ВМРО-ДПМНЕ: Владината коалиција треба да ги поддржи предлог измените на Законот за употреба на јазиците

Владината коалиција не смее да си поигрува со европската иднина на државата и треба да ги поддржи предлог измените на законот од  ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе значат усогласување на Законот за употреба на јазиците со препораките на Венецијанската комисиј

Венецијанската комисија во своите препораки е децидна дека законските решенија ја надминуваат Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Тоа што е опфатено со законот не е европска пракса!

Решенијата во Законот за јазици се неприменливи и го нарушуваат основното право на правично судење во разумен рок. Венецијанската комисија утврдува и дека треба да се ревидира членот 3 кој ја регулира интерната и институционалната комуникација или истиот да се одложи.

Венецијанската комисија препорачува и ревизија на законот секое лице, вклучувајќи ги и оние кои не живеат во локалната заедница да користат друг официјален јазик.

На крај Венецијанската комисија смета дека треба да се сменат или одложат одредбите кои предвидуваат санкции. Од тие причини ние ќе предложиме суштински измени на законот кои ќе го доведат истиот во склад со европската практика.

Дополнително ја повикуваме власта да се води по Параграф 103 и да не ја користи скратената постапка за измени и дополнување на законот, туку расправата во однос на истиот да се одвива во редовна постапка, како ќе може да се исцрпат сите аргументи.

Обврска на власта е да ги прифати предложените измени од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во нив ќе биде преточена европската пракса и препораките на Венецијанската комисија.

Власта треба да ги прифати предлог измените од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи почитувањето на препораките на Венецијанската комисија е услов согласно францускиот нон пејпер за добивање датум за отпочнување на преговори со ЕУ.

Власта да не си поигрува со европската иднина на Македонија и да се издигне над коалициските интереси.

Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

притисни ентер