3Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела
БалканФранција, Германија и Италија бараат одложување на одлуката за прием на Косово во СЕФранција, Германија и Италија бараат одложување на одлуката за прием на Косово во Советот на Европа, објави Албаниан Пост.Франција, на која и се приклучија Германија и Италија, бара да се одложи одлуката за кандидатурата на Косово за членство во Советот на Европа на мајскиот состанок на Комитетот на министри, пишува тирански Албаниан Пост, повикувајќи се на дипломатски извори. Според истите извори, утре во Стразбур се очекува последната средба на амбасадорите на земјите членки пред состанокот на министрите на кој се очекува да биде донесена долгоочекуваната одлука за Косово, пренесува Бета. Како што дознава Албаниан Пост, се очекува утре на дневен ред на мајскиот министерски состанок амбасадорите на земјите членки на Советот на Европа да не го вклучат прашањето за членството на Косово. Според порталот, иако германската позиција досега не беше јасна, сега се чини јасно дека и Германија зазеде став дека владата на премиерот Албин Курти мора да преземе конкретни чекори во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) за да добие членство во Советот на Европа. Франција, Германија и Италија веќе се на став дека членството на Косово во Советот на Европа треба да се одложи до моментот кога Владата на Косово ќе ја докаже својата посветеност на спроведувањето на ЗСО со испраќањето на нацрт-статутот до Уставниот суд. Во написот се додава, дека ваквиот пристап не е поддржан од Обединетото Кралство, според кое прашањето за ЗСО како производ на бриселските преговори не треба да се меша со прашањето за членство во Советот на Европа. Сепак, и покрај политичката реторика на косовската Влада, која постојано го нагласуваше фактот дека Косово ги исполни сите услови потребни за прием во Советот на Европа, дури и според мислењето подготвено од Дора Бакојани, земјите со одлучувачко влијание како Франција и Италија одамна го информираа Курти дека почетокот на значајни чекори кон имплементација на договорот за ЗСО е непремостлив услов за членство на Косово во Советот на Европа. Во меѓувреме, Германската амбасада во Приштина денеска соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори кон создавање ЗСО. Германската амбасада соопшти дека Квинта групата и другите континуирано нагласуваат дека очекуваат Косово да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО, за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри на СЕ, пренесоа приштинските медиуми. Реакција денеска пристигна и од Амбасадата на Франција во Косово, која соопшти дека со испраќање на нацрт-статутот на ЗСО до Уставниот суд, Косово ќе добие поддршка за прием во Советот на Европа. Во одговор на прашање поставено од kohe.net, од амбасадата велат дека овој нацрт-статут е најдобрата основа што се нуди за формирање на ЗСО. „Испраќањето на нацрт-статутот на ЗСО на евалуација до Уставниот суд се споменува како еден од јасните чекори што Косово мора да ги преземе за да обезбеди поддршка во Советот на Европа, но премиерот Курти изјави дека Косово не го прифаќа тој план како одвоен од целокупниот план (Брисел и Охрид). Испраќањето на нацрт-статутот до Уставниот суд на евалуација би бил добредојден чекор за да се обезбеди поддршка за членството на Косово во Советот на Европа, се наведува во одговорот на амбасадата. Состанокот на Комитетот на министри за надворешни работи на СЕ, кој ќе се одржи во средината на мај, е последниот чекор кон конечното членство на Косово во оваа организација, што беше препорачано од Парламентарното собрание на СЕ врз основа на усвоениот извештај на известувачката Дора Бакојани. Засега се уште не е сигурно дали гласањето за препораките на ПССЕ и приемот на Косово ќе се најдат на дневен ред на Комитетот на министри на 16 и 17 мај. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаКовачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“Претседателот на Комисијата за локална самоуправа Драган Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“.Денеска во Собранието се одржа средба меѓу претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Драган Ковачки, и заменик-раководителот за меѓународна соработка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Флоријан Фејерабенд, како и претставникот на Фондацијата, Даниел Браун. На средбата присуствуваа и пратеничките Иванка Василевска и Драгана Бојковска. На средбата, Ковачки изрази благодарност за континуираната и недвосмислена поддршка што Фондацијата „Конрад Аденауер“ ѝ ја дава на нашата држава во изминатите години. Воедно, тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваше државата во изминатиот период, како и на оние што претстојат, нагласувајќи ја важноста на соработката со меѓународните партнери. Посебен акцент на разговорите беше ставен на процесот на европска интеграција на нашата држава, актуелната геополитичка состојба на Западен Балкан и односите меѓу земјите во регионот. Беше дискутирано и за отворените прашања со Република Бугарија, при што беше истакнато дека стратешка цел на нашата држава останува членството во Европската Унија. Европската перспектива е од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и обезбедувањето подобра иднина за идните генерации. Од своја страна, Даниел Браун изрази благодарност за гостопримството и досегашната соработка со нашата држава. Од страна на високите претставници на високите претставници на германската фондација беше потврдена нивната подготвеност за продолжување на соработката и во иднина преку нови работилници, експертски програми и специјализирани обуки кои ќе придонесат за јакнење на институциите и на парламентарната демократија. Соговорниците се согласија дека местото на нашата земја е во Европската Унија и дека европската интеграција останува приоритет. Средбата заврши во конструктивна атмосфера, со заемно изразена подготвеност за продолжување на дијалогот и зајакнување на соработката, соопштуваат од Собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ФудбалСкандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)Белгиската полиција започна истрага откако навивачите се побунија на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Клуб Бриж и Ленс. За време на натпреварот, кој Бриж го доби со 3:0, гостинските навивачи запалија голем број факели и ги фрлија кон домашните сектори на стадионот „Јан Брејдел“. На францускиот клуб сега му се заканува сериозна казна од УЕФА. Дел од пиротехничките средства беа фрлени и на трибината наменета за лица со посебни потреби, а во инцидентите беше повреден еден полицаец од Ленс, на кого му беше помогнато на стадионот. Поради нередот, натпреварот беше накратко прекинат. Полицијата ги прегледува снимките Полицијата во Бриж спроведува темелна истрага, а нивната специјална фудбалска единица ќе ги прегледа снимките од безбедносните камери за да ги идентификува одговорните, објавува белгискиот „Хет Ниусблад“. Портпаролката на полицијата потврди дека по анализата ќе биде составен официјален извештај. Никој не е уапсен на стадионот бидејќи полицијата проценила дека обидот за апсење во средината на немирите би можел да предизвика ескалација на конфликтот. Интересно е што немаше инциденти пред натпреварот. Натпреварот беше прогласен за висок ризик, но пристигнувањето на француските навивачи, кои беа придружувани до стадионот со придружувани автобуси, беше мирно. Steward at the Club Brugge match was injured because RC Lens fans lit flares and was then helped by other fans. 🎥 e.steenkiste https://t.co/MWoDV0crH8 — Football Fans Stuff (@officialffsnews) October 22, 2026 Ленс веќе е на условна казна За Ленс, ситуацијата е дополнително комплицирана бидејќи веќе има условна казна од УЕФА поради претходните навивачки немири. По употребата на пиротехнички средства на патот кон Славија во Прага во септември, клубот беше казнет со 15 илјади евра. Исто така, му беше изречена условна забрана за продажба на билети на своите навивачи за еден гостувачки европски натпревар. Поради новите инциденти во Бриж, на францускиот клуб му се заканува активирање на таа забрана, како и дополнителни дисциплински мерки. Конечната одлука ќе ја донесе УЕФА по прегледот на извештајот од натпреварот.Тагови: Лигата на шампионите факели Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развојОдржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00