Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев
2Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев
БалканВо автомобил во Книн починало 5 годишно дете, таткото заборавил да го остави во градинкаПетгодишно дете починало во заклучен автомобил во Книн.Безживотното тело на несреќното момче било пронајдено на паркинг на улицата Јовичева.Станува збор за петгодишно дете од Книн. Смрт на дете во заклучен автомобил е шокантна само по себе, но деталите за трагедијата се уште пошокантни. Како што дознаваат хрватските медиуми, таткото, мајката и момчето утрово тргнале со автомобилот. Таткото, инаку војник, ја однел мајката на работа, а потоа, пред да замине на работа, морал да го однесе синот во градинка. Момчето сепак не стигнало во градинката.Се сомнева дека таткото отишол на работа без да сфати дека момчето кое спиело на задното седиште не било однесено во градинката и дека е сè уште во автомобилот. Тој го паркирал автомобилот на паркинг и отишол во касарната.Момчето останало заклучено на задното седиште во автомобилот. Температурата во Книн денеска била над 28 Целзиусови степени под сенка.Засега не е познато дали момчето се разбудило и дали се обидувало да повика помош, но познато е дека се изведуваат работи недалеку од местото каде што бил паркиран автомобилот, се гради ѕид. Сето ова прави многу бучава, па можно е никој да не го слушнал момчето. Но, се поставува прашањето како е можно никој да не го видел момчето затоа што имало контејнери за смет на само неколку метри од местото каде што се наоѓал автомобилот. Околу 15 часот, мајката дошла да го земе момчето во градинката, но тој не бил таму. Вработената и рекла дека дошол во градинка. Мајката му се јавила на сопругот, но тој бил убеден дека го оставил момчето во градинка, па дури биле прегледувани снимките од надзорната камера. Кога сфатил дека момчето не е во градинка, таткото истрчал кон автомобилот, го отклучил и го пронашол неговиот син во бесознание. Тој се обидел да го реанимира, но момчето повеќе не можело да биде спасено. Таткото, според жителите на Книн, на крајот се онесвестил во автомобилот. Околу 16 часот пристигнале службите за итни случаи. Смртта на момчето била потврдена, а полицијата започнала истрага која треба да ги расветли сите детали за невидената трагедија. Полицијата сега спроведува кривична истрага за таткото на момчето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаИнфалцијата во септември стабилна: Трошоците за живот непроменети во однос на августБез раст на трошоците за живот во септември, но со годишна инфлација од 2,7 отсто. Податоците за трошоците на живот минатиот месец на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во однос на август цените во просек останале на исто ниво со инфлација од 0.0%, но во однос на септември минатата година трошоците за живот се повисоки. Најголем раст, за 1,3% има кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување на домот. Поскапела и храната и безалкохолните пијалаци за 0,5 отсто, исто колку и групата лична нега и социјалната заштита. На спротивната страна, најголемо поевтинување е забележано кај рекреацијата, спортот и културата за 3,7 отсто, а транспортот поевтинел за 3,4 отсто. Иако годишната инфлација е пониска од лани, тоа не значи и пониски цени. Цените и натаму се зголемуваат, но растот е поумерен од 4 отсто лани, на 2,7 отсто годинава. Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлаторниот притисок дополнително да се намалува, а годишната стапка да се движи меѓу 1,5 и 2 отсто. Тој се повика и на европските податоци, според кои инфлацијата во еврозоната во септември била проценета на 3,8 отсто, оценувајќи дека Македонија останува меѓу земјите со најниска инфлација во регионот. -Во третиот квартал бројките се дека состојбата е под контрола. Во јули месец стапката беше 2,3%, а просекот во Европската Унија и во еврозоната беше 2,9%. Во регионот сме втори убедливо кога ќе ги анализираме стапките на инфлација од Словенија до Турција. Во август беше 2,6%, кога во Европа и во еврозоната просекот беше 3,2%. Сега Европската Унија објави проценка дека во септември месец е 3,8% во еврозоната. Според нашите проценки и анализите коишто ги има Државниот пазарен инспекторат за храната и безалкохолните пијалоци, очекуваме годишната стапка на инфлација да биде меѓу 1,5 и 2%, што ќе претставува најниска во регионот и една од најниските во Европа,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Откако Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто за годинава, Мицкоски изјави дека очекува растот да биде повисок, меѓу 3,5 и 4 отсто.. Сепак од Светската банка, во засебен извештај за долгорочниот економски раст и создавањето работни места во Македонија, предупредуваат дека без структурни реформи за ниската продуктивност, слабите инвестиции и намалување на работосподобното население растот до 2050 година во Македонија би можел да забави на само 2,4%, Повикувајки се на овој извештај, од опозициската СДСМ критикуваат дека биле побиени оптимистичките тврдења на премиерот за економскиот напредок. Од таму оценуваат дека без рерофми земјата со децении ќе продолжи да заостанува зад европскиот просек. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
ЗдравјеДоцни вакцинацијата против сезонски грип – првите вакцини ќе пристигнат за десетина денаЗа десет дена треба да пристигнат првите 30 илјади дози вакцини против сезонски грип, а во наредниот период до почетокот на ноември треба да стигант плус 26 илјади дози. Оваа сезона во борбата против грипот се планирани 80 илјади вакцини против грип и се очекуваат до декември да пристигнат плус 30 илјади вакцини. Засега нема потврда на болни од грип. Доколку грипот почне порано, министерството за заштита на најранливите граѓани со план Б. Министерот Клековски најави дека се средува и системот „Мој Термин“ каде треба да се регулира системот за закажување на вакцина до 26 октомври. Првиот човек на здравство објаснува дека иако во светски рамки доцнат вакцините, заради задоцнета потврда од Светската здравствена орагнизација, кои ќе бидат вирусите на грип, граѓаните и во декември, не е доцна да ја примаат вакцината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСудскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана МаневСериозно нарушени меѓучовечки односи и работна атмосфера, долготраен конфликт и излегување од законските надлежности – ова го утврди Судскиот совет по претставката против претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев. Поднесена е од околу 70 вработени во судот според кои Манев се мешала во надлежностите на судскиот администратор и во планот за користење на годишните одмори, дека спроведувала постојана контрола над судската служба и дека двојната евиденција на присуство, честото повикување на одговорност и начинот на комуникација создале атмосфера на притисок и заплашување. Навеле и дека Манев се служела со навредливи и омаловажувачки изрази, јавни критики пред странки, како и навреди на национална основа. Судскиот совет сепак заклучува дека иако претставката е основана, не значи дека секој поединечен навод е докажан. -Не станува збор за изолирано незадоволство на 4-5 лица како што наведува во одговорот претседателката. Напротив, утврденото укажува на широко распространето незадоволство на нарушената работна атмосфера која е создадена. Од основаноста на претставката не произлегува дека е докажан секој поединечен навод и од вработените и од претседателката,- изјави – Сузана Јошевска – Анастасовска – Член на Судски совет . Манев ги отфрла обвинувањата и вели дека од вработените барала само дисциплина и одговорност. „Сите вработени во судот мора да бидат целосно посветени и крајно ангажирани за извршување на своите работни задачи. Како судија и претседател на суд не прифаќам ништо помалку, ниту правам компромиси“, навела -Снежана Манев – Претседател на Основен суд Куманово во одговорот до Советот. Сега се очекува извештајот од работната група која го посети судот, по што ќе се разгледаат понатамошните дејствија. -Судскиот совет донесе одлука дека таа претставка е основана и дека очигледно има некои проблеми во тој суд кои долги години се провелкуваат. Судскиот совет ќе преземе се што е во негова надлежност овие проблеми да бидат надминати. Во очекување сме на извештајот од работната група којашто го посети судот, ќе се преземат понатамошни дејствија по претставката. Дополнително увид ако има потреба и ќе не извести согласно новиот деловник дали и понатаму има потреба да се преземе или не. Во секој случај ние ќе се насочиме кон тоа работите во тој суд да се средат бидејќи таму долги години постојат проблеми. Во многу скоро време ќе излеземе со решение,- изјави – Александар Камбовски – Претседател на Судски совет. На денешната седница беше усвоен и новиот деловник за работа кој се усогласува со новиот Закон за Судски совет. Дел од новините предвидуваат промени во начинот на гласање при избор на судии и унапредувања односно ќе се гласа за сите кандидати на листата и на крај тој што добил најмногу гласови ќе биде избран. Се предвидува и постапка за одговорност на претседателот, заменикот и самите членови на Судскиот совет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08