ВМРО-ДПМНЕ: Заев и криминогената влада кратат по 400 денари месечно од пензиите

Зоран Заев и неговата криминогена влада во просек на секој пензионер ќе му скрати околу 400 денари месечно, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и неговата криминогена влада во просек на секој пензионер ќе му скрати околу 400 денари месечно.

Ако просечната пензија во Република Македонија изнесува 15 000 денари, тоа значи кратење за најмалку по 400 денари од пензија. Вкупно пресметано значи дека на пензионерите ќе им бидат скратени над 124 милиони денари или над два милиони евра!

Скандалозно е тоа што во исто време кога се случува качувања на платите на министри и одредени градоначалници власта спроведува кратење на пензии.

Кратењето на пензиите удира безмалку на над 310 илјади семејства во Република Македонија. Им ја намалуваат куповната моќ на пензионерите, од нив создаваат социјални случаи. Наместо достоинствена старост, ги туркаат во економско ранлива категорија.

Ветуваа раст на пензии а добивме кратење. Значи повторно излажаа. Неприфатливо е што министерката Царовска дури се заканува дека ако не било ова кратење пензии ќе морало да има раст на старосната граница за пензионирање. Пари во буџетот има но тие завршуваат за криминал и луксузирање на власта. Едно збора а друго зборуваа пред изборите кога ветуваа се и сешто. Граѓаните нема да ги трпат овие уцени.

Власта брутално ги лаже и си поиугрува и со пензионерите и со граѓаните, животот на Заев сега ќе им крати 400 денари месечно на пензионерите или 124 милиони денари вкупно. Затоа мора да заминат што поскоро од владата на Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, говорник Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти ширум светот.

„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул.

За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу подрачја ќе се соочија со глад, особено африканските земји. .

Тој нагласи дека Турција, сред пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзиниот теснец./МИА

Десетици загинати и ранети во нападот на израелските сили врз Џабалија и Рафа

Израелски војници и тенкови денеска влегоа во северните делови на Појасот Газа кои ги заобиколуваа повеќе од седум месеци, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, соопштија медицински претставници и жители.

Израелските сили, исто така, зазедоа дел од теренот во Рафа, јужен град во близина на египетската граница, кој е преполн со раселени луѓе.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучително и Џабалија и Рафа, спроведувајќи, како што ИДФ ги нарече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.

„ИАФ (Воздухопловните сили) продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа и нападнаа над 70 терористички цели во текот на изминатиот ден, вклучително складишта за оружје, локации во воената инфраструктура, терористи кои претставуваа закана за војниците на ИДФ и воените комплекси“, се наведува во соопштението на израелската армија./МИА

Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче

Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор. 

-Во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, се вели во информацијата од делчевската полиција.

Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

притисни ентер