Во Бејрут загинале 220 луѓе, тројца министри поднесоа оставки

Во експлозијата што ја потресе либанската престолнина Бејрут во вторникот, загинале повеќе од 200 луѓе, изјави градскиот гувернер Марван Абуд.

Тој додаде дека десетици луѓе сè уште се водат како исчезнати, од кои многумина се странски работници, пишува Би-Би-Си.

Немирите веќе два дена беснеат во градот, а полицијата се судри со демонстрантите кои се незадоволни од одговорот на владата на катастрофата.

Оставките на тројца министри и неколку пратеници не го намалија гневот на граѓаните, а се тврди и дека министерот за финансии Гази Вејни ќе си даде оставка пред состанокот на владата, свикан од премиерот Хасан Диаб.

Диаб рече дека експлозијата се случила поради 2.750 тони амониум нитрат кои биле неправилно складирани во пристаништето во Бејрут веќе шест години. Одлуката за складирање на овој опасен материјал во пристаништето во близина на центарот на градот, е исполнета со неверување од страна на повеќето Либанци. Патем, граѓаните на Либан биле долго незадоволни и ја обвинуваат владата за корупција, небрежност и лошо работење.

Порталот „Ал-Марсад Интернешнл“ пишува дека Абот изјавил дека бројот на загинатите се зголемил на 220, а 110 лица се сметаат за исчезнати. Тој за телевизијата „Ал Џајд“ изјави дека странски работници и возачи на камиони се меѓу исчезнатите, што ја отежнува нивната идентификација.

Во меѓувреме, либанската армија објави дека ја запрела операцијата за пребарување во пристаништето, бидејќи веруваат дека нема повеќе преживеани.

Во Бејрут стотици илјади луѓе живеат во тешко оштетените домови, а многумина во станови со скршени прозорци и врати.

Властите проценуваат дека експлозијата предизвикала штета од повеќе од 3 милијарди долари и загуба на економијата до 15 милијарди американски долари. Либан беше и пред тоа во сериозна економска криза, а голем дел од населението живееше во сиромаштија и глад. Агенциите на ООН претходно предупредуваа дека може да има хуманитарна криза доколку помошта во форма на лекови и храна не се испорача на Либан.

Вчера францускиот претседател одржа виртуелен самит на кој меѓународните донатори ветија 297 милиони американски долари помош за Либан. Поради загриженоста за корупција, беше договорено дека помошта треба да му се додели на либанскиот народ. Тие, исто така, истакнаа дека идната помош на Либан и нејзините власти треба да зависи од мерките и реформите што ги очекува либанскиот народ.

Љубе Бошкоски е примен на Инфективната клиника, му се влошила состојбата со коронавирусот

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е примен на Инфективната клиника откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила.

Неговата состојба во овој момент е комплицирана, јавуваат медиумите ,но подетални информации до овој момент нема.

Бошкоски беше дијагностициран со ковид-19 минатата недела.Тој самиот пред неколку дена изјави дека му бил дијагностивиран Ковид-19 , но дека се чувствува добро и е во самоизолација во родниот Челопек.

Пукотници во Призрен, убиен напаѓачот кој пукал кон полицајците

Косовската полиција вечерва објави дека во Призрен напаѓачот пукал кон полицајците кои одговориле со огнено оружје во самоодбрана.

Во соопштението, косовската полиција наведува дека нивните припадници вечерва во Призрен го пронашле осомничениот Б.Ш., со прекар „Слепи“, за кого е распишана потерница за делото „убиство во обид“.

Во моментот кога ја забележал полициската патрола, осомничениот започнал да пука кон полицајците, кои биле принудени да одговорат со огнено оружје во самоодбрана, се вели во полициското соопштение.

На осомничениот, кој бил повреден при размената на оган, му била укажана лекарска помош и бил испратен на лекување во болница.Сепак, надлежните лекари потврдиле дека лицето починало, се додава во соопштението.

На местото на настанот е пронајдено оружје, со кое осомничениот пукал кон полицајците, како и две рачни бомби.

Форд од 80-тите е најскапиот караван на светот(ФОТО)

Тргувањето со стари автомобили е денес многу профитабилна работа, особено кога станува збор за егзотични примероци на класиците од минатиот век.

Овој Форд не припаѓа скоро никаде. Тоа е издолжено возило, типично за американскиот пазар,што ја дели основата со тогашниот Мустанг. Готовиот производ е апсолутно неинтересен во однос на технологијата. Се напојува со 3.8 V6 мотор , а овој модел има 150.000 километри поминато зад себе.

Сето ова вели дека автомобилот ќе биде тешко да го смени сопственикот, дури ни за неколку илјади евра, а камоли за 1.999.999 евра, колку што бара сегашниот сопственик. Неговата самодоверба произлегува од фактот дека тој е единствен, барем кога станува збор за изгледот. Автомобилот е насликан во 1996 година од танзанискиот уметник Џорџ Лиланг.

Според огласот објавен на mobile.de, Лиланг го насликал автомобилот за време на изложбата во Фирт, Германија, кога сопственик на хотел му понудил бесплатно сместување доколку го наслика автомобилот и го претворил во уметничко дело.

Друг уметник, Пони Јенги, помогнал во креирањето на новата надворешност, украсувајќи ги предните и задните делови на возилото, додека остатокот го направил Лиланг.

Без сомнение, безличниот караван станал уметничко дело и единственото прашање е дали вреди толку многу.

притисни ентер