Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ЖивотВнимавајте кого запознавате преку интернет!Што може да се случи кога психопат ќе се заљуби? - исповедЗапознавањето преку Интернет е возбудливо, неизвесно и исполнето со предупредувачки знаци. За жал, некои проблематични карактеристики на луѓето кои ги запознаваме вака не излегуваат веднаш на виделина. Еве една таква приказна: Во 2018 година, Жаклин Клер Адис (33) била обвинета дека му испратила 65.000 пораки на маж со кого излегла само еднаш. Таа била убедена дека ја запознала својата сродна душа. Во интервју за медиумите, на прашањето дали е луда, едноставно рекла: - Не, јас сум само личност која ја откри љубовта. Адис го запознала несреќниот човек „онлајн“, преку страницата за запознавање на милионери. Двајцата излегле првпат во јануари 2017 година, а потоа почнало малтретирањето. Полицијата во Парадајз Велиј првпат интервенирала во јули 2017 година, кога мажот пријавил дека Жаклин го вознемирува преку СМС пораки. Адис во текот на 17 месеци на овој човек му испраќала вознемирувачки пораки, понекогаш и до 500 СМС на ден, се вели во полицискиот извештај. „Никогаш не обидувај се да ме оставиш... Ќе те убијам... Не сакам да бидам убиец! „Се надевам дека ќе умреш... расипан Евреину... јас сум како новиот Хитлер... човекот беше гениј“. Ова се дел од испратените пораки, се вели во полицискиот извештај. Човекот ја блокирал Адис на апликацијата за запознавање, но тоа се покажало како голема грешка. Таа го сфатила ова како знак да се пресели од Флорида во Аризона, во близина на местото каде што живеел. Во април 2018 година, таа упаднала во неговиот дом во Аризона. Човекот бил надвор од градот на 8. април. Кога го проверил неговиот систем за домашен надзор, на негово изненадување, Адис се капела во неговот дом. Таа била уапсена и обвинета за кривично дело упад на туѓ имот. На 4. мај 2018 година, Адис се појавила на неговото работно место и тврдела дека е негова сопруга. Набљудувачите изјавиле дека се однесувала ирационално и дека тврдела оти е сопруга на сопственикот. Адис тогаш била уапсена под обвинение за закана, следење и малтретирање, пишува порталот „yourtango.com“. Таа била задржана без право на кауција. Но, во 2019 година, на стручњаци за ментално здравје им било дозволено да ја проценат нејзината ментална способност, било утврдено дека Адис е ментално неспособна, па обвиненијата против неа биле отфрлени. Адис извесно време останала во здравствен дом, а потоа родителите ја вратиле на Флорида каде продолжила да се лекува. Исто така, не ѝ бил дозволен контакт со човекот кого го демнела. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%Од 1,6% економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%.Македонската економија расте забрзано. Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти. Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал. Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој македонската економија предолго се движеше со недоволно темпо. Во првиот квартал од 2024 година растот изнесуваше само 1,6 проценти. Денес, две години подоцна, зборуваме за раст од 4,3 проценти. Тоа е сериозна промена во економската динамика, и тука би сакала да објаснам нешто многу едноставно. Не е важно само колкав е растот. Важно е од каде доаѓа растот. А бројките покажуваат дека денешниот раст има широка основа. Инвестициите во вториот квартал реално растат за 16,5 проценти. Извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти. Градежништвото бележи раст од дури 21,9 проценти. Раст има и во преработувачката индустрија, во трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор. Тоа значи повеќе економска активност, повеќе работа за компаниите и поголем простор за нови инвестиции и нови работни места. И има уште еден многу важен податок. Додека економскиот раст забрзува, инфлацијата се намалува и таа денес е 2,3%. Почитувани граѓани, Ние работиме за тоа економскиот раст да се почувствува во семејниот буџет, во платите, во новите работни места, во компаниите и во животниот стандард на граѓаните. Но за да стигнеме таму, економијата прво мора да расте, а денес таа расте и забрзува. Затоа ќе продолжиме со поддршка на инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно и предвидливо економско окружување. Од економија која растеше со 1,6 проценти на почетокот на 2024 година, денес имаме економија со раст од 4,3 проценти. Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи. И наша обврска е тој раст да го претвориме во подобар животен стандард за македонските граѓани, рече Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
СветПретставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина? Деловен авион, во кој веројатно се наоѓаа претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пристигна во Москва, објави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на воздухопловните власти.„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални претставници за да преговараат за решение во Украина. Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор. ТАСС, исто така, објави дека двајцата претставници треба да го посетат и Киев. Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со рускиот претседател Владимир Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕксплозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер Во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот залив утрово одекнаа експлозии, јави агенцијата Фарс.Како што јави Иранската студентска новинска мрежа (SNN), ирански танкер со нафта во близина на островот Харг бил погоден со проектили. Иранскиот новински канал Хабар Фури објави дека танкерот бил погоден со четири американски проектили и дека во тек е евакуација. Островот Харг се смета за клучен нафтен терминал и околу 90 отсто од извозот на нафта на Иран се обработува таму. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави на социјалната мрежа Truth social видео генерирана од вештачка интелигенција на која се гледа како американските сили го напаѓаат Харг, со коментар дека островот е „разнесен на парчиња“. Потоа, генералниот директор на иранската национална нафтена компанија Хамид Бовард изјави дека немало напади и најавите на Трамп ги нарече „смешни“. Бовард потсети дека во минатото американските и израелските сили постојано го бомбардираа овој остров, од каде потекнуваат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но и тогаш работните активности не беа прекинати ниту за момент.Тагови: танкер Харг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook