ВМРО-ДПМНЕ: Во Собрание се продава правдата, се лицитира со правото само за една цел, Заев да се спаси

Денеска имавме многу убава можност и шанса да имаме убави состаноци тука во Општината Шуто Оризари. Да се видиме со граѓаните да разговараме со нивните проблеми.

Ние од ВМРО-ДПМНЕ постојано сме на терен и добро е што ги слушаме граѓаните, нивните размислувања но и нивните критики па се разбира со една цел како да станеме подобри и се разбира да победиме на 12 април.

Изборите ќе се случат набрзо, гледате што се случува во собранието. Еден голем пазар кој денеска тука во Шуто Оризари го констатиравме дека на пазарот во Шутка тоа не се случува. Се продава правото, се продава правдата, се лицитира со закони и само за една цел да се спаси Заев и таа свита околу него како да побегне од избори да не одговара за сите криминали што ги направија овие три години.

Тука во Шуто Оризари фалат многу проекти, фалат нови улици, фали нова инфраструктура. Денеска драго ми е и што поранешниот градоначалник Коце Трајановски беше тука со мене каде што навистина многу допринел како човек, но и како градоначалник за овие граѓани.

Ни требаат луѓе кои што навистина ќе се грижат. Овие дупки што ги има на секоја улица и ниту еден проект за овие граѓани тоа да стане минато. Ни треба свежа енергија и драго ми е и што комитетот на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари се труди многу да ги посети граѓаните, да ја приближи нашата програма и да бидеме што повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија за сите граѓани, ние имаме една добра основа една добра подлога и тоа ќе го направиме. Шуто Оризари сака нови промени, сакаат подобра Македонија.

Ние сите тука заедно сме Република Македонија. Може да не разрешуваат во Собрание сите до еден, но секогаш ќе има човек кој што ќе се бори за Македонија, бидејќи ние сите сме ВМРО-ДПМНЕ и заеднички сме граѓани на Република Македонија.

Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

13- годишно момче од Битола починало на роденденска забава

Момче (13) од Битола починало во неделата на роденденска забава.

Трагедијата се случила во атарот на селото Крстоар, додека момчето славело со другарите.

На момчето околу 15 часот и 30 минути му се слошило додека си играло со момчињата, а присутните веднаш повикале брза помош, која го пренела во болницата во Битола.

По пристигнувањето во болница, момчето не давало знаци на живот, а лекарите по 40 минути реанимација можеле само да констатираат смрт.

Од полицијата изјавија дека не се познати причините за смртта и дека телото ќе биде испратено на обдукција. Исто така, како што наведоа, на телото не биле забележани траги на насилство.

Црната боја - признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената за ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување коешто открива дека човек е вообичаено „најпривлечен“ за другите, но им изгледа и „најпаметно“ и „најсамоуверено“ во црна облека.

Обемното истражување на британската интернет-продавница „Бајшртсонлајн“ (Вuytshirtsonline) во коешто учествувале повеќе од 1.000 испитаници, во таа смисла, посочува оти црната боја е на место бр. 1... Поточно, луѓето кои носат црна облека - и жени и мажи, другите ги гледаат како најпривлечни, најинтелигентни и со најголема самоувереност.

Во категоријата за самодоверба, црвената боја е на второ место, а на прво место во разредот ароганција. Црвената е место бр. 2 и во категоријата за привлечност, па и тука е веднаш зад црното, а трета е сината боја. Само 12 отсто од испитаниците го поврзуваат црвената облека со интелектот.

Луѓето кои носат жолта, портокалова и розова облека, испитаниците ги сметаат за најмалку интелигентни. Луѓето кои носат кафена облека се сметаат за најмалку привлечни. /МИА

Столтенберг: Кина мора да престане да ја поддржува Русија, ако сака добри односи со Западот

„Кина мора да престане да ја поддржува Русија и нејзината војна во Украина ако сака да има добри односи со Западот“, предупреди Јенс Столтенберт, генерален секретар на НАТО.

Како што пренесува порталот „Укринформ“, Столтенберг тврди дека Кина на Русија ѝ дава електроника и технологија за производство на ракети, дронови и други видови оружје.

Генералниот секретар на НАТО зборуваше во Брисел по повод дискусијата за иднината на алијансата на Самитот на младите:

„Војната во Украина покажа дека безбедноста не е регионално, туку глобално прашање. Главната земја што ѝ помага на Русија да ја продолжи својата агресија и војна против Украина во Европа е Кина. Тие се убедливо најголемиот трговски партнер на Русија. Кина ѝ дава на Русија со клучни компоненти за нејзиното оружје, микроелектрониката и напредна технологија што ѝ овозможува на Русија да произведува ракети, беспилотни летала и разни други оружја, што е клучно во војната против Украина“, рече Столтенберг.

Тој истакна дека покрај Кина, клучни партнери на Русија кои ѝ овозможуваат војна се Северна Кореја, која обезбедува муниција и оружје, и Иран, кој ја снабдува Русија со беспилотни летала:

„Затоа идејата дека можеме да ја одвоиме Азија од Европа повеќе не функционира. Ова е меѓусебно поврзано, а ние, се разбира, треба да се справиме со безбедносните предизвици што Кина ги претставува за нашата безбедност“, додаде Столтенберг.

Според него, НАТО има околу 40 партнерски земји ширум светот, додека четири од нив - Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд - се наоѓаат во индо-пацифичкиот регион. Според генералниот секретар, ова партнерство е од особено значење за НАТО.

Столтенберг нагласи дека Алијансата била и ќе остане регионален одбранбен сојуз на Северна Америка и Европа, а членот за колективна одбрана ќе се однесува на заштитата на сојузниците во Европа и Северна Америка. Во исто време, целата оваа северноатлантска област се соочува со глобални закани - во сајбер, вселенски и други домени.

„Не се работи за преместување на НАТО во Индо-Пацификот, туку за Кина и глобалните закани што ни се отвораат. Ја гледаме Кина во сајбер просторот, ги гледаме во Африка, ги гледаме на Арктикот, ги гледаме како се обидуваат да ја контролираат критичната инфраструктура во нашите земји. Значи, сето тоа е важно за нашата безбедност на многу начини“, заклучил Столтенберг.

притисни ентер