Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 15 луѓе - Канал 5

Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 15 луѓе

 Тринаесет патници и двајца членови на екипажот синоќа загинаа откако се урна авион во Колумбија.

Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 15 луѓе

Авионот полетал од северниот град Кукута, но исчезна од радарите пред да слета во Оканија. Леталото се урна во близина на границата со Венецуела.

Колумбиските власти потврдија дека нема преживеани во несреќата. Сè уште се истражува причината за падот на авионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Ефикасни мерки за одржување на јавната чистота во Карпош

Инспекциските служби од Општина Карпош презедоа акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на превентивна контрола при одлагање на кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална Хигена“. 

О. Карпош: Ефикасни мерки за одржување на јавната чистота  во Карпош

Оваа иницијатива произлезе од координативниот состанок кој претходно го организираше Град Скопје и општините во градот Скопје, каде беше договорено да се организираат вакви дежурства.

За време на акцијата, дежурните инспекциските служби кои работеа во две смени, вршеа контроли на повеќе критични локации низ општината, кои во оваа ситуација ги следеа активностите поврзани со одлагањето на кабастиот отпад, како и постапките за почитување на законските надлежности.

Со присуството на инспекциските служби на теренот низ општина Карпош се овозможи навремено постапување, а во случаите во кои беше забележано неправилно постапување на одложениот отпад, на правните односно на физичките лица им беа изречени прекршочни мерки. Оттука, во текот на месец мај и јуни беа изречени околу 30 казни за граѓаните кои не се придржувале кон пропишаните правила. Самата постапка говори за позитивниот ефект и придонесот за подобрување на фактичката состојбата со регуларното одлагање на отпадот.

Во таа насока, Општина Карпош ќе продолжи со ваквите активности и во наредниот период, кои директно се насочени кон зачувување на животната средина и унапредување на јавната хигена во интерес на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активен

Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“.

Герасимовски: Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активен

На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100.

Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде финансиската поддршка изнесува до 1.000 денари.

„Општина Центар сосем заслужено ја носи титулата највело општина во државата. Први почнавме со субвенционирање на алтернативниот превоз, а на барање на граѓаните, први воведовме и поддршка за купување дополнителна опрема“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Проектот „Цел Центар на точак“ е директна инвестиција во одржлива урбана мобилност, поздрави навики на граѓаните и почиста животна средина во центарот на градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра

Гордана Лолеска – претседател на „Ретко е да си редок“ се вклучи со свое видео-обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“.

Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра

- Секој ден започнува со надеж, но за многу семејства секој ден е само уште едно долго неизвесно чекање. Ја сум Гордана Лолеска, претседател на здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид. Како активист, како човек често се прашувам: што е пострашно? Дали моментот кога ќе ја слушнеш ретката дијагноза за која што со години нема лек или оној момент кога ќе ти соопштат дека со тек на времето ќе доведе до откажување на некој витален орган. Многумина не знаат дека голем дел од пациентите со ретки болести во текот на својата борба се соочуваат со токму со оваа реалност. За нив, трансплантацијата на бубрег, црн дроб или бели дробови, е единствениот преостанат спас за живот, вели Лолеска .

Нагласувајќи дека денес не говори само како активист, туку со со целото нејзино битие, со сета нејзина ранливост и сила, како мајка, како родител, чие дете се наоѓа на листата на чекање на органи и додава дека кога во семејството страда еден член, тогаш страда и целото семејство.

- Тогаш секојдневието станува борба во која иднината зависи само од еден повик, од една одлука. Како родител нема поголема болка од тоа да ја гледаш немоќта пред болеста, но нема ниту поголема сила од надежта во градите. Во нашиот дом секоја секунда е борба, а секое отчукување на срцето е молитва за шанса за нов живот. Органодарителството е највисокиот чин на човечност. Тоа е одлука со која во моменти на најголема тага и загуба избирате да бидете нечиј спасител и да подарите живот токму онаму каде што надежта згаснала, порачува таа.

На крај таа повторно потенцира дека едно ваше „да“ пишува нови поглавја во еден нечиј недовршен живот. Може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра. Од се срце му благодарам на Министерството за здравство што ме покани да бидам дел од оваа важна кампања. Ова е мисија за будење на нашата совест. Ве молам да не замижуваме пред туѓата болка, да зборуваме гласно, да разбереме дека хуманоста не прави поголеми луѓе. Подарете надеж. Подарете живот. Биди донор. Биди херој.

Видео обраќање од Гордана Лолеска – претседател на „Ретко е да си редок“ во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер