Во 2014-та 20 мајки ги оставиле новороденчињата, лани 6, кои се причините? - Канал 5

Во 2014-та 20 мајки ги оставиле новороденчињата, лани 6, кои се причините?

Три мајки во првиот месец од 2017 година своите новороденчиња ги оставиле по раѓањето на Клиниката за гинекологија и акушерство. Нада Тофоска е социјален работник во оваа клиника за неа и еден случај е големо ангажирање на здравствените и социјалните служби.

Во 2014-та 20 мајки ги оставиле новороденчињата, лани 6, кои се причините?
„Причините се од економска природа, не решени семејни односи, зависност од наркотици и алкохол. Секако секогаш едната причина оди со другата“Нада Тофоска, Клиника за гинекологија и акушерство.

Најголемиот број од бебињата се здраво родени. За гинеколозите е важно навреме планирање на бременоста. Во 2016 година 6 мајки ги оставиле бебињата во болница, но има и такви кои го продолжуваат животот со нив.

„Специфичен пример е 2014 година, 20 мајки ги оставиле своите бебиња. Но, со интензивни разговори мајките се решиле да останат со децата“, рече Др. Марија Хаџи Лега, директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.

За оставање на своето чедо последниот збор го има мајката, најголем дел од овие случаи се во брачна заедница.

„Сите треба да помогнат сите страни семејство, општество не да се осуди, туку навреме да се помогне“, објасни Нада Тофоска, Клиника за гинекологија и акушерство.

Се до решавањето на иднината на детето од страна на социјалните служби, бебето останува на клиниката, потоа продолжува во домот за доенчиња во Битола, каде чекаат да живеат во семејство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер