Внукот на Мохамед Али со прва професионална победа - Канал 5

Внукот на Мохамед Али со прва професионална победа

Нико Али Волш, 20-годишниот внук на боксерската легенда Мохамед Али со импресивен триумф стартуваше профи кариера во средна категорија.

Внукот на Мохамед Али со прва професионална победа

Во мечот со 9 години повозрасниот Џордан Викс, Нико победи со нокаут што се случи после само 90 секунди борба. Никоа Ли Волш е син на ќерката на Мохамед Али, а интересно е што промотор на борбата му беше 90-годишниот Боб Ерам кој пред 55 години почна да ги промовира борбите и на неговиот легендарен дедо.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Денеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и други

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапување

Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. 

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапување

Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Контролирано судство под Мицкоски ги ослободува виновниците за Кочани

Газда Деко и речиси сите обвинети за „Пулс“ се на слобода.

СДСМ: Контролирано судство под Мицкоски ги ослободува виновниците за Кочани

Родителите порачаа дека правдата не смее да истече.

А што прави власта на Мицкоски?

Две и пол години ја контролираат полицијата.

Две и пол години ги контролираат обвинителствата.

Две и пол години ги контролираат судовите.

И каков е резултатот?

Виновниците за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 млади животи а 193 беа повредени, излегуваат на слобода.

Ова е контролирано судство што ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговор, без правда.

Како што Мицкоски рече дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во Пулс има врска со ВМРО, така и сè што ветил и кажал е лага.

Човек кој кога ќе прозбори – лаже.

Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите во Кочани повторно гледаат како правдата се топи.

Го ослободуваат Латас.

Го ослободуваат Груевски.

Си го враќаат имотот стекнат преку криминал.

Ги ослободуваат одговорност телохранителите кои тепаат жени.

Ги ослободуваат од одговорност царината и полицијата за 5 тони дрога.

Ги ослободуваат градоначалниците…

Така изгледа правдата со Мицкоски.

СДСМ стои со семејствата на жртвите.

Бараме целосна и неселективна одговорност.

Бараме правда што нема да истече.

Под оваа власт, правдата е заробена.

Под оваа власт, виновниците шетаат слободно.

Под оваа власт, жртвите остануваат без одговори.

До кога?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер