изврши претреси на локации во четири градови во Белгија и уапси четири лица, од кои тројца малолетници, осомничени за поврзаност со исламистички екстремистички организации и за планирање терористички напад. Како што јави белгиската државна телевизија РТБФ, при претресите, извршени на локации во градовите Брисел, Нинове, Шарлроа и Лиеж, не се пронајдени оружје или експлозив. Телевизијата посочува дека „антитерористичката операција“ е спроведена врз основа на истрага со која биле опфатени лица кои се сметаат за „потенцијално насилни“ и кои се поврзани со екстремистички групи. Портпаролот на белгиското Федерално јавно обвинителство, Ерик Ван Дер Сипт во изјава за интернет изданието ХЛН нагласи дека истрагата покажала оти приведените планирале да извршат терористички напад. - Плановите се уште не се многу конкретни, но сепак се доволно сериозни за да ги уапсиме и сослушаме, додаде Ван Дер Сипт. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во тек е сослушување на приведените од страна на полицијата, по што истражен судија во текот на денот или најдоцна утре ќе донесе одлука за евентуална понатамошна постапка против нив. Инаку, тројцата уапсени малолетници се од градовите Нинове, Брисел и Шарлроа, додека возрасната личност е од Лиеж. При вооружен напад од страна на туниски имигрант во Брисел лани во октомври беа убиени двајца шведски фудбалски навивачи. Белгиските безбедносни служби се под зголемено ниво на внимателност по терористичките напади на бриселскиот меѓународен аеродром Завентем и на метро страница Мaлбек во центарот на Брисел во 2016 година, при што загинаа 32 лица./МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„BYD“ мора да го повлече својот теренец: „Land Rover“ доби важна битка„Јагуар Ленд Ровер“ (JLR) извојува голема правна победа против кинескиот BYD. Судот со седиште во Хаг пресуди дека моделот BYD Ti7 е премногу сличен на „Ленд Ровер Дефендер“, а неговото производство, увоз, продажба и дистрибуција се забранети низ целата Европска Унија. „BYD Ti7“ е голем хибриден теренец со пет или седум седишта. Судот конкретно го наведе обликот на куќиштето, резервното тркало на задната врата и препознатливите детали што потсетуваат на „Дефендер“. „BYD“ тврдеше дека има значителни разлики во дизајнот, но судот заклучи дека тие не го менуваат целокупниот визуелен впечаток на возилото. Пресудата се базира на дизајн на JLR од 2018 година. Европските компании на BYD имаат седум дена да ги прекинат сите активности поврзани со спорниот модел. За непочитување на забраната е предвидена казна од 100.000 евра за секој ден прекршок или 25.000 евра за поединечен прекршок, со максимален износ од 10 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни паровиИзминатава недела постојано говориме за новите мерки за младите брачни парови. Истите се очекува наскоро да бидат објавени, а во тек е и подготовката на законите од страна на Владата, во соработка со надлежните министерства. Се очекува законските решенија да се најдат пред пратениците во текот на месец декември, со цел да започнат да се применуваат од наредната година. Првиот закон се однесува на младите брачни парови, при што еден од партнерите треба да биде на возраст до 35 години. Тоа значи дека мерката се проширува и ќе овозможи купување станбена површина по цена која е за 20% пониска од просечната пазарна цена во претходната година. Вчера, претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека веќе е направена анализа на податоците од Катастарот за првите три квартали од оваа година, врз основа на која ќе се утврдуваат цените за следната година. Па така, на пример, во Општина Центар просечната цена на квадратен метар станбена површина изнесувала 1.915 евра, што со предвидениот попуст од 20 проценти би значело цена од околу 1.530 евра за метар квадратен. Во Општина Карпош, каде што просечната евидентирана цена изнесувала 1.386 евра за метар квадратен, со попустот цената би изнесувала 1.110 евра, додека пак во општина Аеродром, просечната цена изнесувала 1270 евра, а со попустот цената би била 1016 евра. Исто така, предвидено е секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект да издвои 10 проценти од станбената површина за лицата кои ги исполнуваат условите утврдени со законот. Вториот закон предвидува ослободување од плаќање комуналии за младите брачни парови кои го исполнуваат предвидениот возрасен услов. Со оваа мерка, која веќе се применува во дел од скопските општини, се предвидува можност за нејзино проширување на целата територија на државата, со што дополнително ќе се намалат трошоците и ќе им олесни на младите брачни парови процесот на решавање на станбеното прашање. Почитувани, Со овие два специјални закони, Владата им го олеснува решавањето на станбеното прашање на младите брачни парови, со цел да им обезбеди подобри можности и поддршка при создавањето сопствен дом. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да работи на создавање нови можности за младите, подобрување на нивниот животен стандард, но и да дава поддршка на различните категории граѓани во секоја сфера. Веќе две и пол години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи напорно за сите граѓани да можат да живеат достоинствено во својата земја. Катерина Димитровска, член на ИК на УЖ и пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСофија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 годиниНајплатената телевизиска актерка на светот, колумбиската актерка Софија Вергара повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ објави фотографија од плажа каде што позира во сино-жолто бикини, а на многумина им е тешко да поверуваат дека има 54 години. Според дел од медиумите сцената од одмор предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели. На фотката атрактивната Софија може да се види како ужива на сонце, лежејќи опуштено на пешкир покрај тиркизното море и песочниот брег. Фотографијата брзо ги обиколи социјалните мрежи, а обожавателите повторно коментираа за изгледот на актерката, која, дури и во шестата деценија, привлекува внимание. Објавата од плажата следува по нејзиниот неодамнешен престој во нејзината родна Баранкила, Колумбија, каде што претходно оваа недела беше наградена со Златен медал со чин командант како признание за нејзината успешна меѓународна кариера.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook