ВМРО – ДПМНЕ: Зоран Заев е на прав пат да ја уништи државата на секое поле

Со право јавноста се прашува за каков прав пат говори кога нема напредок во ниту едно поле, туку само пропаѓање надолусе наведува во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на обраќањето на премиерот Зоран заев на трибината во Штип.

Така подобро е да се каже дека Македонија со Заев е во стрмоглав пад.

За Зоран Заев прав пат е падот на листата на Транспаренси Македонија кај што по индекс на перцепција на корупција делиме 93 место заедно со афричките земји.

За Зоран прав пат е падот на стандардот на граѓаните при што имаме над 500 илјади граѓани кои живеат на работ на сиромаштијата.

За Зоран Заев прав пат е бесперспективноста на граѓаните. Над 80% од младите сакаат да ја напуштат Македонија затоа што младинската невработеност е 47%.

За Зоран Заев прав пат е податокот дека на Шангајската листа нема ниту еден универзитет од Македонија, затоа што образованието тоне во хаос.

За Зоран Заев прав пат е најнискиот раст на економијата на регионално и европско ниво и тоа што јавниот долг надмина 5 милијарди евра.

За Зоран Заев оценката НУЛА од странските инвеститори е прав пат и податокот дека странските инвестиции се убедливо најниски во регионот.

Прав пат за Заев е случајот Рекет 1, Рекет2, Рекет 3, заедно со торбите Луј Витон во кои до гуша се заглавени лица од неговото непосредно опкружување, што само потврдува дека токму тој е главата на вака добро организираниот криминален октопод

Каде гледа Зоран Заев прав пат кога нивото на реализација на капитални инвестиции е катастрофално од само 28,16% за шест месеци, што доволно говори дека оваа влада е неспособна и не работи ништо.

Постојат уште десетици клучки параметри кои го побиваат тврдењето на Заев дека е на прав пат. Сите останати граѓани добро чувствуваат по свој грб и по својот џеб дека државата тоне, хаос има во секој сектор, а единствено цвета криминалот и бизнисите на функционерите од власта. Ако е толку убеден Заев дека е на прав пат нека смогне храброст и нека се соочи на избори час поскоро, за конечно да ја ослободи државата и да започне темелната обнова на Македонија, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер