3ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина Бутел
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче доделиле лиценца на фирма за производство на канабис и од која се запленети 30 тони марихуанаЗаев и Филипче доделиле лиценца на фирма за производство на канабис и од која се запленети 30 тони марихуана, ЈО да ја испита поврзаноста.Поврзаноста на Филипче и Заев со бизнисот со марихуана e прашање на сериозни индиции кои бараат итна истрага. Фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, од која беа запленети 30 тони марихуана, е директно поврзана со луѓе блиски до СДС и Заев. Постојат фотографии кои го прикажуваат Филипче во друштво со сопственикот, Тони Котев. Од вкупно околу 40 тони запленета марихуана, дури околу 30 тони се поврзуваат со оваа фирма или 70%. Во 2020 година фирмата добила лиценца, а истата година, Заев и Филипче јавно ја отворија темата за поширока легализација на канабисот, вклучително и за лична употреба. Оти таквата иницијатива не доби поддршка, следеше интензивно издавање лиценци за медицински канабис, при што значителен број од нив завршија кај лица поврзани со структурите на власта. Измените на Правилникот за одгледување на канабис што ги овозможиле во 2023 година, кои се спротивно на закон и се однесуваат на одгледување на канабис на отворено и производство кое не ги исполнува ГМП стандардите, отвораат сериозни прашања за законитоста на процесот. Каква е легитимноста на цел бизнис ако производот не може да се лиценцира или продава како кој не ги исполнува ГМП стандардите за медицинска употреба? Ова е момент за институционална одговорност. Јавното обвинителство и надлежните органи мораат итно да истражат и за лиценците и како биле доделувани истите и за измените на подзаконските акти и да ја истражат можната поврзаност на функционери од минатата власт во земјава. Граѓаните заслужуваат транспарентност и правда и ова не е прашање што може да се одложи. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
ЕвропаНад илјада луѓе во Европа се заразени со западнонилска треска Повеќе од илјада локално стекнати инфекции со Западнонилскиот вирус се пријавени низ цела Европа од почетокот на сезоната на пренос оваа година, според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).До 3 септември, вкупно 1.086 случаи се регистрирани во 15 земји, соопшти агенцијата во своето последно неделно ажурирање во петок. Бројот нагло се зголеми во последните недели. На почетокот на август, малку повеќе од 240 случаи се пријавени во седум европски земји. Италија регистрираше најмногу случаи, 516, по што следуваат Грција со 284 и Шпанија со 88. Вкупно 144 области низ Европа беа погодени, вклучувајќи 62 во Италија, иако ECDC предупреди дека бројките не ја даваат целосната слика. Вирусот Западнонил главно се шири преку комарци меѓу дивите птици, но заразените комарци можат да го пренесат и на луѓето. Според германскиот Институт Роберт Кох (RKI), околу 20 проценти од заразените лица развиваат болест слична на грип, додека само околу еден од 100 се разболува сериозно. Западнонилската треска обично се повлекува без компликации, иако долгорочните последици се релативно чести кај пациентите кои развиваат тешка болест.Тагови: западнонилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и сигурностМакедонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа.Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа. Енергетската криза во последните години покажа колку скапа може да биде зависноста од еден извор на снабдување. Затоа, отворањето нови патишта за снабдување е од особено значење, како за економијата, така и за енергетската сигурност на земјата. ВЛЕН ја поздравува работата на Недим Рама и тимот на НОМАГАС. Договорите од ваков обем не се постигнуваат преку ноќ. Зад нив стојат месеци работа, разговори и координација со партнерите од регионот, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина БутелЕдна година локална власт е една година работа, реализирани проекти и видливи резултати. Во Општина Бутел промените се гледаат на терен и во улиците, парковите, училиштата, градинките и спортските терени. Во изминатиот период започна водоводот во Љубанци и Љуботен, завршено е новото училиште во Визбегово во вредност 106 милиони денари, изградена е надградбата на ООУ „Ацо Шопов“ и започна изградбата на затворен базен. Изградени се две нови детски градинки, пет спортско рекреативни центри и над 30 спортски и детски игралишта. Уредено е речното корито на Серава во должина од 1.800 метри, Радишани доби нов парк и плоштад, а се градат новиот мега-парк на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, пешачка патека покрај Серава и два нови моста. Во изминатите пет години се реализирани и бројни реконструкции и асфалтирања на улици. А работата продолжува. Следуваат нова модерна поликлиника, секундарна водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен, доградба на ООУ „Панајот Гиновски“, нова градинка во Визбегово, нови спортски центри и дом на културата. Се реализираат и активности за видеонадзор на јавните површини. Една година е само почеток. Бутел се гради, се развива и се менува со конкретни проекти и уште посилно темпо во периодот што следува, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter