Во 2025 година од патарина собрани 67.624.624 евра, ЈПДП склучи договор за М-ТАГ и во малопродажба - Канал 5

Во 2025 година од патарина собрани 67.624.624 евра, ЈПДП склучи договор за М-ТАГ и во малопродажба

 Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра).

Во 2025 година од патарина собрани 67.624.624 евра, ЈПДП склучи договор за М-ТАГ и во малопродажба

- Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 година остварен е промет во висина од 4.158.914.362,00 денари (67.624,624 евра), информира за МИА Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Тој посочува дека приходот од наплатата од патарини има постојан пораст во изминатите години. Прегледот на вкупно остварениот промет по основ на наплатена патарина, продажба на електронски уреди, надополнување на електронските уреди, плаќање на билети за ненаплатена патарина како и на средства наплатени преку платформата Отворен Балкан (започнувајќи од летото 2023) покажува дека во 2020 биле наплатени 34.029.562 евра, во 2021 година 46.401.122 евра, во 2022 година 53.242.070 евра, во 2023 година 62.077.966 евра, а во 2024 година 66.463.963 евра.

Од ЈПДП споделуваат дека по повикот за воспоставување поширока мрежа на достапност за купување и надополнување на уредот М-ТАГ, склучен е договор за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (таг) со правните лица А1 Македонија и Македонски телеком.

- Во моментот се извршува интеграција на апликативните софтвери помеѓу ЈПДП и правните лица за пуштање во употреба на бараните услуги со М-ТАГ, информираат од ЈПДП.

Собранието во јуни изгласа измени на Законот за јавни патишта со кои се создаде правна основа за објава на повик за избор на оператор за поставување малопродажна мрежа низ државата за надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг. Тоа сега се прави само во просториите на ЈПДП. Искуствата во другите држави со ваквиот начин на продажба покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците и оти нивниот број се зголемил. Се очекуваат придобивки со забрзување на протокот на сообраќај на наплатните станици, зголемување на ефикасноста на наплатните станици, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на злоупотребите и зголемување на задоволството на корисниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица се лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица се лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило

Сите 15 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, а пет од нив биле малолетници.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Нов паркинг простор во центарот на градот

Изградбата на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“ влегуваат во завршна фаза.

Општина Битола: Нов паркинг простор во центарот на градот

Денес се асфалтираше и на оваа локација, а станува збор за површина од 1100 м2.

Новиот паркинг простор ќе обезбеди 25 паркинг места, согласно проектот ќе има и улично осветлување, а изведена беше и атмосферска канализација.

Со ова Битола добива уште еден паркинг простор во центарот на градот.

Вкупната сума на средства кои што ги обезбеди општината од својот буџет изнесува 2.752.772 денари.

И на неколку други локации се работи на новите паркинг места во градот, што е заложба на општината за подобрување на состојбата со сообраќајот во централното градско подрачје.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата

Денеска (06.08.2026) во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност и Министерството за финансии – Биро за јавни набавки.

МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата

Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска.

Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната институционална соработка, со цел зголемување на ефикасноста во размената на податоци по електронски пат, организирање континуирани обуки, како и развивање други форми на соработка од делокругот на работењето на Бирото за јавна безбедност и Бирото за јавни набавки.

Меморандумот ги уредува и начините на остварување координација и меѓусебна соработка во областа на спречувањето и сузбивањето на корупцијата и криминалот поврзани со јавните набавки, преку поефикасна размена на информации и заеднички активности во рамките на законските надлежности на двете институции.

Со оваа соработка двете институции ја потврдуваат својата заедничка заложба за зајакнување на институционалните капацитети, транспарентноста и интегритетот во системот на јавните набавки, како и за поефикасна борба против корупцијата и криминалот во оваа област.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер