ВМРО-ДПМНЕ: За влез во ЕУ се потребни реформи и многу работа

Зоран Заев ќе ги изгуби претстојните предвремени парламентарни избори. Тој тоа го знае и затоа излегува со панични интервјуа во кои сите му се виновни.

Премиерот во заминување се удави во криминал, ги продаде националните интереси и не доби датум за почеток на преговори со ЕУ, а сега се обидува да се амнестира.

Ниту Макрон, ниту било кој друг политичар од Европа го лажел Заев дека ќе влезе во ЕУ ако го смени името на државата. За влез во ЕУ се потребни реформи и многу работа. Заев не го испорача ниту едното, ниту другото.

Власта на Заев не им даде доволно аргументи на нашите меѓународни пријатели кои константно ни помагаат да добиеме датум. Криминалот, корупцијата и рекет аферите се клучната причина зошто Македонија извиси. Тоа граѓаните го знаат и затоа ќе го испратат Заев во историјата, а СДСМ во опозиција.

На граѓаните им е доста од криминал, корупција и рекет. Граѓаните бараат обнова. Граѓаните сакаат државата да тргне напред и затоа во огромно мнозинство го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Доаѓа крај за СДСМ и почеток за обнова на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

На 06.05.2024, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори одржан на 24.04.2024, од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

При претресот пронајдени се два мобилни телефони, во кои се пронајдени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број, кои се испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација. Со двете лица извршен е разговор во полициска станица. Дополнително, во текот на денешниот ден повикани се и други лица со цел обезбедување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело по член 149 од КЗ "злоупотреба на лични податоци" и прекршок по член 190 став 2 од Изборниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од СВР Охрид.

Пукотници во вилата на познатиот рапер Дрејк, застрелан член на обезбедувањето

Во вилата на познатиот рапер Дрејк дошло до пукање.

Полицијата моментално работи на случајот, а припадник на обезбедувањето на раперот е тешко ранет.

Според пишувањата на медиумите, чуварот најверојатно бил застрелан во напад од автомобил.

Тој се здобил со прострелна рана во пределот на градниот кош и бил во несвест кога пристигнала полицијата, пишува „CBC News“.

Јулија Навална остро за инаугурацијата на Путин: Нашата држава ја води лажго, крадец и убиец

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, денеска по повод инаугурацијата на Владимир Путин за претседател на Русија изјави дека неговиот режим се заснова на лаги и корупција и дека мора да му дојде крајот.

„За мене лично, последните шест години од владеењето на Путин беа годините во кои мојот сопруг, Алексеј Навални, вистински руски патриот, беше прогонуван, отруен со хемиско оружје, суден, мачен во затвор три години, а потоа убиен. “, рече Навална и го обвини рускиот претседател за сето тоа.

Како што рече таа во видеото објавено на Јутјуб, со секој негов мандат сѐ се влошува и додаде дека е страшно да се замисли што друго ќе се случи доколку Путин остане на власт.

„Секојдневно ни се крадат огромни суми пари за да се бомбардираат мирните градови“, им порача Јулија на руските граѓани и истакна дека Путин се плаши да ги открие вистинските бројки на жртвите на „крвавата и бесмислена војна што никој не ја сака освен него“.

Таа рече дека Русија со Путин „нема да има ниту мир, ниту развој, ниту слобода“, и дека тој го изневерил ветувањето дадено за време на последниот инаугуративен говор кога рече дека сака мирна Русија, безбедна за нејзините граѓани.

„Пред два месеци Русија доживеа масовна трагедија, еден од најголемите и најстрашните терористички напади во поновата историја. Руските безбедносни сили не успеаја да го спречат и дозволија десетици наши сограѓани да загинат. А сепак, секој ден мирно апсат поединци за новинарство, ставови или дури објава на социјалните мрежи“, рече Навална.

Таа додаде дека мора да се осигура дека никој во светот нема доверба во Путин, ниту во Русија, ниту надвор од нејзините граници.

„Нашата држава моментално ја води лажго, крадец и убиец, но на тоа ќе дојде крајот. Не се откажувајте, вистината ќе победи“, заклучила Јулија.

притисни ентер