3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДСБројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС Нејасно е зошто СДС упорно отвора теми во јавноста кои никако не им одат во прилог. Се занимаваат со статистички податоци кои се лесно проверливи и кои немилосрдно ја покажуваат нивната безидејност. Зборуваат за платите, а не подалеку од вчера, и Државниот завод за статистика потврди дека платите во Македонија растат. Најновите податоци на ДЗС за месец септември го потврдуваат растот на реалната нето-плата. Имено, реална нето-плата е кога од нето-платата ќе се одземе инфлацијата за тој месец, а за месец септември 2026 година, реалната нето-плата порасна за 5,2%. Од друга страна, пак, доколку истата се спореди со септември 2022 година, период на власт на СДС, кога порастот на реалната нето-плата бил негативен, односно -5%, тогаш доаѓаме до интересен заклучок. Значи, во услови на историска енергетска криза, нашата Влада успева реалната плата да ја зголеми за 5,2%, додека тие, владата предводена од СДС, во 2022, кога исто така имаше ограничена енергетска криза успеаја да ја намалат за -5%. Ние не интервенираме со закони за минимална плата, туку оставаме пазарот на труд и законот за минималната плата да го регулираат порастот. Бројките се немилосрдни и понекогаш статистиката повеќе зборува отколку се друго. А ние како Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжиме да креираме политики и да преземаме мерки за економска стабилност и раст, да креираме услови за бизнис клима која ќе донесе општествен развој, нови работни места, повисоки плати и подобар животен стандард за македонските граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрбија има нов милионер, падна седумка вредна 3,4 милиони евра Во вечерашното извлекување на играта Лото, во Србија беше извлечена добивка во вредност од 3,4 милиони евра. Среќниот добитник го уплатил тикетот во Ниш. Добитната комбинација е 3, 5, 8, 10, 11, 21 и 26, а еден играч ги погодил сите седум броеви и ја освои мултимилионската сума. Покрај главниот добитник, уште 19 играчи погодиле шест броеви, а секој од нив добива по 124.188 динари(околу 1000 евра). Главната награда во играта „Лото плус“, која изнесуваше околу 3,77 милиони евра, не била извлечена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
КултураТеатар и музика во една вечер: МОТ со две претстави и концерт Во рамки на 51. издание на Млад отворен театар (МОТ), денеска, 21 ноември, публиката ја очекува уште една фестивалска вечер исполнета со современи театарски и музички содржини. На програмата се две претстави од регионалната театарска сцена, како и концертот на косовско – швајцарската изведувачка на традиционални песни ARBËRESHË, за кој влезот е бесплатен. Фестивалската вечер започнува во 20 часот, во салата „Фросина“ при МКЦ, со претставата „Закопани чуда“ на уметничката организација “Глумац има времена, глумица има времена” - ТАХТ од Хрватска, во режија на Нина Виолиќ. Создадена според делото на Моника Херцег, оваа мултимедијална претстава е интимна сценска приказна за љубовта, сеќавањето и илузијата. Преку три симболични простори – Рајската градина, Мостот и Станот – публиката навлегува во еден живот исполнет со спомени, желби, нежност, страв и страст. Во претставата настапуваат Леон Лучев и Јелена Граовац Лучев. Претставата трае 90 минути и се изведува на хрватски јазик, со македонски наднаслови. Во 22 часот, во Клуб МКЦ, следува „Смртен исход од атлетските повреди“ на Моје позориште од Босна и Херцеговина, во режија на Тара Маниќ, според истоимениот роман на Милица Вучковиќ. Претставата претставува своевидна аутопсија на една љубовна врска, раскажана од перспектива на главната протагонистка Ева, која верува во љубовта од бајките, но се впушта во врска што постепено се претвора во простор на несигурност, изолација, гаслајтинг и насилство. Преку оваа интимна и вознемирувачка приказна, претставата ги отвора прашањата за манипулацијата, родовата надмоќ и границите на човечката издржливост. Во улогите се Џана Пињо, Ален Муратовиќ, Дариан Мехмедбашиќ и Мак Мисира. Претставата трае 100 минути, се изведува на босански јазик, со македонски превод. Вечерта ќе биде заокружена со концертот на ARBËRESHË, со почеток во 22 часот во фоајето на сала Фросина. Родена во Швајцарија, со косовско-албански корени, а денес базирана во Приштина, ARBËRESHË создава автентичен музички израз во кој традиционалните песни од Косово, Албанија и Македонија добиваат нова звучна димензија. Преку спојот на гласот, гитарата, тапаните и древните инструменти, таа гради хипнотичко музичко патување кое ги поврзува балканското музичко наследство и современиот звук. Влезот е бесплатен. Фестивалската програма продолжува и утре, 22 ноември, со претставата „Свињи“ на Театар „Златен Елец“ од Битола, со почеток во 20 часот, во салата „Фросина“ при МКЦ. Во режија на Тамара Стојаноска, според текст на Томислав Зајец, „Свињи“ е претстава во која апсурдот, црниот хумор и гротеската создаваат сурова, поетична и вознемирувачка сценска алегорија. Преку приказната за две сестри, претставата ги истражува механизмите на моќта, насилството, осаменоста и траумите од детството, отворајќи прашања за тоа како средината и наследените модели на однесување го обликуваат човекот. Во улогите настапуваат Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска. Билетите за театарските претстави се достапни онлајн на bileti.mkc.mk и на билетарницата на МКЦ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook