ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема поддршка од граѓаните за неговите политики

Зоран Заев не треба да се прашува „што правиме сега“, туку треба да ја почитува волјата на народот. 

Самиот призна дека одлуката која што ја стави на референдум не беше поддржана од граѓаните и затоа треба да се поклони на македонскиот народ и да отстапи од намерите за бришење на името, идентитетот, историјата, традицијата и културата. Наместо да се прашува, Заев треба да понесе одговорност за милионите евра истрошени на референдумот на кој народот му кажа дека не ги поддржува неговите антидржавни политики.

Впрочем во капитулантскиот договор што Заев го турка на сила се содржат истите гаранции кои беа наведени и во времената согласност од 1995 година. Сите видовме колку тие гаранции беа почитувани од грчка страна и дали Грција не го попречуваше членството на Македонија во НАТО под времената референца.

Кариерата на Зоран Заев е поважна од националните и државните интереси. Тој по секоја цена на сила се обидува да го протурка капитуланскиот договор со Грција. Народот беше повеќе од јасен. СДСМ не сака да ја испочитува волјата на 1.2 милиони граѓани кои преку својата апстиненција дадоа и повеќе од јасен одговор дека не се согласуваат со промена на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија.

Зоран Заев и СДСМ треба да сфатат дека само народот и никој друг го има тоа право да одлучува за Република Македонија и тој народ одлучи да нема промена на името на државата и националниот идентитет.

Циркусот во собранието од страна на Зоран Заев и иницијативата за промена на уставот на Република Македонија со цел промена на уставното име веќе добро им е познат на граѓаните. Заев продолжува да го гази својот народ да го потценува и да го негира. Единствениот мотив зошто ова го прави е дека сака да ги прикрие сите криминали што ги направи оваа власт. Дополнителен товар му е тоа што има ветено некому нешто што не може да го исполни и затоа тој не само што се откажа од народот туку оди и спротивно на јасно изразената волја.

Со капитуланскиот договор од Преспа, СДСМ и Зоран Заев полека ги заокружува сите Грчки барања од 1992 година, кои беа испорачани од Владата на Мицотакис, иако тогаш Македонија доби позитивно мислење од Бадентерова комисија.

Со прифаќањето повторно да се променат чл. 3 и чл. 49, а над тоа и Преамбулата на Уставот, всушност во целост Република Македонија признава дека Грција со право ги спорела овие уставни одредби во целиот изминат период.

Заев нема поддршка од граѓаните за неговите политики.

Тој се плаши од фер и демократски избори на кои народот ќе го испрати во политичка пензија и ќе му стави крај на неговата неславна политичка кариера, а Македонија ќе победи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

притисни ентер