ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ секоја година ветуваа економски напредок, а стопанството и економијата ги донесоа до колапс

СДСМ и на минатите избори ветуваше програма за живот, а донесе колапс на економијата. Се што ветија излажаа, се што фатија исушија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Јован Митрески од СДСМ.

Заев секоја година ја прогласуваше за економска, па се случи да имаме убедливо најниско ниво на раст на БДП во регионот и убедливо најниско ниво на инвестиции во Европа. Да сакаа да работат нешто за граѓаните тогаш ќе направеа нешто, бидејќи имаа три години и три буџети. Ги трошеа најголемите буџети во историјата на Македонија, а од тоа немаа никаков ефект. Нивото на реализација на капитални инвестиции беше мизерно и не се изгради ниту еден автопат од ветените 600 километри нови автопати, не се градеа училишта, Нема Клинички центар кој помпезно го најавуваа и слично. Нема ништо, а парите на граѓаните се потрошени.

Парите завршија за партиски вработувања во администрацијата, набавки на лубриканти, бадеми, цвеќиња, дебели хонорари на партиските војници и службени автомобили. Затоа Македонија се дави во проблеми. Стопанството кое што сега го спомнуваат е веќе заглавено до гуша од погрешните политики на Заев. Затоа и стопанствениците, како и граѓаните порачуваат дека на претстојните избори ќе бидат поразени политиките на Заев и ќе почне Обновата на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

Слета првиот авион со кинеска делегација во Белград, со Си ќе пристигнат 400 претставници

Членови на кинеската делегација, министри и претставници на институции пристигнаа во Белград во рамки на дводневната посета на Србија, која денеска ќе ја започне кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали заедно со министерот за трговија Томислав Момировиќ ги чекаа првите гости од Кина и ги пречекаа на аеродромот.

Претседателот Си вечерва ќе го посети Белград, а ќе ја предводи 400-члената кинеска делегација во Србија, објави Курир.

Кирби: Русија треба само да ги повлече своите трупи

Со цел да ги заштити своите војници од влијанието на оружјето произведено од Запад, Русија треба едноставно да ги повлече од територијата на Украина, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД.

-Ако (Владимир) Путин и руските официјални лица се загрижени дека нивните трупи во Украина би можеле да бидат погодени од оружје произведено во други земји, најлесниот начин да се избегне тоа е едноставно да ги повлечат своите трупи, вели Кирби.

Тој додава дека во моментов администрацијата не гледа вистински чекори од страна на Руската Федерација во однос на можна употреба на нуклеарно оружје и „покрај агресивната реторика“. /МИА

притисни ентер