ВМРО-ДПМНЕ: Заев се откажа од името, сега ја продава и придавката македонски

Заев се откажа од името, сега ја продава и придавката македонски, ќе одговара за велепредавство.

Зоран Заев се откажа од името, сега ја продава и придавката македонски, ќе одговара за велепредавство.

Заев кој го продаде името и тврдеше дека идентитетот, јазикот и историјата се зачувани, пред два дена кажа дека на маса за преговори со Бугарија го ставил и идентитетот.

Зоран Заев јасно кажа дека нема да биде македонска влада, македонска историја итн.

Зоран Заев се откажа од придавката македонски, за која до пред три дена тврдеше дека е заштитена.

Зоран Заев систематски ја разградува државата.

Нема дно кое Заев не може да го пробие. Заев сега се откажува од идентитетот, јазикот и историјата.

Предупредивме дека Заев ја распродава државата и потврдата дојде лично од Зоран Заев.

Во само две интервјуа Зоран Заев ја уништи македонската држава, и нејзините позиции за преговори.

Штетите кои што Зоран Заев ги нанесе на државата се велепредавство и за тоа тој ќе одговара.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прими Крис Павловски, директорот на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, кој е во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025.

На средбата, Павловски ја претстави работата на Рамбл, компанија која котира на индексот Наздак на берзата во Њујорк, со нејзината етаблирана видео платформа и е во подем во дејноста на развојот на дигиталната инфраструктура и клауд услугите. Како водечки претприемач со македонско потекло, господинот Павловски изнесе мислења за состојбата во дигиталниот сектор, за трендовите и перспективите кои може да се искористат.

Претседателката Сиљановска Давкова го информираше Павловски за нејзината иницијатива за развивање на соработката со македонската дијаспора, со цел максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава.

Фоден прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар играч на сезоната во англиското фудбалско првенство, објавено е на официјалниот сајт на градот.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Пазарната вредност на Фоден на фудбалскиот пазар се проценува на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година./МИА

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

притисни ентер