ВМРО-ДПМНЕ: Злонамерни и лажни се и обвинувањата на СДС за „шоферот на министерот“ - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Злонамерни и лажни се и обвинувањата на СДС за „шоферот на министерот“

Злонамерни и лажни се и обвинувањата  на СДС за повластување на „шоферот на министерот“ за кабинетски службеник. 

ВМРО-ДПМНЕ: Злонамерни и лажни се и обвинувањата  на СДС за „шоферот на министерот“

Возач на министерот е лице определено од Службата за општи и заеднички работи и не е кабинетски службеник. Именување на претседател на УО на Македонската Опера и Балет е лице кое е вработено во МКТ но не е кабинетски службеник на министерот за култура и туризам, туку е професионалец кој работи во МКТ 15 години. Да не се навраќаме на потрошените буџетски средства на претходната ваша министерка и на вашите директори кои во исто време беа и директори и селектори и членови на комисии во Министерството за култура.

Сите овие обвинувања се само конструкции и злонамерен обид да се прикријат седумте катастрофални години на владеење на СДС, особено душманскиот однос кон македонската култура. Ако е и од СДС партијата која брусеше шахти, го продаде македонскиот идентитет и безочно го понижуваше македонскиот граѓанин на сметка на туѓи интереси - премногу е! На актерката Катерина Илиевска и посакуваме својот талент на интерпретација да го насочи кон театарските сцени, а од СДС очекуваме јавно извинување за искажаните небулози и дезинформации. Доколку тоа не се случи, Министерството ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на својот углед и на угледот на своите претставници.

Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот Љутков потрошил над 50.000 евра за патувања. Потенцираме, потрошените средства за Јапонија кои се споменуваат изнесуваат точно 3.485.080 денари и не се искористени за бројна делегација од МКТ како што СДС сакаат да прикажат туку наменети се исклучиво за патните трошоци, билети, сместување и дневници за уметниците од НУ Ансамбл Танец!

Сите службени патувања на министерот Љутков и вработените во МКТ се реализирани со јасна културна и дипломатска агенда. Секој трошок е транспарентно објавен и достапен за јавноста. Обидите да се проблематизираат службено оправданите патувања, се класичен пример на сензационализам и манипулација. Сакаме да потенцираме дека патувањето во Јапонија, кое тенденциозно се споменува, е дел од официјална програма за меѓународна културна презентација на државата и е во духот на историскиот Договор за соработка кој беше потпишан минатата година со оваа држава. Единствен критериум при изборот на програмата за Експо Осака е квалитетот! Овој пат наместо препарираниот рис и орел кои беа едни од главните содржини на Експо Дубаи 2021 кога тие владееја , пред јапонската и светската јавност ги нудиме нашите амбасадори, Танец, Ана и Игор Дурловски, Кирил Џајковски и Владимир Василевски-Четкар! Наместо да го поздравиме видливото присуство на нашата држава на овој настан, СДС најбезочно ги омаловажува уметниците, и ја извртува вистината.

СДС била и е партија која секогаш ги омаловажува уметниците и не може да се помири во евидентната разлика на работа, посветеност во културата, сде наведува во партиската реакција.

Трамп: Не брзам да разговарам со Иран

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека, иако Техеран изразува желба за разговори со САД, тој „не брза да започне преговори“.

Трамп: Не брзам да разговарам со Иран

-Тие би сакале да разговараат. Не брзам да разговарам, бидејќи го уништивме нивниот објект, изјави Трамп по враќањето во Вашингтон од посетата на Питсбург.

Како што објави вчера порталот Аксиос, повикувајќи се на информирани извори, американскиот државен секретар Марко Рубио и министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Велика Британија се согласија во телефонски разговор да го постават крајот на август како де факто рок за постигнување нуклеарен договор со Иран.

Ливерпул нуди 125 милиони евра за Исак

Англискиот фудбалски првак Ливерпул покажува голем интерес за шведскиот напаѓач на Њукасл, Александер Исак.

Ливерпул нуди 125 милиони евра за Исак

Според англиските медиуми, Ливерпул е подготвен да му плати на Њукасл обесштетување од 125 милиони евра за услугите на 25-годишниот напаѓач.

Ливерпул, наводно, првично понудил 80 милиони евра, кои биле категорично одбиени на раководството на Њукасл.

Исак постигна вкупно 62 голови на 109 натпревари за Њукасл откако му се приклучи на клубот од Реал Сосиедад во 2022 година за 60 милиони евра.

Расте бројот на сомнителни смртни случаи меѓу руската елита

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, голем број припадници на руската елита починале на сомнителен и таинствен начин. Аналитичарите велат дека причините за тоа се сложени, но и типични за руската висока политика.

Расте бројот на сомнителни смртни случаи меѓу руската елита

Хина

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, голем број припадници на руската елита починале на сомнителен и таинствен начин. Аналитичарите велат дека причините за тоа се сложени, но и типични за руската висока политика.

Иако поради затвореноста на Русија не постои точна и сигурна бројка, според западните агенции и руски активисти, повеќе од 75 важни личности од политичките, воените и деловните кругови на Русија починале под сомнителни или неразјаснети околности од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година до јули 2025 година. Во тоа се вклучени олигарси, политичари, воени функционери и лица поврзани со државните структури.

Официјална Москва нивните страдања ги нарекуваше самоубиства, падови од прозорци, случајни труења, срцеви удари или насилни смртни случаи во семејни трагедии.

Последниот таков случај е смртта на Роман Старовојт. Неговото тело беше пронајдено во московската област Одинцово, каде што живеат многу членови на руската елита. Руските медиуми објавија дека извршил самоубиство во парк со пиштол што му го подарил претседателот Путин. Старовојт од мај 2024 година беше министер за транспорт, а претходно беше гувернер на Курската област, која украинските сили ја нападнаа во август 2024 година. Воениот успех на Киев во тој регион ја понижи Русија. Старовојт беше сменет од министерската функција непосредно пред самоубиството.

Падови од прозорци, давења во када и базен

Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа два месеци откако го почна својот бунт против претседателот Путин со неговата платеничка армија Вагнер. Тој и неговите луѓе одиграа значајна улога во првата година од војната во Украина, но кога изразија незадоволство од водењето на војната и тргнаа во воен поход кон Москва, беше јасно дека нема да траат долго. Денес ги нема ниту него, ниту неговата група.

Една од ретките компании во Русија која на почетокот срамежливо се огласи против инвазијата на Украина, со објаснување дека таква војна ќе ја ослабе економијата, беше Лукоил. Претседателот на тој енергетски гигант Равил Маганов почина по наводно паѓање од прозорец на болница во Москва.

Со пад од прозорец животот си го одзедоа и олигархот Павел Антов и Марина Јанкина, финансиски директор на западниот воен округ. Самоубиство со бесење извршија Сергеј Протосења, поранешен извршен директор на Новатек, високиот менаџер во Гаспром Александар Тјуљаков и Роман Малик, полковник задолжен за мобилизација.

Низата продолжува со гушења во када, давења во базен, падови по скали, а најчесто наведувана причина за смрт е срцев удар. Руските медиуми никогаш не истражувале што стои зад волку големиот број смртни случаи на влијателни луѓе, а официјална Москва само ќе изразела сочувство и ќе ги игнорирала прашањата од западните медиуми.

Атмосфера на страв

Руските професори и аналитичари кои побегнале на запад главно се плашат под свое име да ги коментираат овие смртни случаи. Но, тие навестуваат дека тие се последица на сложени борби за моќ, контрола над ресурсите и јасно и брзо отстранување на потенцијалните закани за режимот. Сето тоа создава дополнителна атмосфера на страв и несигурност во рамките на елитата, што дополнително ја зацврстува авторитарната контрола и ги одвраќа од спротивставување на режимот. Во таа смисла, сомнителните смртни случаи служат и како предупредување за оние кои би можеле да бидат дисиденти или закана.

На тој траг е и професорот Џефри Винтерс, политиколог од Универзитетот Илиноис, автор на книгата „Олигарси“, кој истакнува дека богатите луѓе во Русија е речиси невозможно да се убијат без одлука на државата. „Тоа се милијардери со телохранители, со пристап до најдобра медицинска нега, приватни возачи, со сите најдобри услови за заштита што парите можат да ги купат“, изјави тој. „Не можам директно да тврдам, но се чини логично дека ги отстранува истата рака што им овозможила да станат богати, влијателни или високо политички позиционирани“.

Нелојалност е еднаква на смрт

Сите овие сомнителни смртни случаи Украина ги користи за да предупреди на безмилосноста и бездушноста на рускиот режим и да му објасни на Западот против што всушност се борат Украинците. Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак изјави дека во Русија нелојалноста значи смрт.

Поранешната советничка на Белата куќа за Русија и одличен познавач на начинот на кој функционира Кремљ, Фиона Хил, рече дека не треба сите смртни случаи да се ставаат под ист именител и да се закопуваат во теории на заговор, но и дека не треба да чуди што недемократски режим не функционира на демократски начин.

Хил во интервју за Гардијан нагласи дека тоа е само еден сегмент од војната на Русија со Западот која веќе е во полн ек. „Русија се зацврсти како противник на начини кои веројатно не ги предвидовме целосно“, рече таа. Труењата, атентатите, кибер-нападите, саботажите и заканите за инфраструктурата се само дел од истата тактика, заклучи таа.

„Синдромот на ненадејна смрт на влијателни Руси“, како што Би-Би-Си минатата година ги нарече овие случаи, не почна за време на инвазијата на Украина. И пред нападот на Украина, најмалку 38 смртни случаи на бизнисмени кои во одреден момент биле блиски до Кремљ се објаснуваат со несреќни или мистериозни околности.

Најпознат случај е олигархот Борис Березовски кој изврши самоубиство во својот дом во близина на Лондон. Британските истражители по истрагата рекоа дека не пронашле никакви докази дека станува збор за насилна смрт, но во просторот на социјалните мрежи многумина не поверуваа во тоа објаснување. Како што ниту денес многумина не веруваат дека влијателните и богати Руси се толку невнимателни или психички лабилни.

притисни ентер