МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
БалканВо Албанија почна мултинационална воена вежба „Бранител Европа 23“Во Албанија почна заедничката мултинационална вежба предводена од Европската команда на САД, на која ќе се демонстрираат интерактивните способности на САД со сојузничките и партнерските армии на НАТО.На свеченото отворање што се одржа на плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана присуствуваа и се обратија претседателот Бајрам Бегај, премиерот Еди Рама и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким. Заедничката порака беше дека „Албанија секогаш ќе ги брани вредностите на мирот и единството рамо до рамо со САД и НАТО“. - Кога ќе се сретнеме повторно за две години за Бранител Европа 2025, посакувам само глобалната безбедносна ситуација да биде помирна, бидејќи не се сомневам дека Албанија секогаш ќе продолжи да ги штити вредностите на мирот и единството, секогаш стоејќи рамо до рамо со САД и другите сојузници на НАТО, рече меѓу другото претседателот Бегај. Тој порача дека Албанија е посветена на својата мисија како стабилизирачки фактор на Балканот и извозник на безбедност во регионот и пошироко. Премиерот Рама од свеченоста порача дека неговата земја е на највисоко ниво на меѓународна почит. - Албанија никогаш не била повисоко во нивото на меѓународна почит, денес седи на масата на Советот за безбедност рамо до рамо со САД за прашањето за Украина. Таа презема профил и улога што не само што ја оптоварува со извонредни обврски, туку ја става во позиција да се види каква одговорност постигнала нашата земја, рече Рама. Амбасадорката Ким оцени дека „САД, Албанија и НАТО сојузниците се пообединети од кога било до сега“. - САД, Албанија и нашите сојузници во НАТО се пообединети од кога било. Не можам да ги заборавам зборовите на Скендербег, „единството е сила“, бидејќи со вежбите Албанија и САД прават повеќе од кога било досега заедно. Направивме големи чекори, можеме да ја извршиме секоја мисија. Горди сме што стоиме рамо до рамо со народот на Албанија, рече Ким. Министерот за одбрана Нико Пелеши меѓу другото изјави дека целта на Албанија е да покаже дека е способна да се справи со секоја ситуација што може да се појави на полето на безбедноста и одбраната со исполнување на секоја задача и обврска што и припаѓа. - Чувствувајте се како дома, уживајте во албанското гостопримство и вратете се во нашата благословена земја, им порача Пелеши на учесниците на вежбата. Албанија вторпат е домаќин на најголемата воена вежба во Европа „Бранител Европа 23“, која ќе трае до 23 јуни. Учествуваат 800 војници од албанската армија заедно со над 24.000 американски војници и сојузниците на НАТО. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Атрактивната Никол повторно провоцираСветската музичка ѕвезда Никол Шерцингер обожува да се фотографира и снима за социјалните мрежи, но овојпат за малку ќе предизвикаше скандал. Убавата Никол покажа повеќе отколку што требаше. Позната по своите бујни гради и витка линија, мегапопуларната пејачка не ја пропушти можноста да ја разгори имагинацијата на многумина на интернет. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа овојпат сподели „жешко“ видео кое за кратко време собра голем број лајкови и реакции од целиот свет. Познатата пејачка е снимена додека танцува, а во преден план беа нејзините стомачни мускули и виткото тело – но и нешто друго. .. Со оглед на тоа што носеше тренерки со низок струк, постоеше опасност да покаже многу повеќе од својата прекрасна фигура. Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНедопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓањеНа дното на Средоземното Море е пронајдена потоната бродска олупина со илјадници парчиња луксузен римски прибор за јадење, кои таму лежеле недопрени 2.100 години.Античкиот комплет чинии и длабоки садови останал совршено зачуван на длабочина од 55 метри. Товар од луксузни садови за јадење повторно излегол на виделина откако поминал 2.100 години на дното на Средоземното Море. Археолозите открија потонат брод полн со илјадници керамички садови во близина на турскиот брег. Наодот вклучува чинии за супа, чинии за риба и овални садови со различни димензии, кои се зачувани во исклучително добра состојба. Тие нудат редок увид во начинот на исхрана на богатите во римскиот свет, во време кога со овие исклучително барани луксузни производи се тргувало преку морињата. „Од длабочините на Средоземното Море, на виделина изнесуваме комплети садови стари 2.100 години. Во подводните ископувања што ги започнавме во 2025 година, досега откривме илјадници артефакти од потонатиот брод полн со керамика“, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Остатоците од бродот лежат на длабочина од 55 метри во близина на брегот на Адрасан во Анталија, но се верува дека потекнуваат од Росус, античка населба во денешната провинција Хатај. Овие две области се оддалечени околу 300 наутички милји, па затоа се претпоставува дека бродот најверојатно пловел кон Рим кога бил зафатен од невреме и потонал откако удрил во плитиште. Истражувачите досега имаат пронајдено илјадници артефакти, вклучувајќи чинии, длабоки садови и овални садови во 122 различни форми и големини, што ја открива „луксузната“ култура на исхрана од тоа време, пренесува „Дејли мејл“. Археолозите откриле и керамички садови од неколку егејски острови, што укажува на тоа дека бродот превезувал стока од повеќе центри за производство. Доказите од римските записи покажуваат дека керамиката од Росус уживала голем углед меѓу богатите потрошувачи. Значајноста на ова откритие дополнително се нагласува преку интересната поврзаност со една од најпознатите личности на антички Рим – државникот и оратор Цицерон. Во писмото до својот пријател Атик, напишано во 50 година п.н.е., Цицерон пишува за нарачување керамика од Росус, што сугерира дека керамиката од тој регион била високо ценета меѓу богатите Римјани. Археолозите го пронајдоа товарот на бродот во исклучително добро сочувана состојба. Тоа се должи на фактот што садовите биле внимателно спакувани во дрвени сандаци, со глина поставена меѓу поединечните парчиња за да се спречи нивно кршење при транспортот. Се чини дека токму оваа заштитна амбалажа го спасила поголемиот дел од товарот од сериозни оштетувања кога бродот потонал. Монетите пронајдени во остатоците од бродот потекнуваат од I век п.н.е. и им помогнале на истражувачите да утврдат кога бродот тргнал на своето последно патување. „Благодарение на глината поставена меѓу нив при пакувањето во сандаци, овие артефакти стигнаа до нас неоштетени, пренесувајќи ја во денешницата анадолската мајсторија во изработката и трговското минато на Медитеранот“, изјави Ерсој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБред Пит „процвета“крај младата Инес де РамонДевојката на големиот холивудски заводник Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа.Скромната и убава, Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои срцата на луѓето ширум светот. Таа се појави на црвениот тепих во волшебна, речиси нереална креација и му даде нота на романтика на целиот настан. Љубовта меѓу Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон цвета. Тие се појавуваат заедно на големи настани и не е тајна дека славниот актер конечно ја пронашол среќата покрај неа. Викендов во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а тие присуствуваа на овој гала-настан. Сите присутни ги воодушевија со своите модни комбинации, особено прекрасната Инес, која зрачеше со чиста романтика. За оваа прилика таа избра нежен зелен фустан од тантела што ја истакнува нејзината витка фигура. Фустанот се одликува и со отворени раменици, што на целата креација ѝ даде женствена нота. Што се однесува до Бред, тој избра црн смокинг, кој го надополни со пеперутка-вратоврска. Како вистински џентлмен, тој сакаше сите погледи на јавноста да бидат вперени кон неговата сакана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter