ВМРО-ДПМНЕ: Заев веднаш да го стопира пописот така ќе стопира смрт на 2400 луѓе поради ковид

Зоран Заев и СДСМ се коцкаат со здравјето и животите на граѓаните. 

Среде епидемија инсистираат на попис од проста причина што тоа за нив не е само статистичка, туку политичка операција. Заради политичкиот пазар на Заев среде нов бран со илјадници ново заболени и десетици починати на ден тие ќе испраќаат 5.500 попишувачи од дом во дом и на тој начин ризикуваат да настане експлозија на заразата.

Македонија поради нивната неспособност и неодговорност веќе пати. Овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат

Заев веднаш да го стопира пописот така ќе стопира смрт на 2400 луѓе поради ковид

Во последните пет земји во светот сме по вакцинација според Блумберг, а во првите три по смртност според Економист. Не успеаа да набават вакцини за имунизација ниту на здравствените работници, а не пак да обезбедат масовна имунизација. Сега, згора на тоа ќе изложуваат на ризик луѓе кои што ќе попишуваат и ќе бидат попишувани само за да го исполнат политичкиот хир и инает на Заев.

Комисијата за заразни болести очигледно е нем послушник на Заев, бидејќи на ваква епидемиолошка слика молчи. Земји кои далеку подобро се справуваат со кризата и кои имаат напредна фаза на имунизација ги одложија планираните пописи, само власта на Заев ќе сее хаос и зарази.Тоа што Заев го нарекува попис во пандемија е потенцијално ширење на смрт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер