Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?
1Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?
3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За Филипче профитот бил на прво местоАферата „Провизиите кои чинат животи“, покажа дека за Филипче профитот бил на прво место, поставил модуларни болници од леснозапалив материјал.На површина излегува работењето на Венко Филипче како министер за здравство, каде профитот и провизиите биле поважни од здравјето на пациентите и граѓаните, воопшто. Место пациентите, профитот и провизиите на прво место. Па, така се случи и трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 луѓе. Аферата „Провизии кои чинат животи“ го разобличува Филипче. Нему, и за време на корона кризата, интересот му бил насочен единствено кон профити од тендерски провизии. За време на министерувањето на Филипче во ковид периодот, министерството за здравство дозволило изградба на модуларни болници низ државата, кои не исполнуваат минимални технички стандарди за безбедност и во кои не би смеело да се извршува здравствена дејност. За изградбата на овие болници, не се почитувале ни Законот за градење, ни Законот за здравствена дејност, а не се почитувале ни минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии. При изградбата, односно поставувањето на модуларни болници, како таа во Тетово, не се водело од квалитет и безбедност на објекти, туку тендерските постапки биле со чудна спецификација за набавка на стоки. И сето тоа резултираше со модуларни болници со лош квалитет од леснозапаливи материјали. Со заем од Светска банка за справување со ковид кризата, министерството за здравство со 30 милиони требаше за изгради 16 модуларни болници и да набави опрема и лекови. Бидејќи банката се сомневала во капацитетите на МЗ, одлучува парите да ги довери МТСП, кое требало проектна единица направи набавката по сите меѓународни стандарди и правила, но техничките спецификации ги прави лице од МЗ, назначено од Венко Филипче. Лицето назначено од Филипче прави спорна техничката спецификација, каде што подоцна се констатира, дека не е во согласност со ниту еден стандард за изградба на објекти од областа на здравството, односно не се набавувале модуларни болници, туку стоки. Пред трагичниот пожар во Тетово, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на Владата, го промениле законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема, за чие поставување одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче. Овие болници не се запишани ни во катастар, немаат добиено одлука од Влада за трајно користење и немаат ниту одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар. Сите овие информации се доставени и до Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција. Лакомоста на Филипче за провизии и профит одзеде 14 невини животи, кои во модуларната во Тетово дошле по лек. Јавноста мора да ја дознае вистината за кобниот пожар во модуларната болница! Во продолжение ќе бидат откриени сите детали од Аферата „Провизии кои чинат животи“, во која главна улога игра Венко Филипче. ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб .Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб и го повика Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% од придонесите во вториот столб. Филипче посочи дека во новиот предлог-закон, кој е веќе објавен на ЕНЕР, се брише членот 120, и го отвори прашањето дали ова значи дека вториот пензиски столб нема да постои. „Се брише членот 120 и се брише одредбата со која 6% од парите од придонесите, кои сите ние ги плаќаме за пензиско и инвалидско осигурување, 6% кои треба да одат во вториот столб, сега таа одредба се брише. Каде ќе одат парите? Дали тоа значи дека се елиминира вториот пензиски столб? Огромен скандал на повидок. Треба добро да се објасни. Христијан Мицкоски да каже зошто не се уплаќаат парите таму и зошто во новиот предлог-закон, кој е на ЕНЕР, се брише членот 120 за уплата на 6% од вкупниот придонес за пензиско осигурување во вториот столб“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче укажа на сериозната состојба со пензискиот систем, и ризикот во кој се ставени и членовите на вториот пензиски фонд, односно дека над 5 милиони евра не се префлрени во вторито столб. „ Освен што се пензионерите украдени, дупката во пензискиот фонд е милијарда евра. изминатите месеци не се уплаќаат парите од пензискиот фонд во фондовите за дополнително пензиско осигурување, таканаречениот втор столб. 50 милиони евра недостасуваат и притоа не ги уплаќаат парите во вториот столб. Се поставува прашањето: доведен ли е во ризик вториот столб на сите нас кои плаќаме таму пари за нашите идни пензии?“, праша Филипче. Тој предупреди дека секое доцнење и неуплата повлекува и камата и побара да се утврди кој ќе ја преземе одговорноста за тие средства. „Што ако се покренат тужби, ќе ги дадат ли парите плус камата, затоа што секое доцнење и неуплата повлекува и камата? Кој ќе ја преземе одговорноста за каматите?“, рече Филипче. Скопје, 21.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Водно освежено и уредено со нови содржиниГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче, а извршена е и обнова на клупите, кантите за отпадоци и летниковците. - За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите. Затоа, за мене како градоначалник, заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу најважните приоритети. Изминатиов период работевме на уредување влезот кон жичарата и изградивме ново детско катче. Денес, Водно го доби својот нов лик. Ги обновивме клупите, кантите за отпадоци и летниковците, а дрвените елементи ги освеживме со нова боја – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно е поставен и нов асфалт на патот кон Средно Водно и дека за првпат е поставено ЛЕД-осветлување. Дополнително, изграден е и моторички парк, каде што децата низ игра на отворено можат да вежбаат рамнотежа и координација. - Од Водно најубаво се гледа колку е убаво нашето Скопје. Затоа, да внимаваме каде го оставаме отпадот, да ги чуваме дрвјата и сето она што е направено за сите нас. Да го оставиме Водно чисто по секоја прошетка и зелено за секоја следна генерација – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“, за поддршката во уредувањето на овој простор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на животМинистерството за внатрешни работи информира дека утрово во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. -На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter